Повторно имам чувство дека ми планираш некакво изненадување, само дали ќе е нешто позитивно или негативно не се знае.. но имам такво претчувство дека сепак на крајот повторно јас ќе бидам повредената и ќе ме вратиш назад во периодот после нашето раскинување, а ти ќе си продолжиш безгрижно да си живееш се додека јас патам по тебе.. А потоа?! .. Потоа, во првиот миг штом забележиш дека сум среќна и дека полека те заборавам, повторно ќе се вратиш и се така во круг до не знам веќе кога..
Зошто? По се што ми направи и после 2 години срцево ми трепери, си дошол во Мк, можеби нема да те видам. Дојди ми на работа хаха Те мразам ама ми значиш. Зошто вака?
Иако несакав морав да те избришам, подобро е вака кога не те гледам онлајн бев оптеретена со тебе. Потајно се надевав дека се ќе биде како порано се залажував... Те молам не ме додавај повеќе, не ми создавај болка остави ме да заборавам...
ни со тебе ни без тебе....никако не бидува,се изморив веќе...по не знам кој пат почнувам повторно да се предомислувам....сакам да бидам вреднувана и сакана не сакам да фигурирам до некој како трофеј....сериозно не можам веќе или смени се или дај да завршиме веќе со овој циркус...
Со душа ги чекам овие празнични денови затоа што ќе уживам без да се грижам за минливото време... знаејќи дека конечно те имам само за мене.
Секој ден се повеќе и повеќе ме уверуваш дека си најдобриот човек што постои и затоа те сакам најмногу...
Секој се вљубува во нечие лице,тело,карактер или што и да е друго. Само јас се заљубив во твојот глас,и тоа на прв поглед. Ти го слушнав гласот,бев завртена со грб,па после ти го видов лицето. И си ветив дека за брзо ќе дознаам кој си И дознав,и започнавме убаво другарско дружење,за по 6 месеци да започнеме луда врска. И од тој ден наваму,мене твојот глас ми одѕвонува во уши,ми се чини како вчера да ти го слушнав гласот за првпат,а поминаа 14 години. Половина живот ми помина со тебе,скарај се смири се,плачи,тагувајпа разноразни среќни моменти и што не До каде ќе оди и трае нашата историја и приказна,започната како тинејџери,останува да покаже времето
Твојата моментална профилна.. Истии сте мајка ми нема разлика хахахахахахахахахахаха Сори маче кога ја сретнав по нет сликава ми падна смешно неможев да се воздржам
Ах бе... штета што не се враќа времето.... штета... да не те запознаам да сум си старата јас.... да верувам во се.... да немам стравови.... да немам комплекси........
Сакам да те видам, сакам да те прегрнам, сакам да поминам време со тебе! МИ НЕДОСТИГАШ!!! Ах колку само го чекам тој петок, затоа што знам дека конечно ќе си дојдеш и јас ќе те видам. Колку само сум затрескана во тебе ни јас не сум свесна, а ме мачи една мисла многу време. Всушност тоа не е мисла туку страв. Се плашам бе, се плашам дека пак ќе се повтори она од крајот на летото. Ух кој кошмар е за мене тоа, а сега нешто во мене ми кажува дека повторно ќе биде така. Што ако и зимата ми ја претвориш во кошмар? Ми вети многу работи, но не ти верувам, ептен си ми несигурен... Како и да е, ти само дојди си, па јас да си уживам додека трае.
Добро, не можам да те разберам. Зошто сеуште ме држиш до себе, а не сакаш ништо со мене? Зошто ме држиш во неизвесност, а знаеш дека тоа најмногу го мразам? Зошто секогаш кога ти требам, јас сум тука, а тебе те нема? Еве сега ми требаш, каде си? Што е тоа што ти е поважно во моментот? Баш сакам да знам што има во твојата глава.. Зошто си играш со мене? Сакам да бидеме како порано. Вака се осеќам ко да те присилувам за да бидам дел од твојот живот, ко да ти досадувам... Секој ден сум во сомнежи и илузии, не те можам повеќе. Сакам или да ме оставиш или да ми дадеш нешто за кое би се борела. Не можам повеќе... Претера веќе. Стварно ми требаш најмногу на свет. И зошто не ми се јавиш? Толку ти е тешко? Ете гледаш колку сум гладна за твоето внимание, а ти упорно не ме храниш. Ќе полудам веќе поради твојата затвореност и променливост.
Ти си ми најголемата грешка што ми нанесе многу болка, грешка која ќе остане закопана во минатото... Поради тебе пропуштив многу прилики а не вредеше, но таков е животот учиме од грешките.. Се надевам животот ќе ти врати се кога најмалку очекуваш, ќе патиш дупло повеќе од мене. Никогаш повеќе не ми се појавувај во животот...