Не знам дали да се радувам или да се нервирам бидејќи ми пишуваш цел ден. Не можам да ти одолеам па наивно ти враќам а ти не заслужи ни пораката да ти ја отворам. Ах што се случува со мене?
"Да си сега крај мене, љубов горам за тебе, Секој миг ко вечност е, мене рамно ми е сè. Има една вистина, душава ја зборува... Дојди кај мене, земи ме во преграт бескраен, Однеси ме..."
Добро можно ли е еден странец повеќе да се грижи за мене од тебе? Кога си ти болен,јас бдеам над тебе..мене ме носат дома со шината нога и ти ништо...не те разбирам,ама ич
Денес за прв пат дојде дома кај мене. Заедно со друштвото и ти беше обичен другар во очите на домашните Ама нели моите се како вработени во ЦИА, па те приметиле и ми кажаа дека новото другарче од друштвото им било баш фино Нека остане на -другарче- сега за сега пред останатите, колку помалку луѓе знаат толку подобро. Друго што би рекла е дека ми се свиѓа каков карактер имаш...Знаеш кога да се зезаш, кога да си озбилен, кога да кажеш погоден збор во ситуацијата...Знаеш како да се понашаш со постари, како со помлади, како со деца, како со другари. Мислев само по филмови има вакви луѓе што знаат како да се понашат според скрипта напишана од професионалци Нормално ко и секој човек од крв и месо, и ти имаш некои маани ама моментално носам розеви наочари и ги игнорирам Ај добра ноќ
Е вакво инфо ми требаше, како ова од денеска, за да комплетно те избришам од мојот живот, и да не те спомнам никогаш повеќе дури ни низ рандом муабет. Те мразам! Ти си бил стварно покварен скот, психоманипулатор. Заслужуваш ќотек искрено, да земе некој добро да те измлати, али не си ни за тоа вреден. После толку време уште дознавам нови ствари за тебе, и не ми се верува кој болен гад си, и кои игри си ги играл у позадина. А сега, скапувај засекогаш во твојот мизерен живот, зашто само тоа и ти преостанува R.I.P засекогаш
Се надевам дека еден ден ќе успееш да прогледаш со целото твое срце што е како од камен. И тогаш ќе бидеш свесен за се, апсолутно за се што се случува околу нас. А јас? Јас само ќе се надевам дека нема да биде предоцна.
Живео крај, живео ти мени, живела ја, живело вино за несуџене... Зашто на крај тоа и останува: ние да сме здрави и живи. Ќе бидеме совршени за некои други, за нас веќе не сме.
Ах.. повторно ми го помати умов, повторно почнав да скршнувам по некои непланирани патчиња наместо да си продолжам да чекорам по веќе познатата патека.. Каде, кажи ми каде да те чекам за да продолжиме заедно?
Мило ми е што се расчистивме во четири очи како двајца зрели личности. Јас можам да продолжам напред, а за тебе не знам. Може кога најмалку се надевам ќе се случи нешто, тоа е само капка надеж. Фала ти за времето, ми олесна кога ти кажав како се чувствувам. И додека си одев дома ветерот ладен ме дуваше,камо срцево да ми беше така ладно. Ќе биде за тебе со текот на времето.
Знам дека не осети како цела ноќ те галев по лицето и косата, нежно те бацував и ти го слушав секој длабоко земен здив. Ме бараше постојано, прегрнувајќи ме и од време на време силно стискајќи ме на половина. Веројатно сонуваше... Сакам да те гушкам постојано и да ти кажувам дека ќе поминат овие денови. Не сакам да те притискам, спомените ти се постојано пред очи. Ќе помине, тешко е и болно е.. Но таков период од животот е. Те сакам. Премногу!
Што да ти кажам кога не ме разбираш... Не сакав ваква врска ама тоа е... Не можам да те оставам сега. Нашево е од една страна далеку подобро од се што некогаш сум посакала, но од друга е многу, многу токсично за мене...
Се понејасен и понејасен ми стануваш, првин ме игнорираше и остави се без збор, а сега по два месеци ти текна пак да ми пишуваш, очигледно ми се умилкуваш и зборуваш за обновување на некоја стара врска. Која ти е целта сега? Изгледа сфати конечно дека само јас можам да те трпам ваков.