Е ама јас те сакам тебе и може паметно и не е што баш тебе те сонувам. Но со било кој не сакам и не можам. И душава не ми пее, без тебе срцево не се смее
Да се сакаше жена само со зборови и празни ветувања јас ќе бев најсаканата жена на светот....ама не љубовта е дела љубовта е копнеж, љубовта се искажува со воздишки, допири, погледи.... Љубовта не е празни зборови... И затоа не ми вели дека никој нема да ме сака ко ти, не ми вели затоа што освен збор ти ништо друго не ми даде, и не ми вели дека не знаеш да сакаш другачие, не ме убедувај... Туку собери храброст и пушти ме како маж кога веќе не знаш да ме љубиш како Маж...
Искрено, немам што да ти кажам зошто не вреди да трошам зборови на тебе. Чим си заминала од мојот живот значи имало сигурно и причина зошто. Но искрено би сакал некогаш да дознаам зошто се реши на таков чекор? Да нанесеш болка. Едноставно сакам да чујам одговор на ова прашање. Како и да е ти ветувам едно нешто, јас никогаш нема да дозволам да бидам совладан од твојата негативност и нема да се претворам во тоа што си ти.
Се што ми треба во моментов си ТИ. Кога би имала волшебно стапче или гума за бришење,би избришала се што беше во минатото и би креирала нова иднина за нас. Колку и да звучи глупаво,те сакам и сакам да можам да викам на цел глас
Прости што ти реплицирам на ваква искрена исповед. И јас го имав ова чуство ама бидејки нели минатото не се врака треба да се трудиме барем во иднината вака луѓе што ни значеле да не ги губиме лесно. Од тогаш се заколнав дека нема моето срце така лесно да го препуштам веке на некого. Имај убав ден и извини што реплицирав ама морав..
Не ми смета мене што реплицираше,ич,биди без гајле(може само на модераторите да им засмета) Ех,тоа е не се враќа назад времето,за жал ни останува само да продолжиме напред,не се живее од спомени ама боли,проклето боли и затоа тука си се олеснувам
Имаш грижа на совест па прашуваш по други како сум или уште во тебе има човечност? Друг пат прашај ме лично, ќе ти кажам се што те интересира. Ама не, немаш ти муда за такво нешто.
Ова требало на чело да ти го истетовира со невидливи букви ангелот чувар мој, за да го гледам секој ебан ден, додека гледав како теле во тебе ! „Клучот е да бидете во друштво со луѓе што ве поттикнуваат и чие присуство го извлекува најдоброто од вас“
И ете,се решив да те аднам на фб,го превзедов првиот чекор,ама изгледа ти немаш храброст да ме прифатиш поминаа неколку саати,не верувам дека не си се уклучил воопшто. Не бери гајле,сакам само да ти кажам во очи се што ми тежи и ме гуши,доста беше само пишување овде за тебе. Само да ме прифатиш и одма ти пишам дека сакам да те видам,не да се видиме. Па што ќе биде нека биде
Дишам ли повторно,значи сум можела,возможно било и без тебе да сум добро...не ми се враќај само тоа те замолувам,се ти е опростено се ќе заборавам само остави ме,толку ми должиш за целото време кое ми го зеде залудно....