Ај не ми води инает... Признај убаво дека и овој пат сум во право и дека секогаш излегува онака како што ќе речам.
Кога ќе се присетам колку недели, еве вакви, глупи недели сум те чекала... Кога ќе се присетам колку недели, еве вакви глупи недели во самотија сум го оребарувала неуморно твојот лик... Кога ќе се присетам колку недели, еве вакви глупи недели додека си уживал, ликот ми се грчел од болки... Кога ќе се присетам колку недели, еве вакви глупи недели сум се убедувала дека заслужувам игнорантски однос и болка, оти сум грешник голем... Кога ќе се присетам ти велам фала, фала , зошто ме научи како заслужувам да бидам сакана и почитувана ФАЛА ТИ!
Не го уништувај и тоа што остана.. остана многу.. Недоречени зборови.. Прегратки еден куп ... Спокојот мој .. Не го уништувај.. Ме боли.. Немам сила за да издржам.. не можам сама..
Ти си единствената личност што ми е потребна сега и засекогаш. Ако нешто морам да направам за нас тогаш морам да успеам да се изборам за таа позиција што е единствена добра за нас двајца и за нашата иднина. Посакувам времево да помине побрзо само за да бидам повторно во твојата прегратка, да те гушкам, да те имам до мене. Ми фалиш многу.
помислуваш ли на мене, не мора да чувствуваш нешто ? Дали ти текнува на мене? Дали некои работи те потсеќаат на мене? Дали?
Колку си само убава, нежна, привлечна, мила, посакувана, сакана, колку само лесно ми влезе под кожа, ти си првото нешто на кое што помислив утрово.
Сакам да ти кажам дека сум крајно разочарана од тебе како личност. На крај сепак испадна голем идиот. Разочарана сум од тоа што ти верував на тебе, верував во тоа како се претставуваше ти, тоа ми се допадна, можеби и помалку се заљубив во тебе, всушност во лажната претстава што ми ја даде. Знам дека не ти е нималку грижа што мислам јас за тебе, но морам да ти кажам дека твоето однесување не го очекував ни во најлоша прилика. А толку многу ми должиш, разговори, објаснувања, извинувања. Знаеш ли колку прашања ме мачат во врска со тебе, на кои самата се трудам да им дадам одговор но не можам, не бива, не ти ја сфаќам целта и психологијата. Уште од почетокот си играше топло - ладно со мене и благодарение на тоа не очекував ништо од тебе и секогаш кога се откажував од тебе ти се враќаше и се наметнуваше во моето секојдневие, со премногу емоции, наивен поглед и извинувања, но со секоја шанса што ти ја давав знаев дека се осудувам на очајност и нервоза. И ЗОШТО ЗОШТО ЗОШТО илјада пати ЗОШТО, зошто ме опсипуваше со почит и внимание, и на крај зошто пак заминуваше па пак се враќаше, зошто во еден миг не сакаш да се одделиш од мене а веќе во друг си ладен и недостижен. И зошто се претставуваше како толку добар, наивен и светец кога и самиот знаеш дека си голем идиот, зошто упорно за тебе кажуваше лаги, зошто се трудеше привиот впечаток да биде фантастичен кога знаеше дека крајот ќе расипе се. Зошто почнуваш нешто кога не си сигурен во тоа или зошто започна нешто со мене кога веќе имаше започнато со друга, зошто додека ми велеше дека јас сум единствена која те разбира и дека ќе се бориш за мене им се пушташе на сите други? Јас доцна сфатив дека сум меѓу последните на твојата листа, но за разлика од првите јас секогаш ти бев достапна, додека тие немаа време за тебе. И касно сфатив дека ти си манипулатор а јас толку ти верував. А премногу ме боли и ме пече кога некој на кој му верувам и некој кој ми значи да ме лаже, е тоа од мене прави парампарче. Знам дека ништо ама баш ништо од тоа не те засега, но толку ненадејно беше твоето оладување што додека јас сеуште литав во облаци од среќа ти реши да оладиш а јас доцна се свестив. И те чекав и уште те чекам да ми пишаш или мошеби да ми се јавиш да разговараме и да ми објасниш еднаш за секогаш која е твојата цел но те нема, а мене ми останува само да се прашувам ЗОШО.
Дури и градот е премногу студен откако тебе те нема, а јас често поминувам кај местото што порано се чекавме сеуште се надевам дека случајно ќе се сретнеме секој ден ми фалиш, чувај се
Се плашам .. Од тебе .. Од твојата реакција .. Од себе .. Се плашам дека ќе те изгубам засекогаш ... да те имам макар како пријател ... доволно ми е .. И животот ќе го дадам само да знам дека ќе си среќен .. Ех да можев да бидам со тебе засекогаш ... до последен здив .. И ништо друго не барам .. доволно е ..