Се појави кога престанав да верувам во љубовта. Правиш се за да ми се приближиш, но јас сум толку несигурна, мислам дека секој збор е лага, се сомневам во се. Прости ми ако грешам, но ми треба време да почнам да ти верувам.
Во средно со нетрпение чекав Понеделник за да ги со видам симпатијата и мене ми беше најубав без разлика што велат другите. Денес со нетрпение чекам викенд, Петок или Сабота за да си уживам во твоето присуство. Во текот на целата недела ништо не ми е помило од твојата насмевка и од твоите полни усни, и начинот на кој ме гледаш. Од секогаш сум го сакала погледот твој. Како ептен да ме посакуваш. Еднаш некој рече нема топлина во сини очи и во такви светли... заедно моите и твоите најтемни на цел свет можат цела галаксија да ја стоплат. Сакам кога перницата мириса на тебе и кога мојата кожа мириса на допирот и парфемот твој. Во прегратката твоја заборавам се. Омилен ми си засекогаш.
Кога се расправам со тебе чинам се спознавам, верувај па гласно го изговарам се она што сама не сум си го признала тркајќи се со животот секој ден. Кога се расправам со тебе чинам сама со себе се расправам, па си удирам од глава се што сум премолчела а не требало, се што сум сакала , а не сум добила. Кога се расправам со тебе тивко дознавам дека љубов за тебе сум немала зошто слободата скратена ми била. Кога се расправам со тебе јас дознавам ддека никогаш не би ти кажала ништо, дека никогаш љубов со тебе не сум водела навистина и искрено, дека никогаш не сум била јас , јас туку некоја твоја креација испреплетена од стравови и правила. Кога се расправам со тебе јас дознавам дека љубов, а бе љубов ич тука немало за миг, а не за живот цел. Кога се расправам со тебе уживам и се спозавам верувај....
Се што правам е поради тебе ... Кога чувствувам слабост, пред мене се појавува твој лик и друга личност станувам.Како капка вода си ми битен, Да не си ти не знам како би го преживеала лудилово што ми се случува.И мразам што е така,Мразам што си ми толку потребен.Нестварно ми е , навистина...Не е лесно да очекуваш дека секој момент гранката на која се држиш ке се скрши. Многу работи сакам да ти кажам, на многу места сакам со тебе да отидам..
Зошто ми го правиш ова? Поминаа цели 2 години и ништо не се промени. Ја пронајде неа а сеуште ме гушкаш така силно. Повторно си замина, како и секогаш, но јас нема да превземам ништо. Долго те немав видено и да доволно ќе беше да речеше се гледаме за неколку месеци, но ти секогаш така правиш, гушкаш силно, ме бакнуваш во образ и будиш нешто во мене. Биди со неа и почитувај ја, таа е најмалку виновна.
Ех бе кога ќе ми текне претходниот роденден како си го прославив..Јас и ти, плажа, вино, свеќи.. А сега ни да се јавиш, ни порака да пишеш, да ми честиташ... Ама тоа е, многу работи се сменија во оваа една година, а и ние веќе не сме истите.. И еве, истиот ден, истото време, само тебе те нема до мене...
Овоаа година како и ланската-мојот роденден го ,,славам,, сама само што оваа год.ке си напраам торта. Сега само се надевам да ми пишеш..Може че ме изненадиш. Сигурно залудно се надевам. ммм сакам желба да замислам на тортава, но нема да е за тебе!
Не ја толкувај погрешно мојата љубезност,нема тука шанси за нешто друго. Многу добро знаеш дека сум зафатена,среќна и исполнета. Не знам зошто воопшто ме гледаш на таков начин и упорно излегуваш пред мене. Пред неколку години совршен ќе ми беше,баш мој тип,неволја. Ама вака... Речи здраво и продолжи си.
Офф беее мислиш мене лесно ми е? Мислиш јас сакам да е така? Абе и ова ќе помине ама дури да помине нерви ќе искине...
Si zamisliv zelbicka na tortata ti da mi bides sreken, a ne jas ... Bez tebe sigurno nema da bidam nikogas, zatoa ti bidi mi kaj i da si i so kogo i da si
Ме сакш ти со зборови.... Знам дека не ти е сеедно во врска со меме и никогаш не ќе ри биде, ама празни зборови душо не ми вредат... Ми треба некој што ќе е тука за мене, низ лош период минувам, ми требаат дела не зборови.... Зборовите веќе не ме утешуваат...
И за крај останавме на едно тивко "ајде" секој на своја страна. Без поздрав, без збогум, без поглед...