Не можам да се ослободам од чувствово што го предизвика во мене, опасно лош си за мене. Зошто повторно иста приказна сака да ми сервира универзумот, зошто истата раскрсница пред мене? Го поминав овој пат.. Овојпат ке бидам силна за себеси и ке го одберам она што ми треба, а не она што го сакам овие денови, недела и повеќе кои како низ магла ми поминаа и всадија нешто во мене само после една средба.. ке му ги пресечам корените ладнокрвно и отсечно.
Знам дека обожаваш да работиш со мене на заедничките проекти. Барем признај си..не можеш а да не го спомнеш моето име
И кој ќе ми вели сега свинче мое? Јас пак,ти се лутев кога ме викаше свинче,ти ќе земеше да се правдаш,е не ти викам свиња,тоа е навредливо не свинче Ок.Нема врска(дебелка сум,знам)цел живот ми помина во диети,амаааа сега имам воља поголема. Абе кога ќе се вратиш од Германија,нема да ме препознаеш Немој да си помислил да не се вратиш
Најмногу се гордеам што под никакви услови не отстапуваш од својата принципиелност. И додека ми објаснуваш колкав притисок трпиш на работа, а ти строго се држиш до тоа да бидеш праведен и чесен и да не прогледуваш низ прсти, туку да бидеш професионален, посакувам само да сум до тебе, да те прегрнам силно и да ти кажам колку сум среќна што си мој. После десет години, разбирам што значи кога ми велеше дека она кое го имаме е посебно и дека совршено си одговараме. Идол си ми, заштитник, ангел чувар, ти си ми се'!
Убаво ми е кога ми велиш: -"окце мое". Толку ми е убаво со тебе, што веќе престанав да мислам и на најлошо. Потајно, ама силно верувам дека ова нашево ќе ни успее, иако нејќам да ти го признаам тоа. Иако сам ми призна дека се надеваш и ти, можам по самиот поглед да заклучам дека е така. Не ми требаат зборови, доволен ми е само твојот поглед и знам Си ги бројам деновиве, едвај чекам да те изнагушкам. Ти нема спас од мене
Ни градовите, ни новите земји, ни предизвиците, ни границите, ни комплиментите, ни туѓиот восхит, ништо, ама баш ништо не може да ги избрише валканите работи со кои си ми ја гаѓал душата...
Ме додаде на фб, виде дека не те прифаќам и го откажа барањето! Што е се скара со неа, па да си ја пробаш среќата повторно да ме правиш будала? Кој идиот од човек си ејј, при секоја караница ја изневеруваш, ти незнаеш да цениш девојка, за таквите како тебе нема место во мојот живот! Среќна сум што ти го видов вистинското лице, навреме дознав каков си. Како само поле се, се обидуваш повторно да ми се доближиш?
Знам незрел си, ти се игра, интересно ти е, те сакам на оваа, на онаа, мене... Знам точно се што се случува, а упорно се борам да постигнам нешто, одам со главата во ѕид, заборавам на гордост, на самоконтрола, на самопочит... Не знам дали те сакам или само сакам да те променам. Можеби си ми љубов, а може предизвик. Можеби кога ќе ја видам љубовта во твоите очи ќе се удавам во неа, а можеби само ќе те згазнам како отпушок и ќе заминам по друга љубов... Или нов предизвик..
Те сакам најмногу на свет најмногу,неможам да го замислам овој свет без тебе душиче мое неможам да гледам што се сум ти изнапишала,неможам да ја гледам ни сликата очите вцрвенети како ти се,те одблокнав од инста и ја видов господ да ме казни ти ветувам нема да се повтори,нема да избрзувам.Ти си моето се,извини уште еднаш се каам мило мое, солзите ми се истрошија овие три дена немам спиено воопшто Зошто се казнуваме вака,дојди гушни ме,така многу убаво би ми легнала таа прегратка охх
Знаев дека не си за верување....искуство е во прашање. Оди со некоја која не е твој тип сега. Дознав и многу порано од што ти можеше да замислиш. Изненаден нели???? Не му ја мисли "нече мени твој одлазак убити јер ја сам стар губитник који зна губити" а веке и нешто ново ми ги поматува мислите....
Ме канеш на состанок , постојано ми персираш , ми се обракаш со Вие ме шармираш одсекогаш се зборувало дека си џентламен и голем љубител на жени ..... Но ме покануваш на дејт а ми велиш да одиме на кафе каде што не би биле видени Бидејки си бил јавна личност не си сакал да те има низ портали . Времињата се сменија Господине , дамата ги одредува правилата и условите
И ден ми изгледаше долг без тебе и пет часа кратки со тебе, и пеперутки ме преплавуваа штом те видев, и кожата збеснуваше ако те допрам... И дојдоа бури и донесоа денови во кои цветаме кога не се гледаме и еден час предолг е кога се гледаме, и збесувам ако се насмевнеш , и се згрчувам ако ми збореш, и се камшикувам ако те помирисам.... Ееееее така преминувала љубовта во омраза за час, за прекратка недела, и предолг час....