За еден месец одам, а за една недела најверојатно ќе се видиме после долго време, и потоа нема да се видиме уште толку, па можеби и повеќе... Мислам дека знаеш дека ќе одам. Знам дека знаеш... Ако не ми речеш ни еден збор,ни едно ,, со среќа ,,...
A stize poruka kad ono ti pitas kako si, nije lose ljubavi, reci mi, kod tebe kako je, malo mi nocu falis kad zvezde sijaju, druge me sve nerviraju a ja tvoj poziv cekam bar negde iz daleka, a njega nema
И ми велиш„Очигледно секоја тема за нас двајца е забранета“... и како да ти речам, ете како да те прашам дали се сеќаваш кој рече„Ние добрите и лошите мигови ги поминуваме сами“... и како да ти речам ете како да те прашам каде беше додека го стегав телефонот во рака чекајќи те да се јавиш... и како да ти речам ете како да те прашам каде беше додека главата во ѕид си ја мавав , од бес, од немоќ... и како да ти речам ете како да те прашам каде беше додека во черити ѕидови се обидував да си го скротам стравот... и како да ти речам ете како да те прашам каде беше кога ми требаше цврста прегратка на која ќе се изнаплачам... и како да ти речам ете како да те прашам каде беше кога срцето ми пукаше, а косата лепеше на испотеното чело, да ја тргнеш, да го бакнеш, да ме смириш... и како да ти речам ете како да те прашам каде беше додека пепел се правев на метар од тебе... и како да ти речам ете како да те прашам додека умирав по тебе зошто рече „имам јас на кого се да му кажам...“ и како да речам дека ова не се враќа... дека на вакви темели доверба не никнува... дека по вакви отсуства оправдување нема.... дека јас не знам да глумам ... дека се ќе си остане мртво засекогаш....
И тоа ли беше дел од грижата?Да си ми пружел голем луксуз,да си ми купувал се што ќе посакам,да си ме шетал каде посакам??!!! Охх душичка,зошто не ми кажа порано што ти тежи..Ме преплаши помислив којзнае што е сешто ми падна на ум. Према мене ова не претставува никаков проблем,ама баш никаков! Не сакам миличко мое јас такви работи доволно е само ти да дојдеш да те гушнам ете тоа е најголемиот луксуз за мене,нема потреба да се грижиш Ти си сеуште само ученик а толку се грижиш за мене.Па јас сум најсреќната на овој свет Немора тоа да стане реалност,среќна сум што мислиш на мене и се грижиш Секогаш ќе бидам покрај тебе,бидејќи неможам да се замислам без тебе Те сакам
Поминаа 12 дена од кога раскинавме. Не сакам да признаам, ама многу ми фалиш. Некогаш ќе ми текне да ти кажам што ми се десило дента, ама заборавам дека не можам или подобро кажано не смеам. Ме боли да мислам на тебе, иако не те сакам како порано, ми фалиш за муабет, онака. Дечкото со кој се гледам без обврски е добар, нежен, ме цени и ме сака како личност. Тој ме чува како капка вода и со него се осеќам сигурно. Мислам дека почнувам да се заљубувам во него, а знам дека не можеме да сме заедно. Ги повторувам истите грешки од порано, во тебе се заљубив за да преболам друг, во друг се заљубувам за да те преболам тебе... И така...
Знаеш....? Не мислев дека ќе бидам олку силна на крајот. Крај,крај,крај...дојде и тој,а колку само ни беше убаво овој еден месец заедно. И кој би помислил дека јас и ти ќе бидеме заедно после толку години,и на крајот пак се разделуваме. Веќе се имав навикнато неколку пати по ред да те губам и пак да се појавиш од нигде никаде. Сега,мислев дека ќе викам на цел глас не оди,ќе плачам,ама не,само те гушнав силно и кажав дека секогаш те сакав премногу на некој чуден начин. Ама ти реков во минато време знаеш...не знам дали те сакам со истиот жар од порано,ама знам дека секогаш ќе заземаш некое посебно место во срцето. Фала ти што не ми даде лажна надеж,не ми ни даде ветување дека ќе се вратиш,да те чекам,ништо од тоа. Можеби затоа и ми е полесно сега,овојпат не останаа недокажани зборови за разлика од минатото. На заминување ми рече дека знаеш оти никоја не те сакала како мене досега,ама јебига не сме можеле да бидеме заедно оти јас сум рак а ти шкорпија. Нема да те побарам,ако ме побараш ти кога ќе стигнеш таму,тоа е друго Ако не,збогум,до наредна средба,можеби во некој друг свет,универзум има место за нас...
