Изгледа до тука било нешето. Додека ти размислуваш дали уште ме сакаш, јас одлучив дека ти не заслужуваш да ме имаш, да ме наречеш своја. Јас заслужувам да сум третирана далеку подобро од ова и нема да дозволам уште еднаш да испаднам будала. Додека ти мислиш дека нашата врска е во твои раце, јас веќе сфатив дека од нашето нема веќе ништо "наше", ако воошто некогаш имало. Ако мислиш дека пак ќе ти пишам прва, гадно се лажеш. А и знам дека ни ти нема да пишеш, не ти е гајле веќе, јасно ми е. Затоа ставам крај, не ми е лесно, ама доволно се почитувам себеси за да знам дека ти не си добар за мене. Имај убав живот Г.
Прва ноќ без да те допрам без да си домене после толку време конечно успеа да ме оставиш сама..лошо ми е без тебе сама сум..ебено цел ден ги држам солзите ама сега не сега ми требаш како воздух да те дишам очајно ми фалиш бее..не мислев дека ке биди толку тешко...(меко мое суштество)
Ќе те чекам на нашето место....дојди на тоа место како што вчера дојде на сонот. Се сеќаваш ли кога ме праша дали сакам врска. Јас ти реков дека ми е страв (знаев дека работите вака ќе испаднат) ти реков да, те гушнав толку силно што мислам дека во тој момент ти дадов дел од мојата душа и ти реков што и да се случи секогаш ќе бидам тука за тебе, ти климна со главата. Тој момент не можам да го заборавам. По се што се случи јас сум тука за тебе. Премногу ми фалиш, но не можам да ти се јавам ......
Глупав, ги слуша туѓите мислења, а не го почитува своето, смотан...Па, зарем другите ќе ти го наредат животот бе???
Многу несигурно се чувствувам во врска со тебе. Таман почнав да те заборавам ти пак се обидуваш да ми влезеш под кожа. Не знам што да правам, што да слушам дали срцето или разумот.
Ми приреди стварно добра вечер. И искрено, мн ми помогна и ми олесна во овие 2 недели. Ми покажа дека си се она што велеше дека си. Фала ти, другар ❤
Најубава речиница што можев да ја слушнам во едно есенско студено приквечерие: - Поминував покрај книжара, а на излог стоеше насловот што ми го спомна...Се сетив на тебе и помислив дека треба да ја имаш книгава дома, за да не трчкаш до библиотека кога ќе сакаш да ја читаш по втор или трет пат...Повели. Не знам дали навистина случајно си поминувал покрај книжара или со намера си отишол да ја купиш книгата, ама со ваков мал гест, во таа минута кога ја земав книгата во раце се почувствував и битно и сакано и среќно до небо.
Си ме одблокирал на фб, се сети на мене? Предоцна е, се изненади кога виде дека не можеш да ми пишеш? Те молам, не ми се појавувај повторно во животот, заборавив се како ништо да не било, ние сме одамна завршена приказна...
Толку малку љубов имаше за мене па не е ни чудно што со леснотија продолжуваш понатаму....и мене не ми е тешко нема да лажам многу подобро ми е сега.....ама јас не можам со таква леснотија да кажам на некој друг те сакам,да го гледам со заљубени очи,да избришам спомени....едноставно не можам,тоа е моето проклетсво што тешко се одкажувам од спомени,тешко заборавам...од тебе со дкажав уште многу одамна ама сепак за да продолжам понатаму ми треба време,а не ти.....
Во право си... Секој твој шамар, оттурнување, омаловажување и бегање, секоја теорија и терапија ме направија мене, оваа непокорната! Во право си... Секогаш ќе трепка тоа во мојот живот... Секогаш ќе сум свесна дека девојчето покрај твојата крутост стана цврста жена... Знаеш ти, знам и јас, и нека знаат сите... Некои расцветуваат од љубов, внимание и поддршка, а јас очигледно кактус... во боцки знам да извадам цвет..... Сепак фала ти!
Да си среќен како што сум среќна кога ќе те прегрнам, заљубен како што сум јас во тебе, најуспешен зошто заслужуваш и најважното засекогаш мој, а јас твоја. Нема зборови со кои можам да опишам што се ти посакувам на овој ден. Да имаш најубав ден љубов моја