Главен виновник си за насмевката што ја имам на лице цел ден...и покрај глупата настинка И преку телефон знаеш да влезеш под кожа, не викам не
Се смета ли свинче за љубовен збор Уствари,од тебе толку слатко звучи да ми речеш и свинче и се. Ама не можам да го заборавам моментот кога ти превртив очи и нервозно ти реков оти ми велиш свинче,а ти кутриот се правдаш- ти реков свинче не свињо Ок љубов,ќе го сфатам како комплимент ова свинче,оти да беше свиња повеќе ќе болеше
Седам во ноќва тивка и размислувам .. Жалам за секој момент што ти го потрошив залудно .. За целото време што го потроши на мене .. За сите бакнежи што ги потроши .. Сите прегратки .. За човек како мене што не вреди .. Ти само биди си среќен. Мене остави ме. Јас немам средства да ја платам твојата превисока цена. Во право беше.. скап си
Сонував денес како си започнал врска со друга..ве гледам и се гушам не можам да дојдам до здив а однадвор изгледам индиферентна..ме разбуди алармот, почувствував олеснување... Изгледа сепак ќе боли ако те видам со друга
Сонце не ми изгрева наутро дур од тебе абер не стигне... Се почнува и завршува со тебе. Секоја приказна ти ја пишуваш, а не си ниту свесен за тоа. На секој ден ти порти му отвараш, а не знаеш. Не знаеш дека заспивам и се будам со тебе во главава. Те љубам секогаш и секаде..
Те видов мој мил бивши и мило ми е што си ми бивши. Ја жалам таа до тебе да знае само колку ме имаш молено ти мене, да и ги пратам сите наши разговори. Се врати и ја фати неа, си купи кола, ваљда така ја купи и неа. Но не, ја само ќе си се смешкам кога ќе те видам чисто да те збунам. Мило ми е што не бев јас таа до тебе, ќе се шетав со рогови на глава. Ем те видов ем ти се смеам, а ти ме погледна со изненадувачки прашален поглед. Мило ми е што си ми бивши и што на време ти "репетирав пиштољ". Ај cheers
Само да знаеш колку сум љубоморна што денес беше на службено патување,а па и уште четврток што треба да одиш
Не знам што чувствуваш за мене, но ако не ти вратам или те оставам на сеен 8-10 часа право ми го напоменуваш тоа. Симпатичен си,да. Не сакам да те повредам, помал си од мене 3 години. Може и тоа не е битно, но, некак си ми незрел и ти се ебка. Така ми стои. Може тука на форумов некој и совет би ми дал. Кој знае.
Кој те е**.. Ете и дотука дојдовме. Да немам што да ти кажам. Да ми е сеедно за тебе. Само сакам да заспивам и да се будам до тебе. Да не зборуваме ништо. Само да си припаѓаме еден на друг.
Проклет октомври, проклет ти, проклета јас, проклето е се'. Имам инсомниа периодов од тебе, цел филм ми се враќа наназад, како на видео лента, секој детал и секоја ситница ја памтам. Дали некогаш ќе исчезнеш од мојот проклет мозок? Maybe in another life.
Што се договараш со други во меѓувреме кога си договорен со мене? Знаеш дека ме иритира тоа и ко за инат. И после се лутиш кога ти го плескам во лице.
Абе не те знам која си и шо си, али те гледам секој ден како поминуваш со тоа твое куче кое ми засерува и обележува територии пред мојот влез. Ми доаѓа така искрено да си набавам некое кученце и да ти предложам да ги париме
ААА! Иако знам дека никогаш нема да го видиш ова сакам да знаеш дека многу те засакав,АМА ми се смачи секој ден да ми се караш за небитни работи секој ден да биди крај на нашето нешто,ми се смачи да бидам само користена непочитувана,ми се смачи од лагите твој ми се смачи од сите лоши работии. Ме натера да останам сама без никого без една другарка,ми остана само ти и никој друг..ама и ти ке заминиш..ако јака сум ке го издржам ова ке помини..секогаш ке те сакам (барем така мислам..)