И како миг поминаа четири години од кога прв пат те бакнав... четири проклето долги години во кои крвави парчиња ми стана душава, четири години во кои на глас го проколував баш тој бакеж... И не ми се верува дека поминаа и не ми се верува дека ете дојде денот кој во сонот го барав да те нема, да ме нема, да не нема....ете ништо од тој бакнеж да нема веќе.... И не ми се верува дека заврши немото чекање, дека завршија посакувањата за долги разговори, дека завршија неиспиените кафиња, дека завршија миговите на вртење на главата, дека завршија миговите на солзи и осаменост, дека завршија телефонските разговори кои не започнаа, дека завршија приликите за интимност, дека завршија приликите за ненадејно допирање, дека завршија оттурнувањата, дека заврши твојата„презафатеност“ дека завршија расправиите кои не те итересираа. дека завршија ироничните погледи, доминантните правила, дека завршија филозофиите за мојата грешност, дека завршија изјавите колку си среќен кога ме нема, дека завршија проголтаните солзи, бесното удирање на биро, беспомошноста, дека завршија миговите на немо гледање на твојата среќа, дека завршија измачувањата кои ги добив од тој бакнеж наваму... И не ми се верува дека ќе сум слободна од потценувањата, од терапиите и исмевањата, дека ќе можам да сум своја и сакана, дека ќе можам да се смеам, дека конечно ќе се дадам себе и ќе добијам нешто за возврат, дека конечно можам јас да бидам јас, без страв, без трепет, без ѕидови. Дека конечно заврши топовското гаѓање кои месо ми откорна и душа ми отру... И не ми се верува дека ете сум слободна од затворот кој сама си го создадов па се плашам крилата да ги отворам и да полетам...
Ќе ме сакаш како што јас знам да сакам? Ќе трае ли како јас што сакам да трае? Нека биде целосно различно. Различно од мојата и твојата последна врска. Викаш кратко беше и неуспешно, знаеш и кај мене се случи истото. Но, со тебе е поинаку, со тебе чувствувам возбуда, трема и нешто непознато расте во мене. Сакаш да пробаме, а јас никогаш не сум се чувствувала вака. Страв ли е? Непознатото секогаш ме плашело. Љубов ли е? Ја чувствуваш ли и ти?
Со нетрпение чекам да ми пишеш дека си стигнал жив и здрав. Се надевам дека си добар, и дека се ќе биде океј по пат. Те мислам, цел ден паметот ми е кај тебе Конечно ќе те гушкам
Додека те допира и ти го лиже вратот, додека те соблекува, замислуваш дека сум јас тоа, ме замислуваш мене гола.
Во ваквите ноќи кога посакувам чекорите да ме доведат до тебе, 1000 километри далеку ... Посакувам молкум да ја отворам твојата врата... Посакувам тишината да се прекине со звукот на патент кој се откопчува... Посакувам морници да ме преплават додека ги чувстувам твоите воздишки по грбот, по трагите на тој патент... Посакувам со јазик да ти поминам по вратот и да шепнам... Уф... Конечно тука сум до тебе... А ти во мене... Посакувам додека ти го чувствувам јазикот, прстите во косата да ме посетиш дека ме поседуваш... Дека тука... Ете само тука под тебе припаѓам и друго ништо не е важно....
Ти раскинав. Истата приказна по 100ти пат ама овој пат изгледа стварно е завршена. А те сакам повеќе од било кој на светов, се надевам го знаеш тоа. Ќе боли ненормално многу кога ќе ме заборавиш и ќе си најдеш нормална девојка. Ќе боли кога ќе те гледам среќен а јас не сум причината за тоа. Ќе пробам да не ти се вратам и да не ти го уништувам животот одново и одново. Се надевам еден ден, во иднина, кога се ќе си биде на место, и ние ќе го најдеме нашето место на овој свет..заедно.
Не заслужувам јас некој како тебе. Ти си предобар за мене. А очајно те сакам во моја близина. Ако можеш прости ми.
