Конечно сфатив, после долго време мачење ми дојде паметот. Човекот што стварно го сакам бил и ќе биде постојано покрај мене. ТИ си никој и ништо веќе. Моја грешка беше тоа што имав почит спрема тебе и после се, а тоа го мешав со љубов. Не..не јас не те сакам ниту сега ниту никогаш повеќе. Конечно уживам во целост со некој кој навистина ме цени и ја заслужува сета моја љубов. Ти ми беше една огромна лекција, да си жив и здрав, ама јас потполно те заборавам! Засекогаш!
Неколку дена си Европеец,а веќе си поладен,огорчен,оттуѓен... Не те разбирам. Океј е,не ми даде никакво ветување дека ќе се вратиш,ни да те чекам ни ништо. А од друга страна ме бараш и се лутиш за се и сешто. За потоа да ми речеш дека приоритетна ти е кариерата моментално. Ако.Нека ти биде,искрено,се радувам за тебе... Само,до кога ќе издржам вака не знам... Знаеш,поминавме низ огромни бури,проблеми,разделби и што не...и се си мислам дека овојпат ќе ставиме конечен крај,за наше добро. Сакам иднина со тебе,но исто толку посакувам и дефинитивен крај,оти од оваа наша приказна заебаната страна бев и сум секогаш јас...
После тебе вина, гнев, бес , а најмногу од се срам.... Срам пред себе.... И си велам секој ден... секој миг само да заборавам... Ех , да има само некаде нешто да ми дадат да заборавам дека тебе сум те сакала... Би штедела ли јас пари за тој лек????????????????????????????????????
Многу долго си ме немал видено, сум ти недостигала, единствено си можел да ме видиш на сликата што ми ја “украде“ од раце пред едно долго време.... Хах, па продолжи да правиш глупости и надевај се и понатаму дека ќе ти дадам втора, петта или која и да е по ред шанса
Денеска, чуден ден. Се разбудив и имав чувствував премногу љубов за секого, освен за тебе. Тоа чувство сега кулминираше кога си се навратив во старите денови и видов колку лошо си се однесувал спрема мене. Ахх, (не)човеку..засекогаш изгуби почит од мене !!
Ме гледаш како уште една потрошена девојка Ме гледаш како девојка за секс Ме гледаш како девојка што зборува со сите за сѐ која не се срами од ништо која нема влакна на јазикот Ме гледаш и си мислиш не сум за тебе Имаш право јас сум девојка што не и е гајле за ништо но не знаеш дека поради тебе сум веќе без чувства, поради таа една ноќ јас се сменив а тие наши излегувања ме натераа да се заљубам во тебе но да не ти кажам никогаш. Поради тебе се изгубив Го изгубив и срцето и разумот и душата и љубовта да можам да засакам друг Јас те засакав ама штета ти тоа нема да го знаеш
Никогаш нема да успееш да ме заборавиш....ќе заљубиш друга,може ќе се научиш и да ја сакаш...ќе бидеш среќен со неа,може ќе постигнеш баш се што си посакувал ама мене нема да успееш да ме заборавиш...јас сум ти најголемиот пораз,а во иднина и самиот тоа ќе го сватиш
Ми фали твојата љубов, твоето внимание. Не сфати ли досега дека сакам да ме чуваш како да ти сум мало бебенце? И да, знам дека во циклус се понашам како забаваче за прво. Само сакам повеќе и повеќе од тоа што секој ден ми го даваш.
Мислам дека полека те заборавам, не ти ги гледам веќе сликите на инста и фб, ама уште ми фалиш бе. На 18ти ти беше ронденден, не ти честитав, а се мислев цел ден и издржав да не ти пишам. Знам дека така е подобро за мене, ама знам и дека ти ветив еднаш дека ќе ти честитам роденден и да не комуницираме веќе. Ноќта на твојот роденден јас бев пијана, пиев со намера да се опијанам и прв пат не ти пишав кога сум во таква состојба. На12ти ќе праевме 5 месеци. А дента прославив со него, тој што го користам за да те заборавам тебе и тој што заслужи да ме има. И баш ми ја направи вечерта посебна Ај те молам излези ми од главава лесно ко шо ми излезе од животот...
Месец дена без проговорен збор. Најдолг период до сега. Валјда ова е крајот. Ова навистина е крајот. А не верував дека ќе дојде. Продолжив со животот, се посветив на кариера, напреднав. Се чувствувам успешна, навидум среќна, не те споменувам. Но, те мислам. Не проверувам веќе во скриени пораки, но потајно сакам да ми имаш пишано, да немам видено, да мкслиш дека те игнорирам... Ако глумеше дека ти значам, фала. Фала за се што доживеавме, за се што имавме, за среќните моменти, за тоа што ме издигна. Фала ти за мојот среќен крај. Сепак, најди ме некогаш. Као случајно. Да седнеме на пијачка, да се зазборуваме. Да преспиеме, утредента да возиме. А потоа пак ќе се преправаме дека нешто не се случило.