Навистина сум си одбрала добар, ма не добар, ами прекрасен животен партнер...не знам пред 10 години дали вака сум те доживеала или проценила или сум идела на жими мајка (ако уопште сум размислувала!!!) Али признај, сум направила добар избор со тебе
Навистина ми беше тешко денес така да те гледам,а не можам да ти помогнам.. Да можам малку барем од болката да ти намалам. Ама ќе помине,за твое подобро е мило,мораше и тоа да се направи. Првите два дена се најтешки,издржи само. Те сакам и те мислам постојано
Знаеш што си ми ти? Моја најголема љубов. Моја вечна борба помеѓу срцето и разумот. Мој прв дечко. Мој прв бакнеж. Моја прва болка. Мој вечен непребол. Моја црна љубов...
Уште само некој саат дур се видиме. Преплашена сум појше него првиот пат коа требаше да се видиме... Не знам зошто ама дури раце и нозе ми се ладни, осеќам чудни чувства. Шо и да биде знам дека пред се ќе биде интересна авантура пошо дома излажав дека ќе идам со другарка и одма станува се поавантуристички. Уште ми викаш ќе си се чекаме на нашето место. Зар и наше стана. Ќе видиме вечер што ќе биде со нас ама имам трема.. ти си ми опуштен тип гајле немаш, па и истрениран си, малце ме погаѓа тоа твоето минато шо е занигде ама ај ако не влезам у работава нема да знам што ќе биде и уште покриво ќе ми беше. Чим ти давам шанса, добро да си ја искористиш, нема секој ваква прилика ко тебе. Си влегувам со рака у оган по сопствен избор ама на тип ко тебе тешко дека некоја нема да “падне“...па и да згрешам и да ме повредиш, тоа е тоа, го прифаќам ризикот и сакам да пробаме да видиме како ќе иде. Осеќам, ќе бидеш мојот хаос во животот.
Мислев декa случaјнo ќе те сретнaм нa местoтo кaде штo пoрaнo се чекaвме, нo згрешив. Те сретнувам сaмo вo песните, a се нaдевaм декa некoгaш ќе те сретнaм и вo сoнoт. Дoбрa нoќ се нaдевaм декa си дoбрo, чувaј се.
Барем дај ми сон навечер. Не ми го земај и тоа. Не можам да се помирам со тоа дека уште ми го диктираш расположението. Оди си од срцево. Те молам.
По цела недела помината заедно, заспивајќи во твоја прегратка, страшно ми недостигаш веќе денес, а што ќе правам уште седум дена? Чувај ми се и врати се со истата насмевка со која се разделивме.
Знаев дека вака ќе заврши. Затоа и си кажав на себеси дека свесно одам во оган. Знаев дека си факбој. Уште и без срам ми праќаш снепови, а на чет после видувањето ни порака. Ѓубре. Моеше едно како си да прашаш по таа траума шо ја преживеав со тебе. Знаев бе ама ако ете да си знам другпат интуиција да ја слушам. Имаше други планови, малце ти ја сјебав вечерта, па и глумеше навреден. Дали ти личев на некоја лесна, за една употреба, за не знам шо. Па и ми викаш дури 2 пат се глеаме, првиот пат бев многу уморен и брзо си отидовме ама еве сеа да надохнадиме. Молам?! Цел месец време ми трошеше по четови, нетот си го сјебував за тебе, не спиев чекајќи порака. Дури ме тешеше за старите повреди, ама среќа што сум имуна од претходно, па не се повредив овојпат, а и направив се што можам за да не се заљубам и да делувам со мозок, а не со емоции. И тој глупиот ти лигав и насилен бакнеж на сила , кој бакнеж бе, 4 секунди беше тоа, беше ту мач. Глумеше факбој за на крај да не знаеш ни да ме бациш ко шо треба, штета еј... Ми се повраќа од тебе, знаеш вчера цел ден ми се гадеше, неам јадено ништо...па и кога осетив дека трујам на твојот одвратен јак парфем утредента....Не се осеќам искористено, напротив ти остана искорпан, шо убаво те заебав, не го доби тоа што го сакаше. Имаш сестра, еден ден може ќе имаш и ќерка, се надевам нема некој вака ко тебе да им прави. Се надевам ни на улица нема више да те видам, а не па нешто друго.
Готово е...ни убавина повеќе во тебе гледам,ни желба за средба имам....многу сакав да успееме ама и желбите имаат рок на траење....штета
Кога помислувам на седумте дена поминати на преубаво место, не можам, а да не си ја замислам иднината со тебе. Ако се' биде како досега, би била најсреќна. Како што јас станував прва и ти подготвував кафе и доручек, притоа грижејќи се да не го испиеш на гладно, а ти ми помагаше да ги наместиме креветите... Како што јас знаев да те изненадам со ладно пиво и од тој гест да бидеш толку трогнат, па да ми купиш благо. И како што запомни која шолја ми остана во сеќавање, а се двоумев ради цената и кога сосема заборавив на неа, ми ја донесе како подарок. Секогаш велев дека далечината е тоа што ме убива, ме прави нервозна, зашто кога си до мене сум друга личност. Подобра, посреќна, посмирена. Биди со и до мене, засекогаш. Те сакам! А да, и дојди си побрзо, ужасно ми фалиш!
Сакам сега да те грабнам и да те однесам некаде далеку. На некој пуст остров. Само јас и ти. И една куќичка на дрво . Далеку од се и од сите. Да заборавиме на се околку нас и да постоиме само ние двајца
Пак треперев, пак горев... Пак бев твоја. А реков да не ми излегуваш на патот. Зашто пак би тргнала по тебе. И тргнав... Живот, шта чеш...