Ќе пробам да издржам само заради нашите планови и желби,за да немораш да го носиш сиот товар ти самиот... Мислам се ми е полесно штом заспивам и се будам во твоја прегратка
До толку ја претера кога се каравме и ми кажа дека сум без мозок,а јас му кажав дека да имав мозок немаше да сум со него,досега никако не сум го навредила а заслужил и овој пат претера и ете го се лути,свесна сум дека претерав и тоа многу.
Ти,спомена тема за сексот како позитивно влијае на телото и оп те снема се јачиш преку нет. А овој што нема шанси кај мене- ти, не се откачуваш за жива глава. упорен до таван ццц не се разбираш од збор
Ти си ми отров и лек во исто време. Не знаеш дека од тебе 1000 пати се отрув и уште толку пати воскреснував од пепелта како феникс. Види ме сега,лутам без да знам каде да одам,после тебе сечија прегратка ми беше тесна,сечиј бакнеж горчлив. Оваа самотија ме убива,дојди излечи ме,само ти си лек за мојата болест...
Ти си најдобриот сопруг на светот. Од ден на ден се повеќе сфаќам колкава среќа имам што те имам. Јас, ти и нашето ангелче среќни и исполнети. Сите проблеми во споредба со нас изгледаат толку мали. Тоа е затоа што ние сме големи и цврсти. Те сакам бесконечно.
Абе човеку убав. Татко над татковците. Кога ќе сфатиш дека ние сме само една боемска песна која утре нашите деца ќе ја пеат по кафаните...
I miss you. Нели ќе беше поубаво вечерва да бевме заедно наместо двајцата на различни маси со различни луѓе.
Знам дека вчера дојде до пред мојата училница само да ме видиш.Ме изненади твојата порака на сред час кога ми кажа да излезам.Зошто дојде?Објасни ми веќе,зошто останавме јас и ти?Зошто си замина на пола пат,зошто јас си заминав сама?Знам дека знаеш колку те сакам знам дека е многу погрешно...ама зошто сепак доаѓаш хахах зошто трчавме до надвор зошто се сликавме,зошто ме гушкаше повторно?Имам еден куп прашања...И знам дека вечер пак ке дојдеш
Со тебе научив како лесно да стасам до оние простори до кои не сум умеела да стигнам никогаш претходно, а всушност гледам како цело време ми биле на дофат...кој да ги види.
Јас не бев девојка за тебе. Се не делеше. Физички изглед, карактер, финансии, погледи на светот, планови за иднина...се. Но, кога бевме заедно се ова ни беше небитно и уживавме. Затоа ми остана мил. Никогаш не се скаравме, Никогаш не се навредивме. Мислев дека ќе се прилагодиме еден на друг, но не успеавме. И си тргна секој по свој пат. Сега гледам среќен си со моја другарка. Ако си навистина, нека ви е се најубаво. Ако не си, не биди со неа по секоја цена. Ти си специфичен човек. Не мачи се со неа. Ќе најдеш друга која те заслужува. Ќе си ја најдеш среќата. Сакам ова да можев тебе да ти го кажам, но ќе ме сфатиш погрешно. Затоа и не те побарав сето ова време. Но, понекогаш ми недостигаш, самобендисано детиште мое...
Spoiler Сакам се ова да е само сон... сакам да се разбудам и проблеми да не постојат... те сакам и ти припаѓам само тебе...