Ми се појави одеднаш, со причина, ме засака нагло, премногу (како што си кажуваш и сега) ... Се случи лош пресврт, среќа со помин, фала му на Господ! ... Тестот на лутина после тоа двајцата го поминавме позитивно. Поврзани сме толку многу ... Гледам и припазуваш да не ме повредиш или налутиш, да не ме напнуваш ... Има нешто многу помеко во тебе него ли кај мене. И чудно ми е?! Ненавикната ... но со тебе почнав да сфаќам дека сеуште има мажи со срце! Љубов си ми, после толку време и толку " потенцијални " ...
Цела ноќ не спиев бидејќи мислев на тебе, се преиспитував сама себе, нашата љубов. Разумот и срцето повторно не ми се ускладени. Срцето ми вели дека ти си тој што го сакам, за кого со години сонував, но разумот ги здогледува твоите недостатоци и се плаши од иднина со тебе. Не си лоша личност но ме разочаруваш затоа што си несигурен, нестабилен. Жално е тоа што си премногу мудар, интелегентен но чекориш по некои чудни и несигурни патишта кои не ти носат ништо добро освен загуба. Се трудам да ти помогнам, да ти укажам но моите зборови не допираат до тебе. Премногу мисли неубави ми се завртеа во глава. Жал ми е што си предмет на потсмев меѓу другарите. Не знам како да ти кажам, а да не те навредам, но не сакам да завршиш како најголем губитник. Од друга страна не си ти виновен, виновни се тие кои континуирано непрекинато чекаат пари од тебе, те подржуваат во чудни налудничави идеи место да ти речат застани, ова повеќе не оди, до кога со сите тие ствари време да пресечеш , да се откажеш, да застанеш и да се приземјиш. Не сакаш да ми кажеш што се случува, одбегнуваш да разговараш со мене, но јас знам повторно изгуби се што имаше заработено и сега пак ќе почнуваш од нула... Кога сме заедно имаме љубов, почит, среќа, радост, насмеани сме, сонуваме будни за иднината, прекрасни се деновите со тебе но сепак овие нешта ме измачуваат. Го молам Бога да те вразуми да престанеш со сите тие налудничави идеи и навики.
Многу, многу, ама значи многууууу ме нервираш. Има толку многу работи што сакам да ти ги кажам, ама од друга страна никад нема да си дозволам да мислиш дека толку многу се замарам со тебе. Ме повреди, ептен и тоа, ме мавна у период кај што не ми требаше нешто такво, и сега ќе се правиме дека сме френдс? А ти кажав дека не сакам фејк луѓе, не знам да глумам и кај и да е ќе пукнам и ќе ти кажам се што треба и не треба, а стварно не сакам тоа да се деси. А криво ми е искрено, навистина осетив некоја конекција, што е реткост за мене, и ради тоа ме боли и се замарам. Правиш да се чувствувам глупаво, и да ја барам грешката во мене, а двајцата знаеме дека не е така. И така ќе си пишувам сега на форумов, барем ќе ми олесни
Проклет да е денот во кој решив да си го запустам животот заради тебе.... Проклет да е.... Нека го однесе со себе оваа година што оди.... Него и секое проклето сеќавање на тебе... Толку го посакувам гледајќи во секоја светилка на патот што се гушам во таа желба... Воздух ми снемува од тоа....
Те сакав многу, дури и премногу. Знам дека не можиме да бидиме заедно, јасно ми е. Зборавме за то се договоривме одиме со животот понатаму за да не ги повредиме другите окулу нас. За крај сакав само да бидам со тебе. За во иднина да не ми е криво шо не одев до крај. Шо не ја искусив љубовта до крај со тебе оти ти ми беше се. Или како би рекол ти јас ти сум светлата точка во животот. Ја искусив... тука е крајот. После последната средба веќе ништо не е исто. Ти не си ист. Се смени. Само глумиш. И ти умираш од љубов и желба колку и јас. Твоја одлука. Мислиш дека ако глумиш дека немаш емоција, љубов ќе исчезни. Само ме повредваш мене со твоето идиотско однесување. ПС малку е офф топик песната ама морав.
