Знам дека ќе успееш. Го можеш ти тоа. За нашата иднина. Подобра иднина. Стискам палци и се молам се да биде онака како што сакаме.
Месечино моја Ги бројам деновите. Малку остана. Ќе ти спијам во прегратка наскоро. Ќе те љубам колку што можам и колку што сакам... ќе те чувам и заспивам. Ќе те галам. Ќе те гледам додека сонуваш, а во очите ќе ти ја читам нашата иднина. Ептен те сакам бре.
Ептен ми се измешани чуствата. Еден ден те сакам потоа еден ден те неќам. Самата себе неможам да се разберам а не па ти да ме разбереш.
Неможам да поверувам дури колку сум те сакала едно време и колку се поодвратен ми стануваш сега со секоја глупа постапка,колкав идиот треба да си за една оооогромна љубов да ја доведеш до нула,не ми се верува дури дека некогаш сум те сакала,колку сум била глупава и слепа.
За неполн месец заминуваш,и кој знае дали ќе се вратиш... Само едно барам од тебе,да го испочитуваш тоа што вети дека не смееш да заминеш без поздрав,бидејќи својствено е за тебе да ме напуштиш без поздрав... И,синоќа се осеќав како тинејџерка која е слепо вљубена По втор пат ти реков ако треба да умреме заедно,нека умреме. Се сеќаваш дека истово ти го реков и пред 6 години? Не те оставав да го држиш воланот со двете раце,едната рака ти ја држев постојано јас,а ти по малку губеше контрола над автомобилот. Е луда сум била и тогаш,и сега сум,сеуште сум истата луда што те сака на некој лудачки начин..... И не ми е гајле дали ме сакаш или не,што ќе биде нека биде. Сега веќе се осеќам способна да дишам и живеам без тебе,а сето тоа благодарение на периодов кој го поминавме заедно. Само едно знај,без разлика дали нема да ме сакаш и ќе бидеш со друга,никогаш нема да ме заборавиш,никогаш нема да ја заборавиш нашата историја,нашата приказна која трае цели 14 години....
Таман престанав да мислам на тебе, ти толку пријатно ме изненади со еден мал потег што сега пак те мислам, а знам дека тоа не беше искрено од твоја страна, знам дека тоа го направи со некоја задна намера
Ти си моето се. Мојот живот, љубов, насмевка и солзи,секое забрзано срцебиење,возбуда,радост,тага,среќа...Те посакувам и оваа вечер,како и секоја друга.Моментот кога влезе во мојот живот,го промени засекогаш.И во исто време и те сакам повеќе од се и те мразам.Искрен или манипулатор...Јас секогаш твоја м арионета, секогаш твоја. Заробена во твојот поглед.Соголена од сите тајни.Ти,горд и слаб во исто време.Заљубен и суров.Ледено срце.Не знам дали успеав да го стопам.И не сакам да те менувам.Ми требаш токму каков што си.Спиј слатко, љубов моја.Те сакам.
Ќе звучам и ќе изгледам патетично доколку почнам гласно да кажувам сѐ што сакам да ти кажам. Кога би знаел колку те мислам и замислувам со мене во било која варијанта...а не смеам да те мислам. Немам такво право. Покрај толку луѓе околу мене периодов и внимание кое не ми недостасува реално, мене ми фалиш само ти. Морам да го слушам инстинктот. Побарав знак и го добив на најчудниот можен начин и под најчудни околности. Не за џабе рекле- кога нешто треба да дознаеш и да видиш, ќе го најде патот до тебе и што поголем знак и показател од тоа дека треба да те тргнам од мисливе. Којзнае колку беше искрен во моментите кога ми зборуваше некои работи кои ми го пореметија теков. Те немав во план а ми го помеша редот. Јас и ти никогаш нема да пиеме пиво и да се прејадеме до здоболување на стомаците и да се тркаламе до нашиот дом, зборувајќи колку сме претерале. Јас и ти никогаш нема да прошетаме заедно смеејќи се, потфатени од неколку пијачки. Никогаш нема да го спроведам планот кој ти го спомнав доколку би отишле в кино, сами јас и ти Никогаш нема да можам да те претставам како мој. Горчлива вистина.
И уште 100 пати да се родам, истото ќе го кажам - уникатен си и имаш големо срце и чиста душа. Голема среќа е што не го покажуваш тоа лице на секого, луѓево станаа злобни.. Посакувам да можам да те држам за рака периодов .... знаеш зошто ..
Сит ли си од гордоста, полна ли ти е душата од огорченоста.... Те прави ли среќен себичноста....трул си одвнатре... За жалење си
Се плашев од мојот роденден бидејќи мислев дека нема да ми честиташ и знаев дека цел ден ќе ја исчекувам твојата порака и така и беше, те чекав и заспав разочарана, ама кога станав и кога видов дека имам порака од тебе срцето ми се стопли, потоа цело време си ја читав пораката повторно и повторно и можеби ти вратив само едно ладно фала ама сакав да ти напишам и колку ми фалат пораките и вниманието од тебе, колку ми фалиш ти.
Сакам да знаеш дека минатата недела ја победив нашата разделба и секој ден ја победувам,што ако се гледаме секој ден и не ти менува дека еднаш ми раскина и така секој ден по неколку пати,јас си трпам . Остајме еднаш остајме да си живеам сама во мојот свет доста со лагите доста со навредите свати ИЗМОРЕНА СУМ иако сеуште те сакам. оставимеееее