Зошто не престанав кога рече: не те сакам веќе... Ех зошто не престанав, како камшик тоа прашање ми ја мачи душата... Зошто не ја напуштив собата зандана што ми беше... Зошто не си ја погледнав кожата, за милување што беше... Зошто не го погледнав телефонот, кој мртов беше... Кога гледам се што не си направил, а си правел за тоа не те сакам да го разберам... Кога гледам се што не се споделило, а душава ми ја отруло од што сум го посакувала... Кога гледам со какви си ме рамнел, убивајќи ми ја вредноста... Кога гледам колку за љубов спремна сум била, а гладна пред изворот си ме оставал... Кога гледам колку за друга се си дал...а јас.... Ех зошто не престанав кога рече: не те сакам веќе... Зар за да се гледам сега со сомнеж во огледалото... Зар да гледам со страв во секои заљубени очи кои ме гледаат... Зар за да се плашам да се насмевнам од она твоето „грев правиш“... Зар за да се плашам за да заспијам во нечии прегратки... Зар за да стојам броејќи ги туѓите успеси и своите солзи бескрајни... Зар за да слушам како последните ме навредуваат и да се смешкам... Ех, зошто не престанав... зошто мораше и тага, и солзи, и бес, и се молкум да поминам додека дојде рамодушноста кај мене.... зошто не престанав....
Во шок сум. Го слушам Џоџи и прв на ум ми доаѓаш ти. Ти никогаш не си го слушал, ниту си го сакал. Помалку или повеќе, видеата со неговите грозни рецепти ти одеа на нерви, уште повеќе јас кога ти ги пуштав. Зошто музика неповрзана со тебе ми носи спомени поврзани со тебе? Толку смирувачка мелодија, меланхолија, како мевлем е. Види бе колку убаво си поминуваат девојкиве во Јапонија. Се сеќаваш кога и ние бевме таму со мислите? Најблиску ни беше Пандарија што ја посетивме во Азерот. Најблиску ни беа видео игрите и ноќите во парк кога кожава ми мирисаше на лето и ќе се засолнев во твојата коса, ќе ми ги погалеше голите рамена. Бев мирна. Имав мир кој сега го немам. И грди чувства од кои сега се ослободив. Носталгијата е лоша работа, ме тера да ми недостасуваат нешта кои сум ги мразела. Не ми недостасуваш. Нема да дозволам да ми недостасуваш, еј ти! Перцепцијата за тоа колку чиста и невина и детска била твојата проста душа била само илузија. Ти си неискусен и неук, но крајно себичен и суров. Ти сакаш животни и деца, но не би ги заштитил. Ти ме сакаше мене, но не те засегаше мојата горчина. Јас и ти завршивме во мигот кога ми кажа дека ти е преку глава да читаш колку лошо се чувствувам. И не во смисла во која би ми помогнал. Во смисла: Луна, гони се! Не ми недостасуваш. И ова нема никаква врска со него. Ти ме предаде.
После се можам без страв да погледнам длабоко во себе, онаму каде што некогаш беше се мрачно, нема веќе мермерно студенило, нема морничаво ехо во празна соба, само сонце, небо и Ти. Погледни ме, погледни го сонцето, го обои моето небо со виножито, не бегај од моите очи, таа налудничава заљубеност, нека не те плаши, читај ја, за тебе е, можам да ти ветам, пламенот на свеќата која ја запали во градиве и го воскресна срцево, не ќе згасне никогаш, ни кога патеката ќе ни ја засенат јато врани, ни кога со трепетот на крилата ќе создадат ветер доволно силен се да однесе, но не можам да ти ветам ден после тебе, тој ден ќе биде гробница на моите соништа, која влече се во себе... и мене....
Зошто ме додаде на фб и ми лајкуваш фотографии, а сеуште си со неа? Зошто ми доаѓаш дома и ми кажуваш да ти се јавам. Покрај тоа што ме повреди како никој во животот признавам дека сеуште те сакам... Боли ужасно да гледам дека си онлајн а да не ти пишам, кога не си ме убива тоа што си со друга. Таман се навикнав без тебе, се помирив со фактот дека те нема, пак ми се појави. Остави ме да заборавам, не го заслужувам ова измачување, биди среќен подалеку од мене... Можеби и јас ќе бидам еден ден среќна без тебе...