Денес ни е годишнина од брак. Те запознав толку случајно, за подоцна да се роди љубов и да заврши со брак. Ова е денот кога ме направи најсреќната жена на светот. Баш ми е криво што не си тука, да си ја прославиме заедно. Те сакам.
Сакам да сме сами далеку од сите и сите проблеми да исчезнат. Со тебе и на крај на светот би заминала, така да си знаеш.
Оф леле, нешто ме фаќа нервоза, потребно ми е да ти го слушнам гласот, да те гушнамза да се потсмирам малку, постојано мислам на тебе, ми фалиш многу мое. Ми се беснеее со тебе, сакам да правиме нешто лудо ко секс на јавно место.
Мојата љубов кон тебе беше огромна,неуништлива,длабока,бесконечна,НО ти со твоето однесување и навреди што не ги заслужував ја доведе до нула,никогаш не те изневерив,никогаш не излегов со друг и кога ми се лутеше за глупости по 2-3 недели,а можев да имам и подобар и некој што ќе ме сакаше и почитуваше многу повеќе од тебе,ама те преценив,знаеш,кога сакаш некој си слеп,неможеш да му ја видиш вистинската вредност,неможев да видам колку си нечовек,колку лошо се однесуваш со мене,мислев дека така треба да биде,дека е нормално,ама не,сум била во гооолема заблуда,некој што сака некој не се однесува како што ти ме третираше. Моментално самодовербата ми е на нула,благодарение на тебе се осеќам мизерно,непочитувано,понижувано. Си ми купил прстен,ми велеше сакаш да се вериме,и тоа откако решив да ти раскинам,но како?како кога знам што ме чека со тебе,како кога полека ме уништуваше,ја уништи љубовта,до последна капка,како кога знам дека ќе бидам непочитувана,неценета,како кога се срамиш да ме држиш за раце пред народ,а не си свесен дека сум многу над тебе,кој и да беше со гордост ке ме покажуваше на сите,каков ќе биде тој брак?никаков,уште во врската разни забрани што сама сум виновна што сум дозволила,и кога се решив за крај,кога ја исцеди и последната капка надеж за среќа со тебе,ОП ти се смени на подобро,џабе е веќе се,убавецу,џабе е,ништо повеќе не е исто,јас не сум иста,ме претвори во нешто што најмалку сакав да бидам,повеќе сама неможам да се поднесам,ете,до толку се сменив,на полошо. Сфатив дека колку и да си добра и паметна и убава и примерна,кога некој не те сака ќе ти наоѓа разни маани што ни сама не знаеш дека ги имаш,ете,така беше во нашиот случај,сега е веќе касно за се,колку и да ми глумиш добар,кругот се заврти,збогум.
Ти велам дека ми недостасуваш, ти ми викаш - те разбирам, мило ми е што ми кажа. Дал да плачам ил да се смеам, seriously man?
Рече дека нема да ме пуштиш, нема да дозволиш да се разделиме..па каде си сега? Само се надевам дека си добро и дека успеа да си ги оствариш соништата. И после толку години, се уште треперам при секоја помисла на тебе.
Не си свесен колку си ми во мислите, во срцето и душата. Еднаш ми подари твојата блуза, кажувајќи да ми остане за спомен, си помислив зошто за спомен? кога јас и ти никогаш нема да изгубиме комуникација. Кога стигнав дома убаво ја завиткав блузата за да не се изгуби твојот мирис. Оттогаш ја немам извадено од плакар знам дека многу ќе се растажам. Се уште се надевам дека ќе се јавиш т.с имам пречувство дека патиштата повторно ќе ни се спојат како и во минатото. Чувај се бидејќи јас не можам да те чувам
Помина точно една година од нашиот прв и последен бакнеж. Среќна годишнина, среќо моја. Штета што ја прославуваш со некоја друга.
Беше во право. Или можда со твоето понашање створи ситуација и испадна во право. Сеедно. Не ми е криво. Подобро е вака, барем сега има причина да ми речеш се и да се налутиш и да ме отфрлиш... Ама ти си таков. Баш сега ќе ме сакаш најмногу на свет.