Не ми е лесно да го гледам тоа.Не ми е лесно кога стоиш до мене а таа доаѓа кај тебе.Не те губам како пријател ама не можеш да ја убиеш љубовта во мене.Знам дека заврши со неа ама сепак ми е тешко.Секој ден се повеќе и повеќе се заљубувам во тебе.Сега сваќам дека пред тебе не ни знаев што е љубов. И да те лажев денеска ти реков дека за другарка останав,губев 2 часа но останав за да те видам тебе и никој друг.
Прееска се возев во автобус и замислена гледав низ прозорецот и на другата страна од улицата те видов тебе,и се насмевнав самата со себе,убаво ми дојде што те видов макар и од далеку. Те немав видено од март или април. И не знам дали е ова љубов,ама во овај доста стресен период за мене добро ми дојде да те видам. Знаеш што ми иди на ум цело време? Сакам да ти кажам колку ми е тешко и лошо,да ти кажам се што ми натежнало и ме гуши сите овие години,и знам дека после ќе дишам слободно и поопуштено,ама не можам и не смеам,не го отворам минатото,нема да вреди. А ти,ти ионака никогаш нема да дознаеш колку беше сакан,те сакав ужасно многу,и ќе излажам ако речам дека барем мало делче од срцево не те сака сеуште
Те сакам иако не сме заедно официјално.Еден ден знам дека и тоа ќе биде. Ќе имаме наш дом, ќе бидеме семејство.Можеби требаше од почетокот да те побарам, но избрзав. Важното ми е што си среќна, што се смиривме, што вечерва ќе те барам. Убаво ми е кога те гушкам, кога се сеќавам на нашите спомени. Ама најсигурно се осеќам кога ќе ја ставам главата на твојот скут а ти ме галиш, ме заспиваш. Тогаш сум немоќен.
Она кога си сингл и ниеден асален да пише барем...А од моментот кога си зафатен те бараат сите,првата љубов,Бред Пит,Кристијано Роналдо и сите кои некогаш ти се допаѓале
За речиси една година се навикнав на секој момент со тебе. Сфатив дека ме исполнуваат дури и најмалите, моменти. Обожавам кога по разделувањето ќе почувствувам дека косата ми мириса на твојот парфем, кога ќе видам дека си ми купил од омиленото чоколадо, дури успеваш да ме насмееш и со твоите најглупави шеги. Сфатив и дека не постои совршена личност чија причина за насмевка ќе бидам јас, но од некој како тебе подобро и не би можела да побарам.
Ги чувам ноктите на рацете долги, за во најубавиот наш момент да ја осетиш болката која ти ја предизвикуваш тогаш кога јас најмалку ја очекувам и посакувам...
Тешко е.. Тешко ми е кога ти е тешко.. кога нешто не ти оди ... кога си тажен .. кога не можам да влијаам врз тоа .. Потешко ми е кога се откажуваш лесно од се .. кога не сакаш да се бориш до последен здив .. кога однапред велиш дека е изгубена битката .. Најтешко ми е кога не ти е гајле за мене .. а всушност знам дека ти е .. или само се залажувам дека ти е, кој знае .. Колку и да е тежок денот, едно - "како си" нема цена .. затоа што само тебе можам да ти кажам како сум, без да си ја ставам маската на лице и да глумам среќна .. Само тебе можам да ти кажам дека денес сум завршила на инфузија, затоа што дома ќе кренам паника ... само тебе можам да ти кажам што и колку ме боли, затоа што на другите не им е гајле .. А сепак .. твојот поглед станува се подалечен .. твоите бакнежи се поладни ... твоите прегратки се поретки .. Ако ме допреш нема да се скршам, без разлика колку сум ранлива .. Јас сум борец ... борец за туѓите битки. За себе не знам да се борам .. а можеби и не сакам, можеби не можам, уморна сум после сите овие години .. Но сепак .. дозволи ми да ги водам твоите битки со тебе ... заедно нели бевме посилни? Не е важно ... како и секоја вечер и оваа ќе легнам прашувајќи се што ти се мота во глава .. и по 100 години, за мене ќе останеш вечна енигма .. И можеби така е подобро .. додека сеуште сме во добри односи..
За 24 дена ќе си дојдеш... Едвај чекам... Не можам ни да спијам повеќе... Едвај чекам да те гушнам,т.е.гушнеме и нашите малечки те бараат. А знаеш како чувствувам од оние пеперутките во стомакот кога се вљубуваме,кога првпат се гледаме... Уф.ете така ми е. Премногу ни недостигаш....
Не си свесен колку ми требаш сега.Да ме гушнеш,да ми зборуваш,да се смееш...Тешко ми е ама никогаш нема да се откажам од тебе и од фактот дека те сакам па дури и да умирам од болка.
Многу ми е убаво со тебе, но стравот дека ќе ме оставиш е преголем. Можеби не сум совршена како нејзе, но те сакам.Се надевам дека ти е убаво со мене, дека си искрен, дека ќе успееме.Навистина тоа го сакам.
Приметуваш... гледаш..изразите, говорот ти кажуваат.. се оладив знаеш и сам зошто.., а пак ме прашуваш - зошто? Затоа...знаеш Ти многу добро, зошто? Доста ме кривиш мене, кога знаеш дека сам си крив за Се!
Го сакам начинот на кој ме гледаш со твоите закосени очиња, толку заљубено, толку најубаво. Најубаво би било секој ден да се будам со цврста прегратка и со галење во кревет, додека ги бакнувам твоите полни усни. Голема љубов е оваа нашата и знаев дека ќе биде уште првиот пат кога се запознавме. Се сеќаваш ли како ме прегрна и како ми се насмевна. Се стопив тогаш од убавини. Ме шокираш и со зборови, со тие најубавите кои никој пред тебе не ги кажал сериозно. Чувај се за да си се сакаме
Денес ти е роденден, но нема да ти честитам. Ништо во врска со тебе повеќе не ме интересира. За мене си обичен странец, ништо не ми значиш. Секој ден проверував дали си онлајн на вибер, но веќе не, сеедно ми е.
Не знам дали има океан кој тежи толку колку што те сакам тебе. Те обожавам бре шашаво мое. Ме правиш среќна. Знаеш што точно да кажеш секогаш кога јас збунето се борам со моиве мисли. Знаеш што точно да кажеш секогаш кога мене ќе ме нападнат сомнежи. Кога ќе ми недостига инспирација и верба. И тогаш ти... без ронка сомнеж во гласот ќе ми кажеш дека јас и ти се можеме и џабе се нервирам. Јас и ти навистина се можеме! Ех кога само и би можела да ја изљубам таа најубава насмевка секогаш кога ќе посакам.
Ми фалиш премногу, едвај чекам да поминат овие месеци...Депресивно и празно ми е без тебе, со тебе се ми има посебно значење ❤ Како ќе издржам....Тешко е.
Утре 1ви Октомври. На 20 ќе си дојдеш! А на 18 ти е роденден.. Ајде ќе си прославиме кога ќе се вратиш, таман и за нашата дата. Дупла среќа Едвај едвај чекам да се видиме, доооолго не сме се виделе љубов Само ти чувај се злато. Да ми се вратиш жив и здрав. Само тоа сакам Едвај чекам да ти се фрлам во прегратка на аеродром