Знам дека знаеш дека многу те сакам, ама исто така не можам против твојот карактер и твоето однесување. Ме излудуваш а не сакам да те изгубам, знам дека и ти не сакаш, ама барем помогни ми бе, не можам сама да се борам.
Ти си најдобриот маж и татко на светот. Се обидувам да ти најдам маана и единствено што ми паѓа на ум е твоето хрчење. Извини за лактот ноќеска, ама од такт ме извади. .
Никогаш не сум се плашела да сонувам големи работи, нити сум се плашела да бидам„доволно луда“ да тргнам по нив, нити сум се срамела да застанам пред другите и да ги бранам тие работи, посебно кога се викаат љубов, нити да не ги убедам тие други да застанат до мене на моја страна, нити пак да се уморам и откажам на пола пат од теретот на таа љубов, нити да го оддделам телото од срцето и од умот, па да ја извалкам таа работа... Но требало верувај! Требало да сопрам и за миг да престанам да те убедувам дека ме сакаш, кога си сторил се да за покажеш дека грешам... Требало да сопрам и да престанам да ги бркам сите што ме сакаат, само поради надежта дека баш ти си тој... требало...морало...
Тажен сум... Знам дека спиеш или можеби си излезена а јас ете не знам... Ама ако.. Сакам да верувам дека спиеш и дека се одмараш по работниот ден,затоа не ти звонам иако до сега ќе ти заѕвонев милион пати. Можев и денес да дојдам и да се видиме ама цел ден бев натака,навака... Мислев дека ќе поспијам ама сон не ми иде. А и без пари останав,сите пари по лекови ги остаив месецов Се надевам дека барем сеуште те имам тебе после се што пројдовме.
Од мене толку Само се надевам дека животот ќе ме спои со личност која ќе ја заслужи сета љубов која ја имам во мене, а за жал ти не беше тој. Втората шанса беше грешка, ама сепак ќе ти признаам дека те сакам Те засакав повеќе од што заслужуваше, но тоа е Со ведно и насмеано лице продолжувам понатаму, иако сум свесна дека тешко дека некогаш ќе те заборавам Ќе ми недостигаат тие сини очи полни со тајни Ќе ми недостигаат тие усни кои горат за бакнежи Тоа тело желно за прегратки Ке ми недостигаш ТИ
Само ти си ми единствената светла точка во овај мој живот ама за жал ти наскоро заминуваш. Засекогаш заминуваш, од една страна многу ми е мило за тебе што конечно ти се исполни твојата најголема желба, но во истовреме се прашувам што ќе правам толку време без тебе. Навикната сум на далечинава но овај пат нема да биде само неколку километри туку илјадници. Само едно знај, без разлика колку далеку си ти од мене, јас секогаш ќе бидам тука за тебе.
Ми се врти низ глава една мисла. Пред еден месец ме праша зошто не сум се омажила сеуште,а јас ти одговорив дека не можев за тој што го сакам(а ти будалче не ми ја свати поентата,не свати дека за тебе мислам...или се правеше на удрен дека не сваќаш?). Следуваше твоето надоврзување,рече јебига има некое проклетство никој да не се венча со оној кој го сака.... Не ти одговорив ништо на ова,не дека не си во право,но сепак постојат исклучоци нели.
Уште ми фалиш душо, секој ден те мислам, а секоја вечер те сонувам. До кога вака? Кога ќе се јавиш? Сакам да те слушнам, да знам дали си добро, сакам да ги видам и бакнам твоите плави очи, сакам да те гушнам, сакам да си раскажеме се што ни се случило овој период. Дали ќе ја имам таа шанса? Премногу работи имаме поминато за толку лесно да ставиме крај. Изгледа и ова Нова Година ти ќе бидеш желбата што ќе ја посакам чувај се
Во глувата тишина на ноќта ги листам сите наши заеднички слики и знам, сигурна сум дека сакам засекогаш така да стоиш покрај мене, до крајот на нашите животи, во добро и лошо, да правиме само убави спомени врежани на фотографии и во нашите срца и глави. Нашата приказна е необична, патот да бидеме заедно на едно место ќе биде подолг и потежок, ама се додека по тој пат ме држиш за рака и велиш дека заедно ќе одлучуваме за се, јас сум спремна да го одам. Твојата широка насмевка за мене значи се', значи свет. Јас тој свет го запознав после долго чекање, убаво ми е во него, сакам да останам таму и само да ја негувам оваа љубов. Во овој лицемерен живот, ме правиш најсреќна и ми даваш надеж дека мојот младешки сон за некој да ме сака без оглед на било што, можеби нема да остане само сон... Деновите додека ти работиш на лаптоп, а јас ја правам твојата омилена супа, за мене се бесценети. Па ќе дојдеш, ќе ме бакнеш, ќе прашаш дали ми треба помош, ќе грицнеш нешто и ќе ми шепнеш едно - те сакам... За тие денови живеам сега. Те љубам fussy.