Часови се прашувам, зошто, зошто бегам од тебе, кога си толку близу... Зошто, ете зошто бегам од рацете што во сонот ги барав... и да ме прашаш ти би ти рекла ете стандардно ме повреди ме, ме навреди, никогаш не ми даде љубов, никогаш не беше тука за мене... А себе...ете себе што да си речам...? Како да си кажам дека во тие раце, тие за кој душата ја давав на ѓаволот јас сфатив какви раце ми требаат... Како да си кажам дека душава ми потпукнува под оклопов што го ставив и дека ми треба некој кој ќе го гледам в очи и молчам... Како да си кажам дека сакам пак да му верувам на некој ... Како да си кажам дека „те сакам“треба да кажувам... и со очи на некој да му кажувам дека тој, ете тој и само тој... толку е мојот свет Како да си кажам дека душава сакам да ја отворам и ете некој да види колку се распарало внатре годиниве... Како да си кажам дека сакам косата залепена од грижи на вратот да ми ја тргне некој, со усни милувајќи ми ги солзите што молкум паѓаат... Како да си кажам дека еротика за мене е да ја сокријам главата во нечие рамо и да липам, да излипам се што не можам да променам а сакам.... Како да си кажам дека водење љубов за мене е токму таа рака, кој со „шшшш тука сум“ ме соблекува, убедувајќи ме дека ете не е тој како сите други... Како да си кажам дека чувства во себе имам повеќе од било кога и време е да престанам да глумам камен... Како да си кажам на себе, на оваа јаката, на оваа што може се сама, дека сака некој да се грижи за неа... дека сака косата да ја распостели со своите соништа по нечиј стомак и да дише мирно... дека сака рбетот да го допре до нечија кожа и да почувствува екстаза од припаѓањето на тој здив само... дека сака жена да се почувствува пак... со жар меѓу нозете, со провиден доле веш, со мекост на кожата, со оток на усните... дека ненасит и инспирација сака да бие на некој... дека радост и тага сака да биде на некој... дека блесок во нечии очи да види сака... дека фантазиите што се почесто се плетат лик сакаат.... Како да си кажам дека бегам од тие раце оти е време за љубов...оти е време да се предадам... Како да си кажам дека сум спремна за целосно предавање после мачењето со тебе... како да си кажам кога се плашам од се... Како да си кажам дека за се ова... ете за се ова што не си го кажувам додека бегам од рацете што во сонот ги бакнував... додека бегам од површни сексови.... од празни мигови...од залутани погледи...
Ми се допаѓа начинот на кој допираш до моето знаеш кога и како да ме смириш,ми фалиш, ми се гушкаш... Секоја ноќ легнувам со помисла за убавите денови кои допрва треба да ги доживееме заедно. Биди трпелив , се ќе се среди и ќе биде во најдобар ред, верувај во нас.l:
Ти си мое најмило и најсакано. Мило ми е што имаш и ти убави желби и планови за нас. Се надевам се што си посакуваме ќе ни се исполни на еден убав и магичен начин.
Да знаеш колку посакувам да се разбудам утре и кога ќе ги отворам очите, да бидеш до мене... Ама не, ќе заспијам со твојот мирис на перницава и ќе го чекам денот кога никогаш повеќе нема да бидеме разделени. Многу те сакам, се надевам свесен си.
Набрзо повторно ќе бидеме заедно. Само во твоите прегратки се чувствувам сакано и заштитено. Како мало дете се радувам на секоја наша средба и не сакам никогаш да заврши. Едвај чекам да те видам и гушнам и никогаш повеќе да не се одвојам од тебе.
Не ми се верува каков постана? Мислев дека никогаш не би сменил некои работи но испадна сосема спротивно. Ме збунуваш на моменти па ме оставаш без коментари.... Тотално ми годат сиве овие промени. Биди ми таков секогаш! Знам дека нема да запреш тука.
Се плашам, многу се плашам... Не знам дали сум за ова. Не сум паметна што да одлучам, се губам кога си ти во прашање.
Ти си таа грутка што ми е во градиве ....и ме боли секоја секунда ... Не поминува ... Зошто си толку бездушен , зошто ми го правиш ова ?