Зошто сеуште јас сум таа која се плаши да не те изгуби кога веќе одамна те изгубив? Всушност се прашувам дали некогаш воопшто те имав покрај мене на вистинскиот начин, се прашувам дали кога беше физички до мене дали и умствено беше тука или размислуваше за некоја друга? Дали кога ми кажуваше дека ти недостигам и дека ме сакаш тоа го кажуваше затоа што така се чувствуваше или пак беше само навика за преболување на друга љубов? Дали навистина замислуваше иднина со мене или бев само привремена забава? Дали јас навистина ти бев љубов штом толку бргу се откажуваш? Ми рече дека јас сум се откажала. Камо да беше навистина така.. Непребол си ми и веројатно секогаш ќе ми бидеш.
Не очекував вакво нешто. Различно замислував да се одвиваат работите. Си реков ќе пробаме, па ќе чекам на тебе да дефинираш на што сме. Но, ти ме изненади. И тоа многу. Ми рече: ,,Знаеш дека сме заедно од првиот бакнеж така?" И како мало дете на прсти броеше колку денови сме биле заедно. Желбата што ја замислив вчера заедно со тебе, никогаш да не престане да се остварува.
Понекогаш знам долго да се загледам во тебе. А ти ќе се свртиш и ќе ме прашаш: „Што? Имам ли нешто на мене?“ Не, немаш ништо на тебе. Понекогаш се загледувам во тебе со неверување дека си мој. Никогаш нема да можам да ти опишам колкава е среќата што те имам во животов. И ден денес срцето ми лупа како лудо кога ќе ми ѕвониш, пишеш, допреш, ти го слушнам гласот. Гласот кој ме смирува. Нека трае цел живот
Убаво ни беше заедно, имавме муабет, хемија, удобност, се смеевме и не се срамевме да признаеме дека уживаме во меланхоличноста. Али бев зелена, мислев си многу повозрасен од мене, иако разликата не беше толку голема, али шта чеш. Сега не контактираме. Имаш семејство. Но, никогаш не те заборавив и да мислев како сега тогаш, сигурно ќе бев со тебе.
Би и кажал.... Би ти кажал многу од овие работи во лице... Те засакав, премногу. Толку многу, што се осеќам како да пишувам за првата љубов. Денот кога се запознавме, во твоите очи видов нешто посебно, нешто што го нема во никои други очи. Уште на прв поглед се заљубив, но тогаш го негирав тоа во себе, пошо не верував во љубов на прв поглед. Продолживме да се дружиме, но страста и чувствата кон тебе стануваа се појаки. Знаејќи дека имаш долга врска, ги занемарував чувствата, но тие стануваа се појаки и појаки... Забележав дека има јака хемија помеѓу нас, почна да покажуваш интерес за мене. Се забележуваше тоа бидејќи скоро секојдневно на работа бевме заедно. Во тие мили очи сеуште го имаш тој оган, тој сјај што го забележав денот кога се запознавме. Знаев дека ќе успеам со тебе. Знаејќи дека имаш љубен, јас те сакам, а и ти самата го знаеш тоа. Кога ми кажа дека си раскинала со него, срцево ми трепереше од среќа, реков еве шанса. Не бевме во врска, но на некој начин функциониравме. Самата кажа дека ти е убаво, дека ме сакаш, дека никој не те третирал така како мене... Се осеќав како на седмо небо. Бев убеден дека ќе успееме. Но што да правиш, кога нешто не бива, не бива. Повторно си со него. Повторно како сме на почетокот, ти со него, јас со тебе... понекогаш... Сеуште те сакам како предтоа, и повеќе од тогаш. Сакам да знаеш дека ќе те чекам, надевајќи се дека еден ден ќе бидеме заедно, бидејќи сеуште сум убеден дека тоа ќе биде, кога тогаш... Би ти го пратил ова и тебе, би ти го кажал и во лице. Но како што би рекла ти, не може човек да не те сака, бидејќи си премногу добар. Но не сакам да те повредам, бидејќи знам дека ќе ти биде тешко ако го прочиташ овој реферат. Знај дека без обзир на се твојот шанкер те сака! СО ЉУБОВ Шанкерот
Може некогаш ќе се ставиме на прво место ние, а после другите Вака е најдобро. Свесни сме и двајцата за тоа.
Што да славам кога причината за мојата среќа не е до мене ? Животот секогаш ми го дава најтешкиот тест, ама овој пат љубовта ќе реши и ќе победи се. Љубов моја на прв поглед јас не се откажувам, знаеш дека неизмерно те сакам и те чекам.
Внесуваш спокој во мене, со тебе го заборавам концептот на време. Најмногу ми се допаѓа таа шармантна насмевка. Како да кажуваш со секој поглед по една мала тајна. Осеќам, ова е почеток на една убава приказна.
Старата година ја испратив со многу љубов и воздишки по тебе. Не сакам да признаам,ни тебе,ни на другите,ни себе си...но ме плаши оваа проклета далечина,со денови си ми чуден,се помалку време имаш за мене Јас сум тука,на истото место каде што ме остави,и ќе те чекам,но ништо не е вечно,добро размисли што сакаш,го губам некако трпението веќе..... И многу наскоро и тебе ќе ти го кажам истово
Ти ми се свиѓаш. Ме нервираш. И сакаш да ме смоташ, а јас не сакам смотани сарми. И друг ме свиѓа мене. И така во круг седи си во ќош.
[До Рап]Се каам што ти раскинав а знаев дека вака ќе биде. Ќе ми фалиш. [До Метал] А ти, кретену еден ненормален не знам со кое право ми се појавуваш у живот кога ќе ти се посака. Вчера ги избришав сите можни чатови со тебе. А еве си денес пишуваш, и на крај коа почнав моабет да ти праам ме оставаш на глупави знакчиња? Не бе чоек, fuck you.