Не се предавајте никогаш!!! Немој никогаш да си го погазете вашето достоинство!!! Бидејки еден ден ке се појави една личност што ке ве врати во живот после сите разочарувања
Сам си го кажа она што би ти го кажала јас: најбитно е да имаш кој да те гушне. Ти не си ми прв, ама со мене беше кога за прв пат ми се случија многу работи. Ми беше поддршка секогаш. И се уште си. Имаш планови за нас кои индиректно ми ги кажуваш. Сакам да ги оствариме. Сакам да успееме. Ама без брзање. Без форсирање. Нејќам да го изгубам другарот во тебе. Зашто ти си најдоброто нешто што некогаш ми се случило.
Ми мириса на криза Башка бившиот ми излезе на сон сакал да се смириме хахахаха Не сакам да те изгубам ама и кога ќе размислам ми велиш партнер си ми а не сме во врска додуша еднаш се смувавме. Замина ти и се јачиш на нет. Штета. Не знам на што сме.
Ти си мое рамо за плачење. Ти си моја најголема поддршка. Ти си единствениот човек што ме разбира без да гукнам. Знаеш дека не сакам да зборувам кога ми е тешко. Ти си ми сега и сопруг, мајка, татко, најдобар другар, брат кој никогаш го немав. Помошник во кујна и придружба на шопинг. Знам дека не ти е забавно баш, амааа... Ти си мое се ! Ти благодарам Господе за овој бесценет подарок за кој сонува секоја жена! За оваа топла прегратка без која не знам да функционирам. Иако седиш сега од моја лева страна, не ти го кажувам ова, затоа што знам дека го знаеш.
Темата е наменета стрикно за една личност да се пишува а јас имам проблем со тројца,со вас тешки глуперди Тешко мене...Кој на ФБ ми провалува од кога раскинавме и си ми се меша башка во чат, на кој греда му паднало врз глава па не е арен сега,кој се јавува по 5месеци да ме бара што ќе прам со вас јас господ нека ми даде сила
Секогаш бев до тебе кога се смееше. Ќе бидам до тебе и сега. Да ти ги избришам солзите ако заплачеш. Да те гушнам, да те утешам. Да ти кажам дека се ќе биде во ред. И ќе биде. Мора да биде.
Ти ја разбираше мојата природна тенденција за бегање од нежности, бидејќи беше слична на твојата. Ниеден од нас нема да замине во историјата како "фин".
Јас не сум ти психолог!!! Во ред е да ми ги кажуваш проблемите и да споделуваш со мене и го ценам тоа, ама ти буквално ме третираш како психолог/психијатар
Дај бе човек расчисти сам со себе што сакаш па кажи ми.. Ме буниш, не те разбирам... Денеска вака, утре така.. Стварно не те разбирам... Ако некогаш дознаеш што сакаш барај ме, со ова твое топло-ладно нема нигде да стигнеме..
Сакам да бидам до тебе сега дури спиеш. Сон без тебе не ми доаѓа. Око не можам да затворам. Кога ме донесе дома ми се чинеше дека уште пред врата ќе заспијам. Како и да не кога дотогаш спиевме заедно гушнати. Мислев дека ќе ме држи чувството? Дека ќе си замислувам дека спиеш до мене? До кога ќе треба да се делиме кога ни е најубаво? И сега ми се спие. Очи ме печат, срце не ми заспива. Полесно е до тебе. Топлина, љубов, ти спијам во прегратки. Кога ќе се подразбудам и ќе видам дека си до мене телово ми е лесно како пердув. Ниедна грижа не ја мислам и повторно со насмевка си заспивам. Уште точно 19 дена останаа за ова да биде реалност, teddy bear. Е тогаш ќе ти нема спас од мене.
Секое утро се будам со истата мисла.. Сакам да знам!! Толку многу посакувам да знам дали некогаш повторно ќе се вратиш во мојот живот за постојано или и понатаму само ќе си правиш излети појавувајќи се одвреме-навреме и потоа повторно исчезнувајќи.. Ми кажуваш дека се каеш за се што си направил погрешно и за тоа што си ме повредил, ми кажуваш дека ти недостасувам премногу и дека ме сакаш повторно покрај тебе и потоа повторно исчезнуваш... Секоја година се случува истото, си велам дека идната година веќе нема да ме побараш и заборавот ќе биде полесен но секогаш кога ќе ми се изгубиш од мисли, за миг се појавуваш во реалноста со некоја покајувачка порака.. Те молам веќе оваа година најди си некоја која ќе ја сакаш и почитуваш и мене заборави ме.. Никогаш нема да ти посакам ништо лошо, го знаеш тоа многу добро дека ништо на светов не би ме натерало да посакам нешто лошо да ти се случи... Те молам новата година не ја започнувај со мене ако не можеш да ја завршиш со мене..
Зашто трчаме по оние што не повредувале а ги запоставуваме оние што не сакаат. Што е толку привлечно во болката и тагата што не можам да се разделам од неа? Зашто кога ми се нуди целиот рај на светов јас го одбивам и го бирам најголемиот пекол. Мил мој, се мразам себеси што те повредувам а те сакам, знаеш дека те сакам највеќе бидејќи ти ми покажа што е тоа љубов, ти го направи тоа што никој пред тебе не успеа. Но многу пред тебе ме уништија до корен, поради нив не можам да сакам како што треба. Нема да те напуштам никогаш, ќе пробам да научам да се сакам себе и да ти ја пружам љубовта што ја заслужуваш. Бидејќи ако те оставам тоа знам дека ќе ми биде најголемата грешка во животов.
Денес е денот што можеби ќе ти го промени целиот тек на животот. Но без разлика што и да биде, јас ќе сум до тебе. Немој да се грижиш. Се се случува со причина. Можеби баш се ќе биде многу подобро.
Не знаеш низ што поминувам,не ти кажував ни порано ни сега. Се прашувам,кога би знаел,дали би ме разбрал,дали би ми пружил емотивна поддршка?