Жал ми е за тебе, знаеш? Мислам дека конечно сфатив дека ти си имаш проблем со самиот себе, затоа ништо не ти успева. Не можам да те обвинувам за тоа, очигледно не ти е лесно, секако сите поминуваме во период во кој не можеме да се разбереме самите, во период во кој се ни пречи, ништо не оди како што треба, амаа ти никако да излезеш од тој период, гледам дека се мачиш, сакам да ти помогнам, ама залудно. Еднаш поминав низ тоа да ме третираш како свој психолог, сега чувствувам исто ќе биде и ова воопшто не ми се допаѓа, не ги преминувај границите на моето трпение.
Oh honey...Како детенце некое си,штом ќе видиш дека сум зафатена со нешто друго,се ќе превртиш за малку внимание..
Мислеше дека повторно ме придоби лесно како што тоа го правеше претходно.. Ах колку убаво се излажа. Не, никогаш повеќе нема да дозволам во врска со тебе да бидам водена само од чувствата.. Ги закопувам длабоко во себе и сите разговори со тебе ги продолжувам само со разумот .. Секој збор е промислен, нема правење на грешки, овојпат ќе видиш колку јас можам да бидам студена..
Не ти го честитав роденденот пред неколку дена,нели намерно од инает направив така Ама синоќа ти го честитав со мало задоцнување....всушност барав само изговор да ти пишам... Излезена бев,пиев вино и ми светна во главава идеја дека да беше тука пак ќе им "избегав" на друштвото за да се видам со тебе. Ах,колку ми фалеше и требаше да те видам синоќа. За кој да бегам сега,и како кога не делат илјадници километри Ама се налути малку дека бев излезена а?! Те осетив по тонот на гласот,како ми рече нервозно имај убава вечер,не грижи се не те изневерив Самоооо се поднапив малку,а и за тоа ме осети и тоа ти смета многу,ама ако
Почна да ме јаде црвот одвнатре, некако како да си оладен. Загрижена сум, не знам зошто така се чувствувам. Си мислам зафатен си, имаш премногу работни обврски, но и јас немам време за ништо па сепак мислам на тебе и често ти шкртнувам. Сакам да ги истерам сите негативни мисли од главава, да го смирам срцево. Сакам да верувам дека овој пат нема да ме повредиш, нема да ме напуштиш, сакам да верувам дека нема некоја друга помеѓу нас. Утре ти е роденден, а на мене многу ми е жал што не сум поблиску до тебе и што не можам да ти подготвам некое убаво роденденско изненадување. Ми фалиш мило мое, барем да можев да те прегрнам тогаш би била многу посмирена.
Спојлер Некогаш се преправам дека седиш до мене, ми ја стискаш раката од толку што се смееш. Некогаш пак, се преправам дека ме гледаш од некое ќоше, а јас раскажувам што би сакала ти скришум да слушнеш од мене. Некогаш, можам да те помирисам околу мене. Најчесто се случува кога не очекувам, ама се колнам дека се уште те слушам како се движиш во другата соба. Не знам дали ми помага или прави да полудам. Понекогаш си седам, и разговарам на глас со тебе. Како да можеш да ме слушнеш. Како да можам да те слушнам што би ми одговорила. Ти раскажувам случки, ти раскажувам се што пропуштив да ти раскажам. Ти зборувам за чувства и за се што чувствував а не успеав да ти признаам. Ти зборувам за одлуки и за сите грешки што ги направив. За сета вина и за сета болка што ја чувствувам. Ти зборувам за мојот живот после тебе и зошто не можам се уште да се помирам.
Не знам што веке да кажам. Колку вакви вечери сме имале до сега? Сто сигурно... Јас сум збунет,дали воопшто сме заедно од навика или од страв,да не останеме сами? Вечерва беше од оние вечери каде се досадуваме еден со друг а сакаме да биде како некогаш. Тоа беше тогаш,некогаш...сега и јас сум изменет,а ти упорно ме убедуваш дека ме сакаш. Зар кога имаше љубов нели немаше солзи...јас кај тебе ги гледам постојано и упорно ти укажувам дека ми сметаат. Зар кога имаше љубов нели неможеме да издржиме еден без друг и кога ќе се видиме треба да не се одвоиме од прегратка? Ти кажав вечерва дека јас на твое место би си ја барал среќата одамна среќата со друг. Што проклето најде во мене ШТО?
Јас многу нешта сакам да му ги кажам ама едно и најважно е ова: Дали ти знаеш што се правам за тебе, дали воопшто знаеш дека те мислам секој миг, дали знаеш ти дека кога плачам, плачам за тебе, дали знаеш дека ти си ми во душата и дека ти си единствениот кој ми го освои срцето и цела ме занесе толку страсно, дали знаеш дека секогаш кога посакувам желба, посакувам и се молам на Бога за да си среќен и кога си тажен и јас тагувам, дали ти знаеш дека посветувам и песни за тебе, секогаш кога ќе сум јас тажна ако не те видам слика твоја гледам секогаш и веднаш се смирувам, чувствувам голема поврзаност меѓу нас, ти си мојата друга половина, и знај љубен мој дека јас покрај се сакам да сум повторно заедно со тебе и покрај сите караници јас повторно се враќам на тебе, ако пишам јас вака цела вечер ќе пишувам и 100 страни ќе фати па затоа нема да должам многу; БЕСКРАЈНО ТЕ САКАМ ЉУБАВИ МОЈА, МИ НЕДОСТАСУВАШ! оваа песна е за тебе
Знаев дека ќе ме побараш но не толку брзо. И признавам добро ми дојде кога ми кажа дека ти фалам. А бе љубов, од играчка плачка правиме. Те сакам.
Знаеш колку ми беше мило вчера,кога така се појави брзајќи и немаше кај да бегаш.За разлика од порано ладно беше,ладна бев и јас...и твојата насмевка
Кога ти правиш сцени Кога ти не ме цениш Кога плачам по тебе Кога лут си на мене Кога чуваш во себе Кога лажеш пред мене Кога надолу гледаш Кога крив си и бегаш Девет работи кај тебе јас мразам и уште една имам само да ти кажам, највеќе од се кај тебе што јас мразам, го мразам тоа што ме тераш да те сакам пак...
Ми фалиш многу , знам дека поголем селјак од тебе нема, знам дека се залјубив во очите што најбезчуствително ме гледат ама се би дала да пробаме пак од почеток се од ново .
Цел ден бев во близина на мобилниот и го проверував, имав пречувство дека ќе се јавиш. Тоа се случи вечерва. Знаев дека ќе се јавиш, затоа оставив се на времето. Точно е дека тоа што искрено се посакува секогаш се исполнува. Ме остави без зборови, ме збуни, не знаев што да ти кажам. Повторно ќе ги видам твоите сини очи и конечно во очи ќе ти кажам се она што го чувствувам за тебе. Ќе си дадеме ли нова шанса? Значи мојата новогодишна желба ќе се исполни порано. Те обожавам