Уште 10 дена додека се вратиш! Ех, издржавме 3 месеци. Едвај чекам, и одбројувам да знаеш. Те сакам најмногу на свет љубов! <3
Тебе не можам да ти се налутам.. не можам.. и никогаш нема да можам Викендов по кој знае кој пат ги погледнав тие очи.. секогаш ти викав дека имаш тажни очи, но сега беа навистина беа тажни.. можеби и разочарани.. А твоето лице изгледаше позагрижено од вообичаено .. Да не паднев и да не се утепав до овој степен, немаше да почувствувам дека толку се грижиш за мене.. Моментот кога ме гушна знаев дека и најлошо да е, ќе помине .. Те сакам повеќе од што можеш да замислиш.. и ти благодарам што постоиш
Се сеќаваш ли на првата наша средба.... Ти реков ко низ шала да внимаваш како се однесуваш кон мене бидеејќи јас врз основа на тоа ќе ги градам моите одлуки со тебе... Ти реков ти внимавај а јас не морам бидеејќи ти секако ќе се вљубиш во мене... Ме погледна ко да ја кажав најголемата глупост на свет... Се сеќаваш ли на тој разговор мило сега кога стоиш збунет, сега коа на секој можен начин се трудиш да се оправдаш, да ме задржиш, да се смениш... А ти реков, ти реков и пак не ме послуша... Ќе слушнеш ли сега кога си заминав, ќе разбереш ли....
Знам дека не заслужуваш, знам. Ама проклето срце тебе те бара. Тебе те сака. И после сите солзи, болки, неправди, ти си тој што ми требаш. И после 8 години...
На оваа дата минатата година бевме заедно. Додека те чекав на нашето место, по телефон се скаравме... За првпат ти спуштив слушалка и се расплакав, цела шминка ми беше размачкана, почна силно да врне, а јас седнав на првата клупа што ја видов и те чекав. Солзите не ми се гледаа од дождот. Ми се јави да ми кажеш дека си стигнал, ме препозна по гласот дека сум плачела, но ништо не спомна....Кога те видов сите нервози и проблеми исчезнаа. Ме гушна многу силно........ Ми фали таа прегратка, ми фалат твоите сини очи, ми фалат разговорите, ми фали се во врска со тебе. Жал ми што доволно не ти покажав колку си сакан. Знам дека пак ќе се сретнеме бидејќи како што рече Бронте whatever our souls are made of his and mine are the same. Добра ноќ и чувај се
Ова веќе непријатно станува..Подобро да не излегувам од дома,со вакви случки. Ама и сам си крив,што бараш во врат да ми дишеш
Ќе поминам низ ова ама трпението ми е при крај, не си играј... и онака не го будиш девојчето во мене, на моменти и се прашувам што барам со тебе.
Ти реков нели.....дека во мене човек може брзо да се заљуби. Убаво помината ноќ, убав почеток. Само немој од старт да ја покажуваш љубомората.......се надевам ќе те сакам....
И кажав денес се што имав..за жал се ближи нашиот крај. Ќе мора да се навикнеме еден без друг колку и да ти е незамисливо