Ми се допаѓа што досега го погодив секој твој чекор, секоја твој постапка, секоја твоја реакција што ќе ја имаш на случувањата. Само продолжи така, те читам како буквар од прво одделение, те знам подобро отколку што можеш да си претпоставиш
Чувствувам нешто дека овие денови ќе те видам некаде и тоа чувство ми носи немир. Се плашам од нашата средба, ќе биде сурово знам, ни здраво нема да ми кажеш, а јас пак на парчиња ќе се распаднам... Ама од друга страна ми недостигаш и ако те видам можеби срцето ќе ми се стопли но после тоа пак се ќе остане исто. Подобро да не те видам, не ми се појавувај пред очи...
Во овие моменти сакам само да те гушкам и да не те испуштам од раце. Магично успеваш да ми извлечеш насмевка колку и да ми се руши светот под нозе....
Често размислувам и се прашувам, дали сум ти значела бар малку, или се било една голема лага, која ти беше целта?... Останаа многу работи што сакав да ти ги кажам, во глава ми се вртат многу прашања на кои за жал никогаш нема да добијам одговор. И да твоите омилени песни и оние што ги слушавме заедно не ги слушам повеќе немам храброст, ме потсеќаат на се. Сеуште ми се во глава зборовите што ми ги кажа последниот пат кога се видовме и песната што ја пушти , добро знаеше дека тоа е нашето последно видување дека е крај исто како и јас. Веќе не ми значиш ништо, те мразам, како можев да бидам толку наивна да дозволам кретен како тебе да ме лаже, иако секогаш предосеќав и се сомневав..
И јас. И јас најмило мое чекам како тебе. Чекам на минутата, часот и денот кога ќе си дојдеме еден при друг. И таму ќе останеме. Засекогаш!
Јас всушност не сакам ништо да ти кажам. Сакам само да ги затворам очите и да се изгубам во твоите прегратки. Да го почувстувам твојот мирис кој ме смирува. А кога ќе ги отворам очите да ги видам тие твои мали очиња кои ме гледаат заводнички и твојата прекрасна срамежива насмевка!
Во време кога мажот не е само љубовник на една жена, туку сосолушувач, утеха, мотиватор и соучесник убаво што со твоето заминување, со умирањето на љубовта ги понесе со себе и моите чувства на „невредна“, „неважна“... Тоа е среќа после се ....
Ми го разубавуваш секој ден кога те гледам. Ме полниш со позитивна енергија. Цел ден има насмевка на моето лице. Среќна сум што постоиш. Те сакам.
Конечно имам сѐ што некогаш сум посакувала, диплома, работа и љубов. Не знам како успеа, ама направи да се чувствувам виновна за тоа. Се сомневам во твојата искреност, разбираш дека е со причина. Ама срце ми се кинеше гледајќи го пред мене човекот кој од детство сум го љубела, зборејќи ми како сега е предоцна да ми надокнади за целата болка која ми ја нанел низ годините и неговите планови со мене. Епа мил мој, сега веќе пријател, во право си! Жал ми е што ја доведе до тука работата, свесен си дека сам ме истурка од себе. Сега знаеш како ми беше мене секогаш кога ме оставаше. Не е пријатно чувство, нели? Е замисли оваа болка да ја трпиш без број пати! Дури не се бројат во десет години. Сега знаеш, ме имаш како пријател. Биди ми добар.
Си најде друга љубов? Се сеќаваш...ние требаше секогаш да зборуваме и да останеме во добри односи,ти го кажа тоа и ти го смени.Гледам,веќе не ме ни погледнуваш.Сега ме мразиш на начинот на кој ме сакаше до пред некое време. Среќно понатаму..