Ти си манипулатор кој свесно и несвесно прави се за да си го заштити сопствениот грб. Во секоја ситуација сакаш да излезеш победник. Егоист. Не сакаш да бидеш лош во очите на другите. И знаеш што? Иста сум. Но признавам, за разлика од тебе. Само ти спрема мене, јас спрема некој друг. Кон тебе најверојатно некој трет. И се така во круг. Ама секој го стигнува она што го заслужува, порано или подоцна! Не ти посакувам ништо, ни лошо ни добро. Рамнодушна сум, те пуштив да живееш. Сега веќе оди си и од мислите и од срцето. Душата ми бара љубов, дај ми шанса да ја најдам на друго место.
Јас и ти пак заедно на иста маса. Аман веќе не можам, срцето ќе ми се расцепка, да си ми толку блиску, а да не смеам да те допрам. Ми се идеше да избуткам се и маса и пијачки и да ти се фрлам во прегратки да ме изгушкаш само како што ти знаеш.Само никако не можам да се помирам со твојот инает.Па затоа ќе глумам ладна и дека ништо не ми е.А гледам како ме гледаш и дека уште ти значам. Ако не друго, барем и на двајцата ни беше мизерна вечерта.
За две недели ти е роденден. А ти ќе си одиш токму два дена пред роденденот,и прашање е дали ќе се вратиш. Знаеш што ми текна?пред многу години сакав да ти купам една блуза која со денови подзастанувајќи ја гледав на излогот,и не ти ја купив ете не знам зошто. Сега можам да ти купам блуза или било што друго,ама не знам зошто не можам да се помирам со тоа што тогаш не ти ја купив таа блуза во која те замислував секојдневно... Знаеш,спомените се тука и секогаш ќе бидат...се појави кога најмногу ми беше потребен,а сега си одиш пак кога најмногу си ми потребен. Без разлика дали ќе ти купам нешто,додека сум жива нема да заборавам ниту еднаш кога ти е роденден,бидејќи тогаш му е и на татко ми. Ете,крајот,онај неизбежниот повторно е тука,повторно ќе си само убав спомен....
Ми текнува кога за прв пат пред пет години се заљубив во тебе.Да,прва љубов исполнета со песни и искрени чуства, која секогаш ќе се памети.До тогаш немав сретнато човек како тебе,ниту пак ќе сретнам.Свесна сум пропуштив поради мојата непокорност Ти беше чувствителен човек со гитара.Како и до ден денес.Од тебе зрачи само светлина,позитива која дава смисол за надеж за понатаму.Мило ми е што постигна многу повеќе ден денес од тоа што беше.Тоа што напредуваш по еден чекор напред секој нареден ден и си се по познат .Како и да заврши на крај тој "сон" сепак беше се како бајка,која ми буди убави спомени.Може да се каже дека сега ми паѓа по малку и смешно и интересно.При секој миг со помисла од минатото ми краде блага насмевка на моето лице.Особено за некои си "посебни" моменти.Можеби никогаш нема да го заборавам тој момент и покрај што повеќето се избледени сеќавања..Моментот незаборавен кога добив одговор на песнава: Од тебе,со: Твојава така и бидна ти беше спремен за до крај,јас сум таа која се откажа
Ти си срцка, душа си бе... Ти си единствениот кој секогаш, ама секогаш ќе и покажува на жена колку време изгубила сакајќи го... Ти си единствениот кој секогаш ќе ја потсетува колку не вредело ништо... Ја почитувам од се срце твојата стабилност, твојата непроменливост ти си показател дека ништото е ништо, и вчера, и утре, а најмногу денес!!!!
Сакам да повлечам сето она што го напишав и кажав за тебе, ама знам дека подоцна ќе се вратиш со некој изговор а јас ќе сфатам дека џабе се имам лутено. И така..
Ти си ми се Само на тебе можам да кажам што ме растажува, расплачува, загрижува буквално се... Дел од мене си, дел од моето срце Многу сум благодарна на Бога што ми те прати кај мене
Зошто вака правиш, тргни се од мене, откажи се.. не сме јас и ти еден за друг. Прекини да ме провоцираш, не сакам никој ништо да буди во мене, а ти почна да копаш каде не ти е местото.. немој таму.
Не е љубовта тоа што ме држеше за тебе, туку удобноста во своја кожа додека сум со тебе. Можеби беше до нас или до годините кои ги поминавме заедно ама се надевам дека тоа ќе го имам и со друг. Мора некогаш да се пресече, да се каже дека не оди, едноставно не ни е судено. Сакам да го исчистам срцево и да го спремам за нешто ново.
Те видов, те гушнав силно и те помирисав. Сосема доволно за да ми се смири срцево, а мозоков да почне да ми функционира нормално. Ми фалиш повеќе и од што можеш да замислиш...
сакам дечко сакам да е до мене,поддршка, надополнување, можам сама ама со теб е поинтересно... ама не знам дали си правиот за мене. не можам да те проценам,манипулатор си,ваљда.
чао до нареден слободен ден кога ќе ти е досадно па ќе рчнеш кај што боли, со надеж дека нема повеќе да боли. може за тебе моето НЕ ништо не значи, навикнат да добиваш се што ќе посакаш (секоја чест за тоа) но на стара слава кај мене не може, не проаѓа.
Целата омраза, сиот тој гнев што го чувствував за тебе толку долго сега почна да исчезнува. Јас сум ладна и безчувствителна личност која не простува лесно, а сега се наоѓам во ситуација кога сум спремна да ти дадам повторно шанса, се наоѓам во ситуација во која раскажувам за тебе со толкава љубов, секој момент чекам да ми пишеш, едвај го чекам моментот кога ќе те видам и сонувам за моментот кога ќе потонам во твоите небесно сини очи и топлата прегратка. Иако до сега требаше да заборавам дека постоиш, сега паѓам на твоите зборови како лисјата надвор. Само ти можеш така да ми влијаеш...