Цццц не ти врви денот без беља ..Аххх бе немирно мое,ќе да ми е таква среќата секогаш да сум со будалест Имаш среќа што те сакам па уште послатко си ми како мало детенце
Сонце си ми ти, надеж и светлина во моите очи. Нека бидам луда и будала, но те сакам. Љубов си ми. Се прашувам што чувствуваш ти. Се плашам од одговорот.
Не можам да ти опишам колку сум среќна што те имам. Таква љубов ретко се наоѓа знам. Ќе те чувам засекогаш.
Уште малку ќе помине еден месец од како замина,се прашувам дали ќе се вратиш уште два месеци? Сакам,сакам,сакам да се вратиш и да се гушнеме силно,најсилно како и секој пат после секоја наша разделба. Едно знам,мојата љубов не се намали со текот на годините,твојата можеби се намали,ама секој пат ме гушкаше силно,ме стегаше кон тебе пресилно,верувај дека и тоа ми значи многу
На секој крај на денот си кажува што сум научила во истиот, оде кого сум научила да бидам подобра, чиј пример би ме развил ... И ете замина ти и си викам што научив јас од секое твое заминување, што всушност може да научи човек од примерок како тебе????????? Ах... може да научи да биде глумец, може да научи да биде брскрјано себичен, може да научи да биде доминантен, може да научи да биде бескрајно голем лицемер, може да научи дека животот без емоции е совршен, може да научи да му покажува на луѓето дека сем за себе за нив и многу не се грижи, може да научи да биде дрзок, може да научи да биде незаинтересиран, може да научи да биде следач на погрешни идеали, и секако може да научи да гледа на саатот, зошто инаку како ќе покаже дека е многу важен и ете ти додели половина час од своето време... Ех... може да научи се, ама ништо добро.........................
Не можам да ја играм играта на бркање, ама дефинитивно ќе ја играм твојата. Немој после да кажеш - ти си лошата, зошто ти го почна тоа. Едно е јасно, мене почнува да ми е сеедно.
Уште малце...само уште малце. Ги бројам деновиве и не ми се верува дека за скоро пак ќе те гушкам Колку што се намалуваат деновите за чекање, нетрпението и возбудата се повеќе и повеќе ми се зголемуваат.
Ги повторуваш истите грешки по не знам кој пат... Зошто ли веќе се трудам да ти објаснам дека на тој начин нема ниту да ме придобиеш повторно а уште помалку да ме задржиш покрај тебе.. Нема поента да објаснувам веќе.. Сите правиме избори во животот, и се надевам дека некогаш ќе сфатиш дека поради неколку погрешни избори си загубил личност за цел живот.
Знам дека уште ме сакаш и мислиш на мене. Мило ми е што имаш нова девојка која е среќна што те има, пошто си предобар. Стварно ретко да се најде човек како тебе денес. Ќе ми останеш засекогаш мил и знај дека кога ми е тешко помислувам на тебе, па некако ми олеснува.
Часови и часови минав расправајќи се со тебе, односно дерејќи се, замерувајќи ти, зошто ти и никогаш не се замараше доволно за да ми одговориш за да наликува на расправија.... Часови минав укажувајќи ти дека грешиш, дека не се однесува човек така спрема друг човек, а најмалку спрема жената што ја сака... Часови минав укажувајќи ти како се посакува, како се теши, како се љуби жена, а времето минуваше, и слепо не гледав дека човек што сака не издржува толку време без таа што ја сака ако е пред него.... Часови минаа така, а не забележав декка проблемот е во мене, а не во тебе... Проблемот е што си дозволив да се уверам дека ти значам, па го исправав тоа, па ти покажував дека ако ти значам дека не треба така... Часови и часови минав занемарувајќи дека проблемот е во мојата перцепција, занемарувајќи дека не гледам дека часови минувам во пеколот а те нема... Часови минав слепо, не гледајќи дека низ најтешкото минувам сама, не гледајќи дека ти и баш не би се труел со непотребни негативности, не гледајќи се што беше така очигледно.... Часови минав докажувајќи и покажувајќи ти нешто а можев само да си ги измијам со ладна вода очите и да прогледам убаво, да прогледам дека од патики се вадиш за да ми помогнеш да ја откргнам од главата погрешата слика дека ти занчам нешто.... Часови занемарував дека ми покажуваш како за се и секој имаш интерес, како за секој може да се смееш додека не се појавам јас, како за се и секој си чувствителен и нежен, само да не сум јас, како за се и секој имаш интерес, волја, мотив и сила, само да не ме вклучува мене, како за се и секој наоѓаш решение за да ги мотивираш, утешиш и заштитиш само ако тоа не сум јас, како за се и секој имаш љубов, неженн поглед и трпение, само да не сум јас... И вчера, ете вчера кога во мене одеа две струи радоста за стипендијата за најдобар млад докторанд и болката што точно седум месеци како ѕвер одам по улици, луѓе и лекари барајќи лек за ннајмилото, кога ти стоеше пред мене и кога сватив дека ништо и никогаш не си споделил со мене, и прегратка за да ги исплачам овие седум месеци ни прегратка за да се прерадувам на оние пет од стипендијата, ти реков конечно извини.... Извини за секој висок тон, за часовите кога те замарав со приказни кои не ги сакаш, извини за секој повик што мораше да го истрпиш, за анализите кои не те интересираа, извини за се ти реков само, а најмногу ете извини за моето слепило, за слепоста која не ми дозволила да си ги извадам лудите мисли од главата.... Извини, извини што занемарив дека за сите проблеми што ги имаме во животот одосно за нашата перцепција за истите кривецот секогаш треба да го бараме во огледалото.... Извини, извини за секој миг кој стоев пред тебе слепо уверена дека ти значам....
Не знам како се случува ова, ама преку глава ми станува ова твое детско понашање. Зошто си толку себичен и толкав егоист не ми е јасно. Уствари јасно ми е зошто, поради проблемот шо си го имаш со самиот себе. Гледам не знаеш да го решиш, ама јас не сум ти виновна за ништо, не знам зошто така ме измачуваш. Ме најде наивна, а за несреќа и се заљубив во тебе па сега ќе си играш со моите живци, така? Јас глупавата повторно ти се замарам и ти премолчувам се, ама и на моето трпение ќе му дојде крајот. Ќе ми стане сеедно, а после нема враќање назад.
Само еден стих,доволен е да ме врати во едно среќно време Јустициа,девојко не ти требаше да ја пееш песнава вака јавно. П.с се сезам Љубоморна сум,оти и мене ми беше некогаш оваа песна посветена,јебига А него би му кажала:Црноок мој,ми недостигаш не помалку од вчера,и утре нема да ми недостигаш помалку од денес. Ми недостигаш за се што било и ќе биди. Одбивам да верувам дека немам право да градам иднина со тебе