Колку пати порешував и велев дека со чувствата за тебе ја открив жената во себе... А пустото тоа траг од жена не било... Таа жена половина зборови само смееше да ги кажува... Таа жена со половина насмевка се смееше... Таа жена половина теми не ги кажуваше... Таа жена од половина соништа молкум се откажа... Таа жена половина тежина фрли казнувајќи се за „грешката“... Таа жена со половина доверба и со бескраен страв од луѓето започна да живее... Таа жена налик на жена само стана... Таа жена ете сега дури без тебе сјаот свој полека почува да го враќа...и животот... и со соништата... и силата во маките...
Пишам-бришам веќе некое време. Безброј работи за кои сакам да ти се заблагодарам, безброј заеднички моменти кои ми изнудуваат насмевка на лицето и кои се вредни да се споменат, тон најубави чувства. Што попрво? Кои би биле вистинските зборови со кои би можела да опишам точно како се чувствувам? Очигледно, сѐ што сакам да ти кажам, се сведува на следново. Те обожавам мил мој! Ти благодарам за сѐ
Spoiler Ме нервираш! Ме нервира твоето коментирање на статуси кај типката без разлика која е и што е , дали ти е колешката од факултет или не знам што! Ме нервира тоа што не сакаш да си признаеш зошто ти раскинала бившата! Реалната и вистинска причина е оти немаш повеќе пари! Девојката бара некој да ја издржува. Усталом како не сфаќаш дека ти исцедила ко лимон и те шутнала, си и купил кола, си и платил карта за да иде на брод. Да те сакала вистински немало да се омажи за друг без око да и трепне за една ден после долгогодишна врска
Кога бев неарен никаде те немаше, а јас пазев влакно да не ти фали. Ете денес пак сум болен баш тогаш не сме заедно. Утре ќе дојдеш од некаде се кога ќе ми биде ок. Кој идиотизам си. Бегај не те сакам
Гладна сум, треба да добијам... Ај иди земи ми еден Бејкон бургер оброк од Ројал, и сладолед. Чоколаден.
И кога ми е најтешко знаеш да ме утешиш и насмееш. И кога сум бесна на сите околу мене и не сакам никого да гледам, ќе ме гушнеш и успеваш за миг да ме смениш. Ти ги кажав работите за кои никој не знае и продолжуваш да ме сакаш. Не ја смени сликата за мене како што многу направија, и оние од кои најмалку очекував. Некогаш ќе бидам среќна, некогаш тажна и во солзи, некогаш лута, но ти пак ќе бидеш причина мирно да заспијам знаејќи дека некому му изнудувам насмевка. Мило ми е што те имам и што ми покажа дека има за што да продолжам.
Колку повеќе ме тестираш, толку повеќе ќе паѓам на тестовите .. намерно. А знаеш и зошто ... Знаеш и кај води ова...
Ми фалиш, сакам да си до мене сега да те гушнам, знам дека само така ќе ми помине се што ме боли и измачува.
Не знам дали да ти преќинам или не. Тоа што го правиш покажува да мислам дека воопшто немаш почит кон мене или било кое женско. Ти воопшто не ми кажуваш убав збор, воопшто не ме негуваш, воопшто не размислуваш како се чувствувам со тие постапки од твоја страна. Како да постапам не знам, нема кој да ме советува и да ми го каже правилното решение, за жал не мислам со мозокот туку со срцето. Се плашам дека ќе страдам по тебе и ќе ти се враќам секогаш. Јас за тебе решив и планини да поместам, за жал тоа од тебе не го дочекав. Се плашам од секој твој следен чекор. Се плашам од празнината во душата што ќе се појави доколку го направам очигледниот чекор. Се плашам од се, а ти воопшто не си тука за да ми ги смириш сомнежите.
Нов ден како ти се немам вратено во животот ти насушен. Од турска серија полека почнува животот мој да наликува на убава драма, фамилијарна, нежна. Направи ми услуга, те молам не се враќај во мојот живот, најди некој друг. Нека ти направи дете, нека те земе... јас морам да продолжам напред, имам дупло повеќе проблеми од твоите но самоубиството не го наоѓам како решение. Ако се самоубиваш поради тоа што ти се скршил ноктот те молам не ме известувај, не ме интересира. Во мојата убава драма не сакам такви сцени повеќе, a турската серия заврши
Ne e problem shto nekogash donesuvash glupavi odluki. Problem e shto chovek ne moze da te razubedi deka greshish
Тешко ми е, има толку многу работи што не ги знаеш, не знаеш што се случува, а си молчам за да не те измачувам , ама пак и сама овој товар не можам да го носам. Ми фалиш,секој ден се повеќе, не можам да заспијам без тебе...што убаво си спиевме заедно, се гушкавме, денот ни започнуваше со бакнеж.... сакам да помине побрзо времево и пак да си бидеме заедно.