Пред некое време молев и плачев за да добијам прилика да ти изнакажам се и сешто, за да те спуштам на земја, за да ти кажам дека не си човек, да ти покажам колкав идиот си... и сега кога ти ми даде можност да ти го кажам тоа, кога ја имав таа долго посакувана прилика, повторно ме магепса, ме освои и јас не можев уста да отворам. Дали си свесен како ми делуваш, како апче за смирување
Втор ден како бројам дека те нема. И ќе бројам уште многууу денови до твоето враќање. Ама намерно не ти пишав ништо,така да си знаеш. Се почувствува сам нели,осамен си во непозната држава,нема никој близок до тебе,и тоа токму за твојот роденден. Ми измами насмевка кога ми пиша дека си очекувал да ти честитам прва роденден во 12 на полноќ,како некогаш во старите добри времиња. Сакав да видам дали ќе ја забележиш мојата рамнодушност Ама,да ми беше сега блиску,ќе те изгушкав најсилно на свет и ќе викав на цел глас среќен роденден најмил мој.....
До кога ќе ме мачиш вака? До кога ќе зависам од тебе? Дали некогаш ќе успеам да те избришам од срцево мое, барем на минутка да те заборавам. А знам дека и ти чувствуваш нешто за мене, би било невозможно да е спротивното. Те молам опамети се, објасни ми на што сме, не можам веќе вака..боли.
Сакам да ставам крај очи во очи Да ти кажам се она што ми лежи на душа последниве неколку месеци и да видам дали ќе покажеш барем трошка каење за твоето однесување..
Ме чекаш да ти пишам, те чекам да ми пишеш, но никој не попушта. И животот минува и веќе имам многу планови за иднината и во нив засега тебе те нема. Последниот пат кога зборувавме ми рече дека одамна ме немаш видено и ти недостигам но не ми понуди средба. Премолчев. И сеуште молчам. Но знај дека ако почекаш уште неколку месеци или година, веројатно ќе исчезнам засекогаш од твојот живот. Знај дека повеќе нема ниту да можеш да се надеваш дека ќе ме сретнеш некаде, бидејќи си заминувам. И од твојот живот и од мојот овдешен живот. Си заминувам и верувај дека ова е конечно и последно заминување. Нема назад повеќе..
Знам колку нервозен беше денес и ќе потрае тоа, но додека ми кажуваше колку си цврст во своите ставови, дури и цел свет да е против тебе, те гледав со такво воодушевување и размислував колку се ретки луѓето со храброст како твојата. Не се плашиш ниту од надредените, а ако некој те потцени или навреди, не преќутуваш, дури и зборови не знаеш да избереш. Лошо е што твојата правичност ја заменуваат со инает, но ти знаеш за што се бориш. Ете, сето ова имав да ти го кажам денес, ама немав зборови за да ја изразам мојата огромна почит, па единствено можев да изговорам "те сакам". Се надевам барем во мал дел ти ја ублажив нервозата, лаву мој .
Хело Мистер Кога ми персирате се доживувам како Жосефина покрај Наполеон Бонапарта Ви го обожавам вашиот карактер ,кога ви поставувам прашање со содржина од еден километар а вие одговарате кратко и јасно Знаете , вие сте мојата инспирација , би напишала многу песни кои можеби еден ден ке бидат испеани ... Па ке сватите дека моето молчење и мојата срамежливост било најгласно , и дека ми била голема храброста да запознам таков човек , да застанам рамо до рамо до вас , но знаете што е тоа што ми смета ..... Со голема почит Твоја Јустициа
Еднаш сакав да ти пишам за да те прашам како си,ме интересира навистина како си,онака ти да ми зборуваш а јас навистина да те слушам,да ми кажеш се.....да не ми одговараш механички туку од срце...сакав да те прашам па се сетив дека јас одамна не сум таа што треба да те прашува како си,се сетив дека и ти никогаш ме немаш прашано,бидеејќи никогаш и не ти беше грижа,ми се навратија чувства ме преплавија спомени.....и повторно потонав во минатото,а само сакав да знам како си....