Извини... Знам дека поминувам периодов низ хаос, ама немав ни малце право да изреагирам така спрема тебе. Некогаш не знам што ми станува, некогаш знам бурно и ладно да изреагирам. Не сакам да те повредам. Знам дека мисливе ептен ми се испомешани, не знам што сакам. Ми е страв да не зафркнам нешто, оти ја сум таква каква што сум. Извини уште еднаш :/
Многу си ми сладок кога ми се инаетиш додека си покрај мене па јас ќе те бакнам и ти мораш да попуштиш.
Досега ничиј хумор не ме привлекол како твојот. Ладна личност сум по природа, ретко искажувам чувства, но ти го растопуваш мразот, чекор по чекор. Ќе дојде ден кога ќе ти се отворам целосно, се ќе ти признаам. Ме смееш, ми годи. Ме бараш, ми годи. Ме чекаш, ми годи. Ми годиш ти и твоето внимание. Се надевам ќе трае. Долго нека траеш ти.
Не знам колку пати ти имам кажано "не ми е денот" , ама денес стварно не ми е. Како ли ме трпиш? Баш вчера си размислував како можеш да ме трпиш и сакаш после се што направив. Зашто постојано те злоупотребувам? Те молам не се откажувај од мене, ветувам ќе се средам.
Пијам Пелинковац и те мислам.... Наздравувам сама,а во моментов толку многу посакувам здравица со тебе...
Денес ете ужасно.... Зборови, луѓе, слики, енергија... А мене, мене само во душава ми тропка пулсот твој кој го почувствував вчера врз себе... Мирот кој сум го заборавила, а ете се скрил во твојата прегратка... Денес ете ужасно... А насмев имам, несвојствено, чудно, смирено...
Секогаш се откажуваш малку пред да попуштам и да решам да ти се вратам.. И сега се случи истото.. Јас сама, ти сам, чекаме со некоја магија ситуацијава да се реши и конечно да бидеме заедно. Но, нема друга магија душо освен љубовта која ќе ја искажеш искрено и без каење. Единствено таа може да биде мостот кој ќе не поврзе во реалноста а не само во нашите соништа. Те сакам..
Без тебе се е сиво и ништо ми нема смисла. Ме боли секој ден без тебе. Сеќавањето за нас полека бледее и ми остава празнина во срце. Силно посакувам да се сретнеме пак ... барем за момент да се чувствувам жива.