Правиш срцето да ми пукне од милост и убавина кога само што ќе се вратиме, ти ми пишуваш дека сакаш веќе да ја планираме нашата следна средба. И така јас почнувам да мислам како ти ќе ги координираш твоите обврски за неколку слободни денови, а ти моите, па да се натегаме чии се побитни, се додека после неколку денови не резервираме билети за местото кое го чувствувам како дома и почнеме да одбројуваме нетрпеливо до следната прегратка, следното заедничко кафе, ручек, следната заедничка прошетка по омилената ни улица... Ме исполнуваш и инспирираш да бидам истрајна во врска со тебе. Ме разгалуваш како никој до сега. Убаво е се' , поубаво не било.
Ми текнува пред некој ден се заколнав дека нема да пишам ни едно зборче веќе за тебе на темава,те нареков најголем кретен дури Ех,ех единствен мој,зошто ги отворивме вечерва старите карти,старите рани кои мене пак почнаа да ми крварат? Зошто се реши после толку време сепак да ми пишеш,сега кога јас веќе се откажав и кренав раце од нас? Ах,ах што ми направи,сеуште мирисот твој го имам на мојата облека,сеуште лицето ти го гледам пред мене... Саат и пол траеше мојата среќа,среќата за која посакав никогаш да не заврши,ама на крајот се завршува нели... Некако ладен ми беше,во глобала ок однос имавме ко за прва средба после 6 години,но сепак имаше нешто тажно и празно во погледот твој... И не си свесен колку ми олесни што ти кажав конечно се што ми тежеше сите овие години,ти кажав и колку те сакав и сакам. И да,ми дојде малку понижувачки тоа признание,ама морав,сега срцето и душата ми се поослободени малку. Љубов,фала ти на искреноста,коректно ми кажа дека ништо не може да е исто како порано и дека нема да го користиш фактот што те сакам,ми рече да те заборавам,за мое добро. Ама како,кажи како да го сторам тоа?не умеам,едноставно не можам И ќе се видиме пак да знаеш,ти реков дека пред се ќе ти бидам другарка,рамо за плачење,што и да е само да сме блиску еден до друг... Те молам да се видиме пак,да се изгушкаме пресилно,иако не ме сакаш,не ме користиш,не грижи се
Пред да заспијам јас секоја вечер во мојата глава водам разговор со тебе, понекогаш тоа се случува и неколку пати во денот. А знаеш ли зошто е така, затоа што ми должиш, не еден, илјада разговори ми должиш, оти имам толку многу да ти кажам... И знам, знам дека ти веќе имаш заборавено се што се случуваше, знам дека никогаш не се ни обидуваше да запамтиш. Ама јас не заборавам и мразам што ти владееш со моите чувства и мисли. Постојано се прашувам како си, со кого, со која флертуваш, која ја лажеш, дали имаш проблеми, дали ти треба поддршка, внимание... Се мразам поради тоа и едвај чекам да дојде денот кога ќе престанам да те мислам, го чекам денот кога ќе почнам да те мразам.
И сега кога ќе се видиме ќе ми ги направиш незаборавни деновите. Ќе ни се разгорат страстите. Ем ќе водиме војна, ем ќе се сакаме. Такви сме ние диви и двајцата. Ама ме правиш среќна со секоја наша средба. И јас се топам. И ќе се стрчам од бус да те гушнам,така силно. За кога ќе си заминам да ти недостигам се повеќе и повеќе.
Дали конечно ми се насмеа љубовта со тебее ? Правиш се да ми докажеш дека ти значам , ќе ти верувам само ми треба време. Вчерашната ноќ беше прекрасна, имаш супер друштво, не верував дека ќе се вклопам толку брзо. Нека биде вака....
И не не ми е жал што те сакав, така пораснав, се спознав како жена... Ах ... Ама жал ми е... Жал ми е за секој пат кога гледав односи слични на оној нашиот како цветаат, жал ми е што ги подголтував солзите.... Жал ми е секој пат што гледајќи ги мислев дека невредна сум јас за толку љубов, квалитет немам за така да те држам за себе... Жал ми е што гледајќи ги како си разменуваат соништа, поддршки, како трагаат по причини и изговори за миг повеќе заедно, ти поверував дека јас сум терет од кој треба да бегаш, јас сум напорна... Жал ми е што гледајќи ги сите како часови и часови разговараат споделувајќи си се, те слушав како иронично велиш„ ајде немам време, да не сакаш агендава да ти ја кажам“, поверував дека сум невредна за ништо... Жал ми е што додека слушав како се смееш кога ме нема, како кокетираш со сите, десерти им делиш, внимаие и шеги , ти поверував дека сум предмет кој намуртено се гледа и од кој се преминува улица... Жал ми е ете жал ми е ,што секогаш во себе грешката ја барав, во своите недостатоци, а никогаш, нхикогаш не помислив дека ти не си таков маж... Жал ми е што не видов дека не си маж кој сака цврсто, сигурно и одлучно, кој блеска со радост, кој трча во рацете на таа што ја сака , каква и љубов да е таа... Жал ми е што не видов , што не почувствував дека жена што 5 пати дома угостила рак и храбро и одлучно вратата му ја покажала, жена што со насмевка ги носела сите порази, и со цврст фат си ги вадела ножевите од грбот , шена што докторирала во правот и пепелот нна онкологија, не може да ја цениш и браниш ти... Ама ете не ми е жал за ова што го увидов... сепак вредеше да лечиш комплекси толку време на мене!
Би те излажала ако кажам дека не мислам на тебе.... Во моето срце секогаш ќе има мало местенце за човекот кој што мислев дека си.... Дали сакам повторно да ти дадам шанса НЕ, не сакам и нема... се заврши се помина, не сум повеќе слаба на тебеа тоа ми е и повеќе од победа...
Знаеш ли колку среќна би ме направил сега да сме заедно? А знаеш ли дека како Феникс би се подигнала од оваа состојба на депресии, болести и болки само да те прегрнам? Знаеш ли дека веќе не ме радуваат истите работи како порано и дека истите се повеќе се намалуваат, се помалку нешта ме прават среќна но ти си една од ретките што може да ми го сврти светот наопаку? Знаеш ли дека сум жив мртовец со емоцииве но да те сретнам тебе би ожиеала пак? Знаеш ли дека само ТИ го можеш тоа и дека јас сум будала што уште сакам, се надевам, копнеам? Знаеш ли дека ќе ме бараш некој ден но може да е касно? Се чуствувам како поле од црни универзуми а ти си Сонцето. Во оваа состојба на монотона досадна смрт само ти ми требаш.
Воопшто не ти се лутам поради тоа што немаш толку време за мене. Доволно ми е барем кога ќе ми пишеш да ме потсетиш дека сум твојата среќа и дека не ти излегувам од мисли. А кога ќе ни се сретнат погледите ќе ми го кажеш и останатото..
Проклето те сонувам деновиве . Проклето и таму ме одбегнуваш Проклети да сте ти и таа Проклети да се овие чувства и тоа што не можам да те преболам и да заборавам дека постоиш Камо да постоеше делит во мозокот, ке го избришев делот во меморијата каде што си ти !!! Сакам еден ден да те видам на колена да се влечеш да ме молиш да ти опростам , да се корниш од плачење и да се мачиш , како што се мачам јас , како што секоја вечер се будам со врескање како егзорцизам да се врши на мене , и се молам да е сон тоа што ми го направи ..... Проклети да сте !!! Аир да не видите двајцата!!! Никогаш нема да простам !! Ова е последно што пишам за тебе кретену , да патиш