Teddy bear, ти гледам загриженост во очите. Гледам дека си разочаран. Гледам дека си изнервиран. Сам ми кажа дека те стегало таму, на левата страна. Гледам кога ме чекаш во кола колку си замислен. Главата ти е потпрена на левата рака и гледаш некаде далеку. И ме боли таков да те гледам. Зошто се грижиш кога јас сум до тебе? Се е полесно кога јас те држам за рака. Се ќе постигнеме заедно. Плановите заеднички ќе си ги оствариме. Оваа несреќа еден ден среќа ќе ни биде. Среќа сме ние. Ти си среќа. И добро се држиш, јас да бев на твое место душава ќе ми излезеше. Ќе испоубиев некој. Ти си мојот херој. Горда сум на тебе.
Вечерта хаос. Таа пијана се врти околу тебе,а ти не стануваш од нашата маса. Чудно е како откако ќе ви поминат чувствата за некого,колку ви е сеедно што и да направо после тоа. А гледам дека те јаде баш тоа што го немаш моето внимание повеќе. Прво ајде да наздравиме и додека ми нудат чаши со алкохол,ти ме прашуваш дали сакам вода или нешто друго беалкохолно,да ми докажеш дека знаеш дека не пијам. Потоа сипајќи ми вода и зјапајќи,претече од чашата и нормално преку мојата рака,па и по масата. Во играта со коцките се умеша и почна правила да објаснуваш и да се восхитуваш како одеднаш добив три единици. Потоа сликите со хартиените наочари и останати декорации... На крај виде дека ми здосади и се допишувам со некој,почна со прст телефонот да ми го иклучуваш. Кога виде дека си одиме срипа од другата страна на салата да се поздравиш. Никогаш не верував во она дека секогаш ќе го добиеш она што сакаш,кога ќе престанеш да трчаш по него. Или кога веќе не ти треба. Како ти мене сега. Рамнодушноста е силно чувство. Дури она што некогаш слатко ми беше,сега ми е смешно кога те гледам како се тепаш за трошка внимание. Подобро пази си на девојка ти и така цела вечер пијана шеташе со откопчани штикли и ја бараше ташната која и беше на столчето.
Тухх си реков бае не ми брани другарче да си имам ама испаднавме љубоморни Поточно ти паметно си ми, тој нападен е се нафрла,се пушта Нема да го дружиме миљо Ахх бе единствено мое
Чувствувам дека се е во ред. Те сакам и ми недостигаш. Едвај чекам да те прегрнам повторно и да ги вкусам тие твои усни а ти да ме грицкаш.
Слободно можам да кажам дека кога сум во твоја близина се чувствувам најбезбедно на свет. Мислам и лав да се појави пред нас, ти ќе го победиш со еден прст. Немам гајле од ништо, зашто знам дека се ќе биде ок покрај тебе....Не си свесен кои чувства на смиреност и хармонија ми ги даваш. Не знам зошто имам стекнато таков впечаток...дека без размислување би се жртвувал за мене...дека рака во оган би ставил...дека гол во гаќи би влегол хехе. Шала на страна ама во мои очи си како херој од филм.
Недела, ден кога не обожувам луѓето да ме заморуваат со повици или пораки, а би дала се за еден твој повик или порака .. Па сега замисли колку многу ми недостигаш штом и во недела те мислам
Така беше одсекогаш и така ќе биде секогаш,се почнува со тебе и се завршува со тебе. Ти си мој вечен почеток,а во исто време и крај.... Ти си нешто,што не знам како да си го објаснам ни на самата себе... Знам само дека те сакам како првиот ден,ми недостигаш...знам и дека не би те заменила со никој друг. Знам дека,до сега не сум сретнала никој ни приближно да наликува на тебе.... Знам дека,по години и години си се враќаме еден на друг,и пак ќе се вратиме. Верувај,овде не е крајот за нас
Не знам што си преживеал пред мене, но овој пат ќе играме по мои правила. Заинтересиран си и тоа многу, отворено ми кажуваш и го ценам тоа. Но, минатите грешки ме научија да не се отворам лесно, и подоцна да не жалам за се што се случило. Ме разбираш, така ми рече. Се надевам ќе вреди сето ова време кое го делиме заедно.
Со тебе се чувствувам заштитено, ама не мислам физички туку психички. Ме знаеш дека сум личност што се си зема при срце, знаеш дека секоја ситница кажана за мене ја сфаќам како навреда и понижување, дека на моменти се чувствувам како товар на другите и како сите да ме мразат. Но, знаејќи дека ме разбираш, веќе научив да се омаловажувам себе поради некој што зборува без да ме знае и да се сакам себеси. Дури се чудам како ме сакаш ваква инаетлива, со променливо расположение, избувлива... Можеби си видел нешто што не го видел никој, нешто што вистински ме отсликува мене, и тоа до толку што ги сакаш и моите негативни особини.
Сакам да е јули, да го дишам тој летен скопски воздух, 5 сабајле кај тебе на тераса, да го допиваме виното што останало. ти да ги вдишуваш тие твои цигари а јас тебе. Терасата ти гледа на исток, и да ме успива ритамот на првите зраци што се прелеваат во злато и бакар во бушавата ти коса и така во некој полусон да заспијам гушната, да ме снема во тебе. Само што од твојата тераса до мојов кревет лежат точно 1715 километри и 7 месеци до наредниот јули. Декември е, баш како оној кога прв пат те видов како играш на сцена, во онаа на Чехов. Да ми е сега тогаш. Среќен роденден.
Кога не одиш на работа недела дена си нездраво напорен Устата ни кога спиеш мислам не ти одмара Или збориш или џвакаш. Ај поише џвакај денес жити ја, да одморам уши п.с. многу те сакам ама маж за дома не е
Ми рече си одиш за месец дена, а остана 3 ради мене. Како сега да ти кажам дека јас треба да си одам? Како?