Lazno se dajes,lazno me ljubish... Ќе те напуштам, морам, за мое добро. Така е најдобро. Еднаш ти кажав и не издржав повеќе време, потклекнав ти пишав. Сега навистина морам да се помирам за нас и затоа ќе се тргнам.
Времето е пред нас, чекор по чекор се ќе изградиме. Ќе бидеме уште посреќни од сега, ќе ти ја пружам целата топлина што животот ти ја земал - заслужуваш многу а јас ќе се трудам тоа многу секогаш да го исполнам. Само да се досредат уште некои работи таман и ти ќе ми се средиш знам дека ти треба време а време имаш колку сакаш од мене, но се надевам дека за кратко ќе се средиш како што и велиш. Ми значиш најмногу.
Се плашам да не те повредам. Ти тоа не го заслужуваш ... Ама, пак од друга страна правиш да се осеќам многу убаво со тебе. Со овие мои мисли, не само тебе туку и сама себе би се повредила. Па затоа сето ова, ќе го препуштам на времето...
полн си со живот. Да. Бар признаваш дека си пишваш со други. Да. Симпатичен си, се закачаш со сите тоа не ми се допаѓа. Ти мислиш јас сум играчка?Па да пополнуваш време со мене?
Се си има свој крај па и нашата приказна.....се надевам дека те испровоцирав доволно за еден живот,друг начин нема морав да користам лаги за да ставам крај...морав да избергам помеѓу мене и тебе...и секако ја избрав својата среќа,само ми е жал што морав да се служам со лаги за да те отргнам од себе....ама за година две и тоа нема да е важно....се ќе помине а кога еднаш бурата ќе стивне се е послесно...
Аууууууууууууу шо доживеав кога си го видов лицето своја на слика до тебе, како сјае, со детски искрени очи кои веруваат во љубов која носи чуда... шок зошто не можам да сватам дека на тоа лице си му велел „оваа е поубава од тебе, онаа телото ми ја бара“..... жално....
Во животот добиваш тоа што заслужуваш. Ни повеќе ни помалку. Ти така зааслужи. А те боли. Знам. Ти се гледа во очите дека те боли. Ама и мене ме болеше. Не еднаш туку неколку пати. Ќе преживееме. И можеби ќе бидеме среќни сега кога сметките ни се израмнети.
Понекогаш се прашувам со што ја заслужив твојата љубов. Јас да бев на твое место до сега бунт ќе кренев. Те сакам премногу.
Биди добар ама во помали количини. Од порано те знаев дека си добар човек, ама сега кога имам можност да те запознам подобро сфатив дека си претерано добар, што дури преминуваш кон алармантна зона на наивност. Убаво е човек да се грижи за луѓето што му значат, ама каде си ти во цела приказна? Зошто сам не си се грижиш за себе? Барем за момент стави се на прво место... Ако ти го речам ова во лице ќе се смееш и ќе речеш дека не е така, ама затоа не се секирај..... со тек на време ќе се потдурам да ти ги отворам очите и сфатиш дека треба ТИ да си на прво место за себе.
Знаеш што сакам? Да бидеме овде. Само јас и ти. Надвор врне снег, ладно е, а ние сме некаде далеку во мала куќичка и си лежиме гушнати со саати. Кога ќе ме стоплиш доволно, ќе заспијам слатко. И кога ќе се разбудам ти уште ќе бидеш до мене и гледам дека имаш Милка орео со тебе. Нели е совршенство?
Да си дадеме само уште една вечер, јас твоја, ти мој. Заборави на неа, а јас ќе заборавам на се што ми направи. Само за момент.
Потајно се плашам да признаам, ама знам дека почнуваш да ми фалиш, иако не сум таков тип на човек што ги искажува многу емоциите. Почнав да ги бројам деновите
Понекад, кога ќе ми текне на тебе, се запрашувам дали и ти понекогаш онака спонтано си помислуваш на мене...И си велам о глупачо, па да мислеше на тебе, ќе ти се јавеше, ќе ти пишеше, ќе те поукнеше барем на Фејс бре! Ајде не се замарај со глупости, не си му битна... Али тоа ми е само утеха, оти по патетично од ова не може да биде...По патетичен човек од тебе, кој нема муда да превземе одговорност и иницијатива за себе и своите постапки, и кој ќе страда, али со прст нема да мрдне, сум само јас... Патетична сум оти од почетокот знаев со кој си имам работа, али се надевав дека ќе се смениш. Не за мене, него за себе...И да, се промени подоцна, од инает. Ама само кон другите, никогаш кон мене, никогаш кон себе...Само ја и ти знаеме кои патетични створења сме.