Зошто не можам да ти верувам....зошто! Има нешто под тие зборови и изјавувања љубов, сигурна сум. Можеби затоа што делата не го покажуваат тоа. Можеби немам трпение, можеби ќе избрзам и ќе барам да заврши уште пред и да почне......
Кога ме гледаш вака, сакам времето да запре, и да си останеме засекогаш вака среќни. Сваќам колку многу ме сакаш и колку вредеше се што направивме и се што издржавме за да бидеме заедно. И знам дека мислиш дека спијам додека ноќе ме гледаш и гушкаш и бакнуваш најсилно.
Извини што те блокирав додека зборувавме и не ти кажав ништо.Извини не сакав јас вака да биде,да беше до мене ке беше подобро,верувај ми.Ти си личноста која ме сакаше и ме повредуваше најмногу,нема да бидам со тебе и да се плашам дека си со некоја друга,не сакам да мислам кога ке заврши.Едноставно има многу други за тебе,посакувам секој пат кога ке ме видиш да поминеш без да ме погледнеш,сакам да не те познавам и да те заборавам..а реалноста е дека ти со трчање доаѓаш и ме гушкаш и не сакаш да си одиш.Не сакам да ти бидам другарка не сакам да ме гледаш во очи не сакам ништо со тебе.Секоја прилика правиш спомени и ме уништуваш.Еве 4 дена бегав и утре пак ке дојдеш и се по старо. И да од толку што ми се згади ја скратив пола коса,не ги сакам деловите каде што ми плетеше плетенки.
Не можам да го замислам мојот живот без тебе. Можеби ќе ја држиш мојата рака секогаш а можеби и не. Но засекогаш ќе го држиш моето срце.♡
Имав да ти кажам еден тон работи,работи за кои да пишувам тука ќе ми требаат денови и денови. Ама знаеш што?-нема да пишам за тебе повеќе ниту еден единствен збор. Ти си едно проклето себично створење,кое ниту на момент,а не толку долги години не заслужи да бидеш толку искрено и болно сакан. Ќе те мразам да знаеш,во скоро време ќе те мразам,ќе научам пак да ја контролирам проклетава љубов кон тебе,ќе си дадам до знаење дека не постоиш,дека не смееш да постоиш за мене. Само да те видам со службената кола или пешки како што те гледав често,ќе ти ја завртам така силно главата,оти ти и немаш храброст за ништо друго освен да ме гледаш а да не речеш ни здраво. Збогум засекогаш,ми дојде да те наречам мил,ама далеку си од мил ти. Проклет нека си,проклета нека сум и јас и мојата надеж што се надевав дека ќе ме прифатиш на фб. Верувај три дена се опседнав со тоа,три дена планирав средба и спремав говор,хахаха колку глупава сум била а?! Да,бев,ама повеќе нема да бидам!!! Три дена не најде време да ме прифатиш?три дена не се приклучи никако а?! Барем да ме одбиеше. Вака поболно ми направи,видов дека си бил уклучен имаше коментирано на јавните постови. Немаше храброст ни да ме одбиеш а? Еднаш се понижив,втор пат ќе нема,па макар и на смртна постела да лежам поради тебе,никогаш,запамти добро,никогаш нема да те побарам повеќе. Пази се и плаши се од дадено ветување на повредена и огорчена жена
Така убаво се сврте таканареченово тркало на судбината или што и да е и убаво те лупна по нос. И мислев од камен сум направена и дека и да умреш око нема да ми трепне.. и тогаш слушнав.. не ми се веруваше дека на таков ироничен начин ке си поигра животот со тебе. Од она најмногу што се плашеше те стигна.. и во тој момент се створија две личности во мене. Онаа која задоволно се насмевна и онаа некаде длабоко потиснатата која ја пресече на момент нешто во утробата.. Нејсе, направи страшни работи, нанесе многу болка на некој што живот даваше за тебе.. Заслужуваш!
Не знам за страв кога сум со тебе. Не знам за страдање. Сакам да те бакнувам и кога усните ти се крвави од ладното. Сакам да го запознаам секое твое несовршенство, секое делче од тебе. Сакам да тонам во твоите сини очи, да потонам и да не се спасам. Ми се допаѓа како срцето полудува во мене додека те чекам, а јас обично мразам да чекам. Но тебе би те чекала цела вечност. Целата оваа лудост со тебе ми се допаѓа. И е единственото нешто што ме држи во живот, за сосема да не го изгубам разумот. Те сакам. И никогаш нема да се уморам и никогаш нема да престанам тоа да ти го повторувам.
Секоја слободна минутка, сеуште го анализирам твојот однос спрема мене, од почетокот до крајот, од секој збор, реченица па до секој поглед, потег и сеуште јас не можам да те сфатам, не можам да те разберам. Премногу сум преокупирана со тебе...
Зошто си првиот во мојот живот што не можам да му ѓи прочитам намерите. Хмм почнав да се сомневам во себе. Јак си на зборови, на дело некако си поинаков. На зборови ми го подари светот на дланка но што е со реалноста. Или јас сум се она што го сакаш ама некако немаш муда. Одлучи се......зашто брзо се навикнувам, а уште побрзо одвикнувам.
Детинесто се однесуваш, враќаш ... смотан. Некоја да не мислиш тебе че се надева,ехее ќе ми одмилиш преку ноќ. МЕне толку ми треба .. за да видиш каква сум.