Те чекам знаеш. Чувствувам дека и ти истото го правиш како мене, чекаш, даваш малку време. Ма ајде, кому ми треба чекање. Побрзај.
Те сакам најмногу. Знаеш зошто? Затоа што знаеш да ме насмееш и кога не ми се смее. Затоа што ме гушкаш и ме сакаш кога најмалку го заслужувам тоа. Затоа што секогаш си тука за мене. Ти си мојот живот...
Ти благодарам на поддршката, многу ми значи тоа што веруваш во мене и моите способности и што ме охрабруваш. Без тебе не би била толку храбра. Ти ветувам ќе се потрудам да бидам успешна, ќе се борам со сите сили да си ги оствариме соништата. Ми фалиш секој ден се повеќе.
Сеуште спиеш на тоа уво, со твојата глума нема ништо да постигнеш... доволно долго се знаеме... те читам како буквар... Ајде и вирусот ќе помине
Мило ми е што постоиш. Среќна сум што те познавам и што си дел од мојот живот. Без тебе не би била комплетна
Другарчеее јас те сакам.Прекрасно ми е кога на последниот час ке ми текне дека ме чекаш па трчам до долу хахах те засакав бе навистина знам дека ми беше другар и се ама ти си крив што си најубаво суштество на овој свет.Прекрасно ми е да те гледам и да ме гушкаш и да се губам и да ми се смееш за моето учење и моите проблеми да ми пишуваш на часови дека те испрашуваат,да ме чекаш пред гимназија да се сликаме сите ние од старото основно да ми зборуваш за тоа како некој те мрази..А само да знаеш дека твојата најслатка другарка и твојата блонди се затреска во тебе...а мислев дека нема да те гледам на тој начин
Не знам зошто, ама од мисли не ми излегуваш. Кога те забележав во таа гужва, тоа беше љубов на прв поглед. Но, погледите си останаа на тоа место, насмевките исто. Ти си сега толку далеку, јас сум онаму каде што припаѓам, а нашето градче остана пусто, со секојдневната монотонија која ти ја разбиваше. Ќе дојде зима и двајцата ќе тргнеме на пат, на нашето место, во таа гужва, нека не бидат само погледи веќе. Крајот на летото го паметам по тебе, камо да го знаеше тоа
Рекле кој не се плаши, добива. Осеќам нешто, иако ми си непозната аспирација. Нешто ме влечи, нешто длабоко, притоа копнеќи длабочинава во мене да биде исполнета, исполнета и тоа до својот максимум.
Мојов не потеква, ама му се суши кожата од мачки и му пука и .... ама .... му го пуштив видеово да си знај.
Ја претера, ја претера до немај каде, од такт ме вадиш, не даваш мир, не даваш ни да бидам со некој друг, како понатаму? Шо ќе прајме вака? Ајде биди маж и дојди, да не дојдам јас па да видиме шо понатака...
Кога реков дека си најубавото нешто што ми се случило, тоа и го мислев... Не требаше да оставиш самата да се борам со своите демони... сеуште ја немав таа сила за да ги победам...
Толку време на тебе изгубив,толку празни зборови слушнав,толку ветувања прекрши,толку пати свесно зборот си ги прегазив за тебе...ти дозволував да ме лажеш се свесно ти дозволив....ама да ми кажеш дека јас сум виновна за тоа што не успеавме нема да дозволам...толкава себичност немав видено ама готово е остани во минатото за тебе само таму имам место...
Најголемата разлика меѓу нас, која константно ми прави фрки во глава е мојата претерана емотивност, наспроти твојата рационалност. По толку убав период и толкаво зближување, ми недостигаш до болка, првиот ден без тебе плачев...исто и денес. И затоа, сакам да ти бидам прва мисла наутро, сакам да посакуваш да ми го чуеш гласот подеднакво како јас твојот. Но, наспроти тоа, ти умееш да се фокусираш само на тоа за кое си дојден, до секунда го трошиш времето да ја завршиш работата, зашто немаш друга шанса и како и секогаш, се исклучуваш од се' останато. А јас... само копнеам да чујам "те сакам" или "ми фалиш" или "мислам на тебе", но нема, ќе чекам да се вратиш и да ми покажеш на дело. Ние никогаш нема да бидеме исти во тој поглед и таа ми е најголемата болка.
Само да знаеш колку си сакан,само да знаеш колку ноќи ми поминале во болка и копнеж по тебе,само да знаеш колку себично ги чувам и најмалите наши спомени,само да знаеш колку се плашам дали некогаш ќе засакам некој друг толку силно како тебе... Кога би го знаел сето ова,се би било поинаку,или сепак не???