Ти си мојот живот. Моја инспирација. Лек за сите мои болки. Ти си најубавото нешто што можеше да ми се случи во животов. Среќна сум што те познавам. Малку е да ти кажам дека те сакам.
Кажи како да те мразам? Велат дека љубовта и омразата се тесно поврзани. Јас уствари сакам да можев само да заборавам дека воопшто постоиш и дека си слободен сите овие години а не сме заедно. Ете тоа ме боли,а можевме повеќе да имаме сега,ама среќата ко сон ни бега....
Никогаш не си ме повредил повеќе. Никогаш. Како можеш после 2 години да не ми отвориш врата? Како можеш да ме избришеш толку лесно после сите заеднички мигови и сите планови? Како можеш?? Срцето ми се кине, ова боли премногу. Премногу. Никогаш не сум посакала нешто посилно од тоа да бидеш мој. И беше, и сакав засекогаш да си. Само едно не ми е јасно, како можеш? Не те боли ли душата? Ако не тоа, не ти е ли криво за сите планови што ги имавме да пропаднат? Како можеш да излезеш и да пиеш кафе знаејќи дека во тие моменти страдам заради тебе? Како можеш да си толку суров? И покрај сето ова, на првото јавување би трчала да направам се што сакаш. Само јави се, кажи ми дека заврши оваа глупава епизода. Кажи ми така и се ќе заборавам. Се требаше да биде супер, не чекаа прекрасни мигови. А што направи ти? Зошто го направи ова??? Зошто ме скрши??
Stalker ниво - не сме пријатели на фб,ама сепак ми лајкува постови од пред неколку месеци...Ало,опрај се!
Посакувам ко Самарџиќ да го запревме јануари и да останевме да живееме во декември. Посакувам тој јануари никогаш да не дојдеше. Посакувам пак овој декември да биде ист како ланскиот. Многу ми фали се наше. Се што бевме.
Од толку што сум опседната да те видам и да ти кажам се што ми лежи на срце,да ти кажам колку те сакав сите овие години и покрај се што ми направи,сонував како ти кажувам се што ме измачува,а ти немо и ладно ме гледаше и не изговори ниту еден збор. И реално исто така би било,не би ме ислушал... Суров си,себичен си,проклет нека си,душата ми ја изгоре
Сакам да те грабнам и да те однесам некаде далеку. Никој да не може да не пронајде. Да не постои ништо друго освен ти и јас. Сакам постојано да ме гледаат и да ги гледам тие убави очи од утро до мрак. Постојано. Секој ден. Секоја ноќ. ♡♡♡
Ти ги сакам веѓичињата имаш веѓи поубави од жена (ахх тие веѓи дебелки со скроз права форма кои ти прават остар и маженствен поглед) , ти ги сакам очињата(кафеави), ти го Цакам носето маЉо , ти го Цакам тоа дупЦето на бадицето хехехе.... Ти го сакам белиот тен, и лицето малечко тркалезно со многу симпатични црти Аххх кога најмногу имав загубено надеж дека постои асален човек на овој свет се појави ти и ми докажа постои такво совршенство како тебе. Поточно одамна ми беше пред нос, но слепа сум била Се надевам со тебе за скоро ќе ми заздрават старите рани, бидејќи ме исполнуваш со позитива, ме правиш среќна, тотално на се да заборавам што ми ја урива среќата и самодовербата. Само кога ќе ми текне дека бевме најдобри другарчиња една цела година и си се нарекувавме "Пацка и Јеленица" Урлам од смеење Секогаш беше покрај мене и во добро и во зло да ме насмееш. Абе едноставно немам зборови повеќе со кои би те опишала ти си едно прекрасно суштество на оваа планета кое може да ми го преврти светот за 360° и да се осетам како некое ново суштество паднато од марс кое ништо не знае освен да се смее, ме нема веќе мене старата и смуртена Се радувам на тебе ново бае мое Те сакам миличко мое
Еј ти! Ти со вселена во градите, ти со најтоплите очи на светот. Душа отварам за денот кога повторно ќе ти заспивам на гради. Те чекам на еден од прозорите од срцево во истото она утро кога и си заминав. Како времето да застанало во тој неспокој кога сме далеку. И нека поминува, само ти да ми доаѓаш. Едвај чекам на последните денови од месецов. Само за ти да ми дојдеш.