Ми фалат твоите совети. три години веќе како немам ниту еден од нив. И да побарам знам нема да добијам зошто твојата принципиелност е појака од се што ние бевме..
Не те сакам повеке .... Но , ти посакувам 4 керки И во секоја од нив да ја гледаш болката и неправдата што ми ја нанесе
Ти си кретен и тоа од оние најголемите. А јас сум една обична глупачка која е немоќна да се избори до крај да те исфрли од срцето и од мислите. Каде и да се завртам се ме потсеќа на тебе,сакам да те мразам,искрено не ја заслужуваше никогаш мојата чиста љубов,не заслужуваш ни сега да си ми во срце и мисли,ама ајде тоа докажи го на ова мое глупаво срце... Проклет нека си и ти и јас,и оваа љубов и секој еден наш спомен. Не ми се појавувај пред очи те молам,правиш само да ми е уште потешко,психички сум слаба периодов,и уште ти ми фалиш упорно да ме гледаш во очи кога се разминуваме или од кола,за потоа да ми ја завртиш главата. И после толку години ќе играме топло-ладно а?????
Се враќаш кога најмногу ми требаш. Всушност и никогаш не си одиш. Присутен си и убаво ми е. Јебига... нека ме осудат. Што знае срцето што се различни религии?
Години ме убедуваше дека љубовта минува, имаш ти искуство со тоа...се бледнее, се минува, се се менува... Велеше „времето, времето ќе среди се..“ Твродглава каква што сум , мислев грешиш, мислев вечен ќе е жарот во мене за тебе и баш времето ќе те убеди дека ова нема крај... А денес...ете денес со потсмев гледам на годинава која минува од кога последен пат бев сама со тебе во просторија со кревет... А денес... денес се потсмевам кога ќе се потсетам на мразот кој се ширеше по мене таа ноќ, на знаците кои вриштеа... готово е готово... И не реков нешто...само чекав да изгрее сонце и да избегам.. А изгреаа милион сонца од тогаш и милион солзи минав и милион ладни, неспиени ноќи како таа тогаш... И несвесно некаде ја оставив љубовта за тебе сарказмите кои ме повредуваа, потсмевот и самоувереноста додека ме гледаше слаба и ранлива... И ја посеав некаде таа љубов И ти потврдив дека се минува, да, минува се она кое не е вредно за внимание, за борба, за солзи и за страст... Минува тоа што никогаш не вредело... Вредните работи не бледнеат да знаеш, не минуваат и не се губат
Во еден момент сум пресреќна што те имам и си велам овој човек ми го прави животот прекрасен, тој е мој и јас сум негова засекогаш, си велам ова е љубов, ова е среќа и се радувам што си толку сладок со мене и толку несебичен. И потоа од ништо се се менува, повторно си почнуваш по старо, ме кршиш со збор, ме повредуваш, ме убиваш... И кога ќе ме прашаат што ми е како да им кажам, како да им објаснам за моќта што ја имаш да ме скршиш со само еден збор, како да им објаснам зошто боли толку? Како да им кажам дека не сум повеќе силна и нема никогаш да бидам силна без тебе? Ме боли ова, сто пати ме болело и уште сто нека боли кога самата си го барам и кога немам ниту гордост ниту храброст пред тебе...И после ќе ми кажеш не ме гледај како противник, а кажи ми како, како да не те гледам така кога ме кршиш, ме кршиш одново и одново и потоа повторно ме правиш цела и заборавам на се... и се преправаме дека ништо не се случило, ама се случува нешто што боли и прави да те мразам. Предолго сме заедно за да се повторува ова уште, пак и пак. Боли.
Убаво ми е кога се гледаме, кога ми се јавуваш, кога си одиме еден кај друг.Убаво ми е кога ќе заспијам до тебе, кога ме галиш, кога јадеме, кога одмараме, кога пиеме кафе заедно.Убаво ми е што не се караме како на почетокот, кога не те познавав. Но ќе ми биде уште поубав доколку ми даваш повеќе љубов и внимание.Ми требаат состаноци, сакам романтика.Сакам да бидам единствена, сакам да ме сакаш како јас тебе.Ми треба искреност. Можеби не ме сакаш како нејзе, можеби не сум доволно добра за твоето семејство но те сакам. Ми фали конекција, ми фалат емоции. Ајде да бидеме најдобар пар, го можеме тоа.
Знаеш кои мигови ми беа најомилени?! Оние во кои седевме еден покрај друг, држејќи се за раце, во некоја тишина што исполнува. Јас загледана некаде а ти со погледот врз мене. Ќе почувствував дека ме гледаш, но намерно не се свртував кон тебе затоа што обожував да те задевам правејќи се дека не приметувам. И не го тргнуваше погледот додека не те погледнев и јас тебе.. А тогаш ќе се насмевнеше и ќе ме бакнеше. Токму овие мигови ми недостигаат.
Ти си првата мисла со која се будам наутро и последна мисла со која заспивам. Сакам секој ден да ги гледам тие убави очи и таа насмевка која ме освојува со години, уште од првиот ден кога те видов Сакам да те гушнам и никогаш да не те пуштам од мојата прегратка.
You're all that I need, I'll be there for you If you keep it real with me, I'll keep it real witchu. Goodnight love
Ооффф ме гуши веќе секоја средина, секој миг, секоја темнина, секоја тишина, секоја песна, секоја реченица во која те пронаоѓам, и буквално се што ме потсеќа на тебе ме гуши изминатиов период. Замини еднаш од срцево и онака не го заслужуваш, не заслужуваш ни тронка од мојата љубов и се што правев за тебе било попусто! А воедно несакам ни да се присеќам ни на лошите мигови. Ми ја попречуваш среќата едноставно неможам да оздравам, да продолжам напред, да заборавам се неможам... Не е лесно Ме обзема тага,бес и лутина кога ќе помислам на нашите мигови а воедно и свесна сум дека не би имала сјајна иднина со тебе и тотално можам да те убијам да си ми при рака Толку време да се справувам со тебе обидувајќи се се да ти угодам а ти по навика се да ми срушиш врз глава. Само не ми е сватливо зошто си упорен и запнуваш по нешто, кога не си способен да одржуваш една врска стабилна? Само немој, ама немој ни да си помислил пак да ме бараш гони се веќе еднаш за секогаш не ми доаѓај ни во мисли молим те
Како за беља! само што те намнисав во темава вчера и ете си веднаш оопп! Пак ме побара како да знаев! Колку пати да ти кажам дека не се бара саканиот/а онаму по три, пет, десет.. Месеци кога тебе ќе ти текне Еххх камо ти да беше под моја кожа и да осетеше како е некој да ти ги отвори раните, да ти ги разбуди спомемите и со болка и низ солзи да мораш да му кажеш оди си. Иако се плашиш од тоа и е најголемиот страв за тебе но воедно и мораш да се соочиш со тоа Кога знаеш дека нема друго решение. Ти ни тоа неможеш да си го сватиш, а незнаеш со колкава болка тоа ти го велам Едноставно со тебе би имала катастрофална иднина Смуртена фацо една! кисела! Не ми се потребни покрај мене луѓе кои шират негативна енергија. Ама ајде некој нека му докаже на срцево мое глупаво дека не треба да пати по таков неписмен како тебе кој не разбира ништо