Ти си прв кој што будиш толкав мир толкав спокој кај мене кога те гледам, со тебе се чувстутвам толку сигурна толку посебна за многу кратко време во твоите очи се гледа твојата добрина и искреност остани таков каков што те запознав прекрасен си посебеенн пресладок.. Поклонов ќе го чувам како нешто мое нај вредно затоа што мириса на тебе
Чувствувам дека полека полудувам, teddy. Се губам во црни мисли, тонам некаде длабоко. Како Алиса во земјата на чудата кога паѓа во дупката, но оваа мојава не е ни малку шарена. Се плашам од себе, од мисливе. Ме голта депресија. Сакам да ти кажам се, сакам да ми се посветиш. Цело време работиш, насочен си да имаме убав и богат живот. Не забележуваш дека јас не сум истата. Не гледаш дека немам желба за ништо, нели гледаш се упропастувам? Немам волја ни косата да си ја средам, ни веѓиве. Жалосно е се што ми се случува. Те љубам многу, но ладна сум кон тебе. Не дека сакам да е така. Посилно од мене е. Немам желба да те допрам како маж, да бидам интимна со тебе. Не, не помислувам на други ни малку. Едноставно немам волја, а не се трудиш да ја добијам. Никогаш не сум те обвинила за ништо, ниту некогаш ќе те обвинам. Но, труди се. Биди тука, биди присутен. За мене. Многу пати сум ти рекла дека ми требаш, овој пат си најпотребен. Не можам да се борам секогаш сама против се. Фати ме за рака и биди упорен за мене. Извлечи ме од темницава и однеси ме на некое светло и топло место и таму љуби ме.
Се прашував уште колку пати ќе се лажам самата себе дека од утре веќе нема да ти пишам? Но сега знам. Мислев на тебе се додека не заспијам, а тогаш пак те сонувам. Толку веќе. Не го заслужуваш моето внимание. Не си веќе во центар. За малку се ќе жртвував заради тебе. Среќа во несреќата. Барем очите ми се отворија. Заклучок: There is no such things as soulmates or twin flames or karmic relationships... Тhere are just good and bad desisions.
Не разбирам веќе што се случува, постојано менуваш расположение но односот помеѓу нас никако да се промени.. Веќе не знам ни што сме.. Пријатели сигурно не сме, затоа што имаме премногу нешта доживеано заедно, имаме премногу емоции еден за друг така што не е возможно ниту еден од нас да го гледа другиот само како пријател.. Бивши не сме затоа што имаме раскинато толку многу време а сепак ниту еден од нас не може да го исфрли целосно другиот од мисли и од срце, постојано си се навраќаме еден кон друг... Познаници не сме, но не си ми ниту странец.... Тогаш што сме ние, кажи ми што сум ти јас?! Дали ти значам нешто, и ако е така тогаш зошто си толку неодлучен?! Во љубовта не треба да има двоумење а ти сепак продолжуваш да се предомислуваш.. Се изморив веќе.. Не знам веќе по кој пат да тргнам за да не се сопнам повторно на твојата несигурна љубов...
сакам да ти кажам дека мн ми е жал што во годинава што изминува ти приредив мн непроспиени ноќи,ти зададов мн грижи а ти и понатака остана трпелив да ги титриш сите мои експлозии.Ми беше рамо за плачење мн пати,рака за подршка,уста која зборуваше ден и ноќ само да ме расположи,ме креваше секогаш кога ке паднев а тоа не беше баш толку ретко.Се надевам дека во иднина ќе знам да ти возвратам барем пола од она што ти ми даде.
Ти благодарам што си со мене, што ме одбра баш мене од толку многу други. Што успеа да ме освоиш на прво иако претходно бев многу "hard to get". Мојот живот е подобар од денот кога прв пат се видовме. Конечно најдов некој во животот на кого му сум навистина битна, некој кој секогаш ме става на прво место. Ти си ми најголема среќа во животот и ова што го имаме не би го менувала ни за целото богатство на светот. Бидејќи од тебе поголемо богатство нема. Нашата љубов е најуникатна во цел свет, онаква каква секој би посакал. Знаеш да ме насмееш до солзи, кога сум тажна го забележуваш тоа и се трудиш да ме расположиш. Кога сум во твоја прегратка чувствувам спокој, се чувствувам заштитено и сакано, тоа ми е омиленото бегство од реалноста. Во твоите прекрасни кафеави очи си ја гледам иднината, ти си оној со кој сакам да го поминам животот. Без тебе јас не можам да живеам. Бидејќи ти си ми живот. Ти си ми сродна душа, најдобар другар и љубов во исто време. Те сакам до бесконечност и назад.
Празници се ближат...а јас пак без тебе... Ми недостигаш....проклето нека е се! Па 3-4 дена не си активен на вибер,секакви мисли ми се вртат низ глава...знам дека си добро,но ај смири го ова мое лудо срце,да те видам
Знам дека се јави колку да ми го слушнеш гласот макар и кога ти се дерам, молчеше а потоа спушти.... А незнаеш дека и јас сакам да го слушнам твојот ...Јави се повторно...
Зошто никогаш не сум сигурна за тебе, а проблем во тебе нема. Се мразам самата бидејќи знам дека заслужуваш многу подобро од мене. Ама па, јас сакам да сум најдоброто за тебе. Криво ми е што не можам да бидам..
Знаев дека нема да е нешто ок. Си сакал слаби. Па сега ја ли сум крива што имам крушководна форма на тело...и тој дел ми е поизразен...
Ништо материјално не сакам утре за роденден... Ги сакам само твојата прегратка .. твојот бакнеж .. твојот мил допир .. твојот ангелски поглед .. .... штета што нема да ги добијам ... по твој избор.. Никогаш нема да ме разбереш .. може и подобро
Kоја будала сум јас,страшно....тебе не можам веќе за ништо да ти замерам,не можеш ти да бидеш виновен за тоа што јас сеуште се надевам,уште верувам дека нешто ќе се смени.....а уствари се додека тебе не те заменам со друг нештата исти ќе останат....
Фала што ме потсети како беше чувството кога во исто време се смееш со солзи и мислиш дека секој момент ќе пукнеш, зашто не можеш да дојдеш до воздух од смеење Посакувам секогаш да те гледам така насмеан.