Ете така. Звршивме. Сите слики ги избришав, сите чатови, сите спомени. Те избришав и тебе од мојот живот.
Не си фер. Кога најмногу ми требаш си одиш. Немам право да те спречам,сепак овие планови си ги смислил пред да се смириме. Заминуваш за подобро утре и посветла иднина. Ама дали ме има мене во твоите планови за утре? Се плашам да те прашам,се плашам да не слушнам нешто што ќе ме повреди. Понекогаш ни сама не можам да поверувам како после толку години си се враќаме еден на друг,а од друга страна се е толку совршено комплицирано. Да,танка е линијата на едноставноста и комплицираноста меѓу нас,а ние т.е ти секогаш го одбираше ова второто... Ама знаеш што?-ќе оставам се на времето,тоа најдобро знае и умее како за понатаму. Уште не дојде денот за поздрав,ама уште од сега сакам да викам НЕ ОДИ!!!!
Mi rece da ziveam so polni pluka,da cekoram so krenata glava ,da ne se plasam od nikoj i nisto i da odberam umno.Jas odbrav,a dali e umno...vremeto ke pokaze...
Има мажи кои те прават жена, ете маѓично со поглед и шепот будат се во тебе, те прават нежна, маѓична, сексипилна, непокорна и поуспешна... Има мажи кои ти го менуваат ритамот на дишење, па дишеш со неговиот мирис, со духот нов кој го разбудиле во тебе... Има мажи кои го бојат животот, чии раце ги чувствуваш врз себе и по деценија, кои ти требаат, кои ги бараш повеќе од себе... Има мажи кои те потсетуваат колку вредиш, која си, каква си, кои те прават повеќе своја од самата што знаеш да го направиш тоа... Има мажи после кои не можеш да си простиш што си ги изгубил во мал миг на невнимание... А има и мажи кои ќе ти ја убијат насмевката, кои духот твој со нула ќе го срамнат... Има мажи кои да сакаат не умеат, кои се слепи и глупи за емоции, кои смислуваат правила, креираат прописи, кои животот го жигосуваат... Има мажи кои не препознаваат цвет, ни мирис, ни пролет, кои вредност не порепознаваат, кои газат и обвинуваат, кои место комплименти дека им е сеедно покажуваат... Има мажи кои и сами се свесни дека немаат вредност, па со лажна доминираат... Има мажи после кои утробата боли од каење, телото се грчи, а срцето денови не се смирува од бес... Има мажи после кои ниту една клетка не може сама себе да си прости што го сакала, па боли, па гуши, па труе.... Има мажи ете такви како тебе, после кои жената вредност пред своите очи нема, за слепоста, за глувоста, за неспособноста да замине кога требало... Има мажи после кои се останува мртво....
Љубов моја. Сакам кога така изненадно ме земаш во прегратка, така неочекувано. И се` што чувствувам е твојата топлина, твојата нежност, рацете твои околу мене, ме спасуваат. Твојот мирис. Нежен, ненападен, а така познат, така удобен. Јас го најдов мојот дом. Тој е во твоите раце, во твојата прегратка. И светот мој, во твоите очи со боја на небо.
Џабе што си тука кога не знаеш како да се испонашаш во дадената ситуација. Секогаш да не знаеш како и зошто. Ко јас да сум и машкото и женското во врската. А ти само симбол..
Не сме совршени. Имало подеми, имало падови. Но си докажавме дека сме еден за друг. Го правиш мојот живот поубав. Овие 9 години со тебе се најубавите во мојот живот. А те сакам од ден на ден се повеќе. Нека ни се множат годините најмило мое.
што би му кажала Да можам би ти кажала дека ти си мојата неостварена љубов Би ти кажала дека ти човекот во кој јас се заљубив Би ти кажала дека никој нема да те замени Би ти кажала дека секогаш го чекав моментот кога пак ќе се сретнеме Би ти кажала дека со секое наредно гледање се повеќе те засакувам Би ти кажала дека чекав да ми кажеш дека сакаш да си со мене Но јас ти кажав Крај
Ти немаш право да знаеш каков живот имам.Уште многу ке се криеш и ке ме гледаш од страна,јас немам намера да го правам она што го правеше ти.Нема да ти праќам слики од моите комбинации,излегувања,лудувања.Нема да ти ја докажувам мојата среќа како што ти го правеше тоа.Ке ти биде срам уште многу,сега џабе се каеш.Немам втори шанси за тие како тебе знам дека еден ден па ке го сториш истото.Како ти е сега да бидеш со девојка која ги лаже сите околу себе и нејзините дома.Убавп ти е да бидеш во тајна врска?Посакувам цел живот таков да ти биде.Ти изгуби нешто вистинско паа сега живеј си во тајни.Немаше причина денес да ми се јавиш,не сакав да зборувам со тебе.Знам дека со неа можеш само кафе да пиеш ама нема потреба јас да те слушам за се друго.Ти си тој што ја отвори оваа тема другарче.Океј е нашето другарство ке остане ама секако нема да бидеме исто како порано.
Од сите твои пораки, вистинити се само оние кои никогаш не ми ги испрати. Оние кои никогаш не ги добив.
Уште една недела ни остана така? Се прашувам дали ќе се поздравиме,дали ќе издржам да те пуштам да заминеш...или пак ќе заминеш без поздрав. Знам дека ќе се вратиш,ама велат дека оние кои заминуваат никогаш не се враќаат повеќе исти. Јас ќе те чекам,твое е само да се вратиш,не смееш да не се вратиш,бидејќи останаа многу неискажани зборови. Љубов,а само колку ќе беше се совршено да ме сакаше барем половина од тоа што те сакам јас тебе... Не те обвинувам,години поминаа,се изменија многу работи меѓу нас. Едноставно,благодарна ти сум за искреноста,и за убавите недели поминати заедно. И на крајот,само знам дека ти си мојата љубов,лудост,тајна,болка,среќа,тага,радост,причина за воздишки...ти си моето СЕ,без разлика на се....
Плановите што си ги правевме заедно со месеци, јас ги реализирав со друг, ден после разделбата со тебе. На тебе помислив кога друг ме бакнуваше така страсно, примитивно, онака како што сакав ти да ме бакнуваш. На тебе помислив во моментите кога тој ме допираше како што сакав само ти да ме допираш. За среќа ми текна како се однесуваше со мене пред да раскинеме. И одма ми избега од мислите, а јас се предадов на друг бидејќи ти не заслужуваше да ти се предадам така.