Јас те сакав толку многу и со тоа заслужив игнорирање.Те молам објасни ми ја оваа последна порака, ништо не разбирам веќе.Зошто баш сега,кога ми помина? И недостигаш на малото девојчето во мене, не избрзав за ништо те сакав повеќе од се...и можам повторно да те сакам колку и да боли.
Те разбирам потполно. Разбирам дека ти треба време, а знаеш и мене, затоа никаде не те брзам. Ти оставам простор да си размислиш. Што и да одлучиш, сакам да е за твое добро. Не ме гледај мене, ќе си терам некако ја. Само ти кажав дека мора да тераш напред, не може да живиш уште во минатото. Да си заглавен со тоа, ја те разбирам, ама ако не сега понатака некој ден ќе мора да продолжиш. Што и да одлучиш, нема да ти се лутам.
За последен пат,ти кажувам дека те сакам најмногу на свет. Ама последен пат,во оваа година,будалче мое И пак ќе ти речам,мисли што правиш утре
Вчера сабајле можеше да ми пишеш, и да ми го разубавиш денот. Вечерта кај беше? Една порка не можеше да пишеш? Не те сфаќам човеку а баш мислев дека работите меѓу нас се менуваат. Реков дека 2018 ќе биде година на скроз нов почеток во мојот живот. Сакав да те задржам, ама изгледа ќе останеш во минатото.
Понекогаш многу ме нервираш зашто се замислуваш и опседнуваш бетер од жена, од ЖЕНА повторувам. Се нешто ти е малку гушкање и лигавење, а јас како што не сакам толку романтики се мрднувам.
Додека со главата ти лежев потпрена на гради, слушав како нежно и полека дишиш, а срцето ти чука возбудено...Со секое отчукување се повеќе и повеќе се заљубував во тебе, а секоја клетка во мене се топеше од среќа во тој миг. Ми се јавија нови чувства...Открив нов степен на љубов...Посакав светот и времето да застанат само за нас. Во овие гужви и загаденост, тешко доаѓаат до израз позитивните вибрации помеѓу луѓето, а таму? Таму се е чисто, наивно и искрено...Времето тече само за нас...На љубовта и чувствата им нема крај, па затоа за брзо пак ќе се вратиме и ќе бидеме како во бајка. Само ти и јас. Едвај чекам.
Сакав и јас да бидам до тебе во 00.00 да ти ја честитав новата година да те гушнев ама тоа е сеа секако ќе те видам за недела две
Никогаш не сум верувала во чуда, ангели чувари, судбина... Барем не во вистинска смисла на зборот. Ама не можам поинаку да си ја објаснам оваа наша поврзаност. Кога и да стигнам до дното и ме обземат ептен лоши мисли, кога и да си речам дека не сакам да живеам, ти знаеш баш тогаш да се појавиш и да ме сакаш кога најмалку сум за сакање и ме вадиш од таа мрачна, црна дупка во која секогаш заглавувам. Не можам да не го наречам судбина, тоа што сум постојано депресивна, нерасположена,тажна, љубоморна, сомничава, а ти одбра ете баш таква да ме сакаш. Верував дека никој нема да издржи со мене, зашто има денови, кои поминуваат во недели, кога сакам да бидам потполно сама и мислев никој нема да толерира такви паузи. Но, ти секогаш велиш дека ме познаваш, дека чувствуваш кога ми треба време за себе и ме оставаш без да ти кажам. Некогаш и ќе ме бараш, и ќе ми пишуваш и нема да добиеш одговор и ќе ми зазвониш на врата, а јас ќе те пречекам намуртена. Па ќе ми речеш - епа таква си ти, ама не ми смета, јас секако тебе те сакам и сакам да бидам со тебе. И мислев дека ако постојат ангели чувари, веројатно се невидливи, но толку пати ми го имаш спасено животот, што знам дека со причина си избран за мене. Твојата љубов е единствено чисто нешто нешто на овој свет, а јас сум толку недостојна за неа.