Признавам, премногу ми годи твоето внимание. Знаеш дека имам дечко долго време..Интересно ми е ова што го правиш... признавам, треперам кога ќе те видам, кога ќе пишеш, или кога некој ќе те спомне. Да ми се случуваше ова пред 2 и повеќе години, верувај ќе летав од радост. Ама сега... не бива да се радувам. Стварно не знам како да ги протолкувам знаците што ми ги испраќаш...Ама едно со сигурност знам... него никогаш не би го оставила. Не за тебе, туку за никој на светов... не сакам живот без него... Љубов ми е. Најголема...
7ма Нова Година по ред како ја дочекувам во твоите прегратки . 2017 беше убава година за нас. Успони, падови, но чекор по чекор си ги остваруваме целите. Ти посакувам оваа 2018 да си ми жив и здрав, да си дупло похрабар од тоа што си, дупло посреќен, а на себе си си посакувам да не пропуштам ни миг од твојата среќа, да бидам дел од неа, и да можам да ублажам дел од твојата тага. Сакам оваа година да сме се поблиску до тоа што го посакуваме, да сме сложни и да сме си подршка еден на друг како и до сега. Горда сум што те држам за рака
Одмори ми се, наспиј ми се, срце ме болеше за тебе, два дена по ред ем на работа, ем на славење, ем по гости да се честита. Наполни си ги батериите, еве нема да ти звонам и пишувам за да не те разбудам
Со тоа што повторно се појави во мојот живот во 2017 година ми го разубави животот. За првпат после долги години се почувствував жива, среќна и исполнета. Те сакам повеќе од се во животот. Нервозна сум, не знам како неубави мисли ми се вртат во глава, некој неубав страв дека нешто се случува и дека повторно ќе те изгубам. Не доволувај да се разделиме повторно, си ветивме многу убави работи...Потребна ми е твојата прегратка во моментов, за да се смирам малку.
Фала ти. За најубавиот дочек досега. Фала ти што избра да славиш со мене, што ми прости се, што даде максимум за да ми удоволиш, што беше покрај мене скоро цела година, што ме правиш среќна.
За оваа Нова година бевме заедно. И преубаво си поминав баш поради таа причина. Минатата година имав лоши моменти во кои само ти ме смируваше. Токму кога ми велеше дека сѐ ќе биде во ред и дека си тука за мене, најмногу ми се исполнуваше срцето и најдобро ми покажуваше каква личност си. Ти ветив и дека отсега па натаму ќе бидам посилна и поупорна, а ти ми вети дека ќе ме подржуваш. Посакувам оваа година да ни биде уште поубава од претходната и уште многу убави заеднички моменти да поминеме. Исто сакам годинава повеќе да ме слушаш и помалку да мислиш на мене кога треба да учиш. Инаку, сум ти кажала ли дека ги имаш најубавите очи што сум ги видела? Можеби, ама пак ќе ти кажам дека ме освојуваат секој пат кога ме гледаш со нив.
Пред неколку дена посакав да е крај, но повторно ми се докажа дека ти си во право.Секогаш си во право. Прости ми што се лутам и реагирам бурно, не верував дека и после толку време пак ќе остане сѐ на исто. Прости ми и што ова ќе остане само тука напишано, а тебе некажано
Сеуште не сме дефинирале врска а ти веќе ме запозна со целото твое друштво и братучеди. Не се одвои од мене цела вечер. Преубава ноќ за мене беше. Сеуште го чувам поклонот, се зачуди кога ти кажав. За тебе ситница, мало внимание но, за мене не. Ќе го чувам долго. И да, уште нешто би ти кажала: не можам да дочекам да те видам повторно.
Сакам да се откажам од тебе, од нас.. од се, но некако немам храброст. Не можам да се борам сама, не можам да се борам против се останато што е поважно од мене. Те молам, покажи барем малку заинтересираност, одглуми ако треба. Направи нешто пред навистина да биде предоцна.
Она кога ќе ти удрат стари песни во глава...Па си враќам филм и сфаќам,сите до сега,биле грешка. Заблуда. Само џабе губење живци. Единствена вистинска љубов е онаа која сега ја имам. Јас сум најреќната жена на светот. Единствена љубов без лаги и сплетки,недоверба и љубомора. Љубов без "ама"... "Знам дека ме сака,АМА..." Згреши,АМА..." Колку е се поедноставно и убаво. Го сакам животов ,заради тебе!
Зошто ми го правиш ова? Зошто си играш топло/ладно со мене? Ако ти не знаеш што правиш со животот не значи дека треба да си играш со мене. Ми се досади од тоа еден ден да си тука, и после тоа три дена да не ти текне да вратиш. Или скрос оди си од мојов живот, или остани и биди decent human being. Уморна сум веќе.
Претходниот пост го напишав онака,од срце. После поминатото прекрасно утро и појадок заедно,почувствував колку сум задоволна со мојот живот со тебе. ..Колку го разубави. Неколки часа подоцна...Излезе под изговор дека си заборавил да купиш нешто и одма се враќаш... "Мила,ајде заедно да ги расподелиме работиве во кујна да не ти направам некој хаос.." Станувам,ја отварам ќесата,а внатре... Ташна. Ташната која случајно утрово шетајќи низ продавниците ја погледнав. Ти беше дури на другата страна кога ја гледав,не ни знаев дека си приметил. Немав намера да ја купам. Да,многу ми се допадна,ама во моментов имаме побитни работи од тоа. А,ти...Ти си видел ,си се вратил и си ми ја купил. Кога ја видов,прснав во плач. Како може да си толку внимателен? Како може толку среќна да ме правиш? И не е само поради подарокот. Туку поради твоите зборови : " Видов дека ја гледаш,знам дека ти се допаѓа,а не скаш да трошиш. Секогаш гледаш за се друго,па после за тебе. Заслужуваш. Вредиш за секој цент. Со задоволство ти ја купив,затоа што си таква. Никогаш не бараш ништо,а заслужуваш се. За мене нема ништо поубаво,од тоа среќна да те видам." Ох,љубов,ни не знаеш колку сум среќна! Те сакам мило и пак ќе кажам...Еден во милион си.
Знам дека прво морам да научам да живеам без тебе, за да можам потоа нормално да живеам со тебе... Ама тешко ми оди тоа. Се надевам ќе успеам да се сменам еднаш засекогаш.
На саканиот би му препорачала да ми врати на фејзбук. Пошо и онака сум нерасположена он ќе си го добие :/ А на бившиот кога би му имала шанса би му кажала дека пред некој ден го видов во близина на факултет и ќе се онесвестев. LMAOOOO Колешкава со мене беше каооо, добра си ? хахха
Возможно е да си толку совршено совршен?!? Не знам веќе како да ти доопишам колку те сакам и колку сум пресреќна за се што ми приредуваш. Знам дека ти е доволно искрено фала и силна прегратка, ама верувај дека еден ден ќе ти вратам за секоја солза радосница! Те обожавам!
Snoop around and you get fucked up. Now I can't stop thinking about her. I hate being vulnerable and you know this. I wanted to fall for you so I did. I forgot about my boundaries, I forgot about my walls. Am I even worth shit? No idea.