На сите парови околу нас празниците ќе им поминат со саканите, само мене ќе ми требаш ти за да се чувствувам среќно. Ако не за Новата убаво би било да ме изненадиш за родеден. За прв пат има смисла "се што сакам за Божиќ си ти". Сакам да те прегрнам, да те бакнуваж и безгрижно до тебе да заспијам.
Ме третираше како скот...ете безвреден скот секоја ебана минута, и го сватив тоа, знаш ли??? Никогаш нема да ти простам........не постоиш веќе
Би ти лепнала еден шамар, ама првин на мене знаеш зошто, затоа што сум будала, смотана сум, трчам по тебе а ти по друга, ем ти кажав, а мислев со роа ќе ме оставиш на мир но не ти пак сакаш со мене, зошто бе човек зошто ми така правиш кога знаеш што чувствувам за тебе. Морам да се одалечам, секој пат така викам и пак на истото се навраќам, не можам да си го додржам зборот. Знам јас ама знаеш и ти а и двајцата ништо не правеме, само еден од друг како бидали сме.
Јас за нова година уште не знам дали ќе одам воопшто некаде,ама важно ти ќе си славиш таму Па уште и ми се налути дека ти реков така,почна да се правдаш. Како тоа живееш со цимери,па тие ќе си берат нивно друштво,ти не ќе седиш сам во соба како марсовец. Океј Малкууу бев љубоморна,и во глава ми се измотаа 100 филмови. Пази што правиш,опасни се Германките
Уште малку време ти остана,премногу време емоции труд вложив во тебе не можам повеќе.....ми зборуваш постојано за иднината,но што е со сегашноста.....
Ќе ставиме крај на оваа година заедно,ќе влеземе во новата заедно.Не ја разбирам поентата ама ќе видиме до каде можеш да одиш.Имам нови вести за тебе ама нема да уништам ништо.Јас сум спремна за ова бидејќи знам што сакам овој пат..Немој да ми го смениш мислењето
Во право си што се лутиш, ги преминав сите граници стварно. Ти и најдоброто нешто во мојот живот , предобра личност не те заслужувам навистина, наместо да те развеселам јас те разочарувам. Извини премногу. Те сакам душо моја
Ама признај дека и ти беше малку љубоморен кога ти кажав дека за Нова година ќе одам со другарките Скопје. Јебига душо,ти Германија,јас Скопје,нема споредба,но простор за љубомора има,и тоа и од твоја и од моја страна. Додуша,повеќе ти може да направиш нешто,одколку јас...но ајде да не мислам на такви можности Уживај,јас ќе бидам со другарките само,а ти мисли што ќе правиш таму со Германките и Србинките
Па, измина уште една година во која мислев дека повеќе ќе те нема, но се излажав .. Те имаше, на периоди, онака по расположение затоа што ти се што правиш го правиш или затоа што си премногу среќен или затоа што си во некаква блага депресија. Сега се прашувам дали ќе те има во мојот живот и иднава година или последнато каење беше годинава?! Дали е ова тој неславен крај за нас? Иднава година дефинитивно ќе ми биде година на промени, најверојатно почнувајќи од местото на живеење, па штом е веќе година на промени тогаш барем направи една промена и ти и не ми се појавувај во животот само привремено... Или остани или оди си засекогаш.. Одлучи се!
Зошто толку долго сум дозволила да ја чекам милоста твоја? Зошто толку долго сум дозволила да бираш и никогаш да не ме избереш? Зошто толку долго сум дозволила да ги читам ирониите твои? Зошто толку долго....ете зошто....... и до кога ова длабоко каење ќе ме прогонува.... до кога?
Те сакам. Проклето многу те сакам. Ајде,барем и ти кажи ми дека ме сакаш,излажи ме..... Ништо не е како порано,и никогаш нема да биде. Јас сум истата и покрај се,но ти не си истиот. Се прашувам само како ти успеа да ми се вовлечиш олку многу под кожа? Никој не успеал да направи да се чувствувам вака. Со тебе ми се најсреќните и најтажните моменти. Се ми е со тебе.... После тебе,се појавија и други во мојот живот,но никој не беше ни малку сличен на тебе. Со тебе сум заглавена во некој лавиринт,во вртлог... И после "другите" пак сум со тебе,и пак не знам на што сум,и како ќе заврши се,се прашувам..дали после тебе ќе има пак други за утеха? Или ти ќе бидеш моја последна дестинација...
"Ајј па ти пааа"...стално кога ќе почнеш со оваа реченица ми е врвввв се газам од смеење хахахахахахахахаха