Си прашувал за мене... Не знам дали намерно си прашал за да ми кажат или си мислел нема да дознаам. Иако толку време те знам, сепак некои постапки не можам да ги проценам. Прашај ме лично мене...Прашај ме како сум...Прашај ме што правам...Прашај ме што има ново...Не си свесен што се имам да ти кажам, да споделам со тебе. Или сепак не. Подобро е вака. Колку време помина ама и ден денес кога ќе те видам онлајн на вибер, осеќам нешто во стомакот. Кој и да ми пише, мислам ти си пишал....Кога слушам звук дека ми стигнала порака, мислам ти си пратил. Но ќутам и се воздржувам. Го земам телефонот и го враќам...Влегувам на вибер...Излегувам... Ќути и ти...Потајно сакам да ми пишеш макар и по грешка, ама вака свесно не треба да имаме контакт. Фала што си прашал за мене...Добра сум...Ќе ни помине на двајцата.
Додека ти долу си се забавуваше со таа дрољата што ја има поминато пола град, јас од горе како кралица те гледав и во лице ти се смеев. И фала за роденденската честитка "да си најдеш некој најубав", таков и заслужувам, а не некој лигуш како тебе.
Зошто си одиш? Баш сега кога се се среди? Можеби таму во Канада ќе најдеш некоја подобра и ќе ме заборавиш. Сепак е многу далеку. Ќе ми фалиш многу. Ти си најубавиот и најдобриот дечко што сум го запознала до сега..и така и ќе остане.. Можеби ќе се видиме некогаш и некаде, дали ќе ме памтиш тогаш. Јас никогаш нема да те заборавам.
Жал ми е .... Но од друга страна и не ми е жал.... Дали изгубив или добив времето ке покаже .... Ожени се слободно , нема да ти честитам , знаеш јас сум искрен човек кои мрази лицемерие и лажни зборови и затоа нема да ти честитам дека ти посакувам со дрољата све најубаво .... Таа мала грутка во градиве ке исчезне еден ден.... Си заминувам на друг континент , никогаш нема да се видиме .... Проклето не можам да се поднесам што мислам цело време на тебе , некогаш се мразам ... Но еден ден ке помине ...Се ке помине... Еден ден ке биде подобро ....ова го велам скоро секој ден....
Сакам уште еднаш да ти лежам на гради и да ти го слушам отчукувањето на срцето. Можеби поради фактот дека има дел од мене таму, ќе соберам храброст да ти кажам дека не можам повеќе. Самата се повредувам што останувам во контакт со тебе. Постојано ми влеваш надеж дека може да се вратиме на старото, а знам дека и да се смириме, никогаш нема да е исто Не знам дали си свесен дека се заљубив повеќе во твоите мани отколку доблести и иако сега си ми сладок, понатака нема да бидеш. Само сакам да ме гушнеш силно како што знаеш и да ти кажам дека успеа да ме скршиш како никој друг пред тебе. Затоа и толку ме болеше раскинот овие месеци, затоа што те засакав повеќе од што требаше. И наместо да прекинеме со разговор, продолжуваме по старо. Јас не можам да бидам другарка со човек што го сакам. А тој човек утре ќе биде со некоја друга, а јас повторно ќе бидам повредената. Прекини со односот, те молам Јас не сум доволно силна, ама биди ти Ако барем нешто ти значам престани да ме бараш и дозволи ми да запознаам некој друг и да бидам среќна
Се што правиме сами си правиме. Не сакам да молчам дека ми недостигаш, не го негирам тој факт. Не сакам да кријам дека ми текнуваат луди работи, се плашев да се препуштам. Напротив бегав од себе си, не избегав од тебе ти се доближив. Се што правев правев и правам од срце,свесно и достојно. Не барам и не сакам ништо. Јас верувам во тебе, во нас. Ми фалиш, сакам да ме гушкаш, а јас да се ежам велејќи дека ми е ладно... Да ме смееш..ми недостигаш.
Да имам. бар една прилика , да те видам .... Ке те гушнам , ке те стегнам со сета сила , и ке заплачам на цел глас .... Да останеш без здив .....
Неописливо ми фалиш! Имам нагони да го фатам првиот автобус и правец Белград. Само минута ми треба со тебе, да се смирам и да се вратам.
Ме крадат пред твои очи, а ти не правиш ништо. Дури ми викаш да одам на дејт со него, а јас и ти да си останеме другари, не сме биле исто ниво, вака си било најдобро. Важи, знам дека ме сакаш, но ете чим и тебе не ти е гајле и си кукавица, а јас сум била недостижна за тебе, се договорив, ќе излезам со него. За првпат после тебе осетив хемија со некого... Се надевам дека ќе биде подобар од тебе, иако се плашев поради твоите грешки и не сакав да му дадам шанса. Немам емоции и зоолошки у стомак ко со тебе, но сепак имам чувства, чувства кои полека ги затрупаа тие кон тебе. Ова ќе биде последно напишано за тебе, што од почит кон новата личност што и давам влез во мојот живот, а и бидејќи срцето ми вика дека е готово, заврши се. Ќе те памтам како некој убав спомен, сепак 2години ја убивам оваа љубов, но прва беше, ќе ја паметам затоа.
Што би и кажал? Материјалистка си и површна. Потекнуваш од релативно добра фамилија од каде тој твој ген?
Не знам што би ти кажала, а веќе не знаеш... Се топам кога ме набљудуваш додека се шминкам. Секогаш кога на врата пред излегување ќе ме пофалиш колку сум убава, а јас преку насмевка ќе ти кажам да го мрднеш г'зот зошто доцниме. Сакам кога се бркаме по скали кој прв до долу или горе... кога се смееме без причина ко шашави, па дури и обожавам кога се трудиш да ми дадеш до знаење дека ме слушаш, а уствари во себе веќе си заспал од моите бла бла бла муабети, ама никогаш нема да го признаеш тоа. Сакам кога ми го нудиш целото внимание одново и одново. Сакам кога ме прашуваш дали ми се допаѓа тука и дури пред да ти одговорам ти веќе си ми кажал дека ти ќе сториш се за ниеднаш да не се почувствувам осамено. Сакам кога заедно гледаме во зеленото море. Кога заедно планираме и сонуваме. Кога ме гледаш во очи и ми ги стискаш дланките во твоите. Сакам што ни е ужасно убаво и уште дотолку ме ужаснува помислата да не тргне нешто наопаку и за миг да го изгубам сето тоа...
Ти благодарам што си тука за мене и после се што ти имам сторено што го прифати моето извинување и што ми помогна и не бераш ништо за возврат, никогаш нема да ти ја заборавам добрината иако веќе не одиме, тука сум за тебе секогаш човече златно
Извини, но не оди тоа така кај мене. Намерите ти се добри, барем така проценив, но до мене е што да правам.
Треперам од помислата дека наскоро ќе бидам во твоите прегратки. Фала ти, што се бориш за нашата врска. Ветувам, ќе ти бидам најдобра девојка.
Оооо колку те сакам ... Душава ме боли , ме изгореее ... Само што ке помислам на тебе солзи сами си течат.... Си велам дали е можноо ова Божееее , дали е можно да е конечно крај?? Како ке живеам јас помантаму ??? Јас живеам но секојдневно умираммм , умирам се гушам ,ме боли душатааа . . Да душата ми предизвикува физичка болка , брутално ме убива , ме корни ... Што толку ти згрешив Боже ? Ме уништи ! Не верувам дека ке се опоравам некогаш ... Ке живеам сама , не сакам друг.... Ке го поминам остатокот од животот повлечено и во тишина ....