Не спијам сеуште.. Може барем еднаш јас тебе да ти се јавам во ниедно време како што правеше ти? Никогаш не ти признав но тие изненадни јавувања во утринските часови всушност никогаш не ми пречеа, ми беше премило што токму мене ме бараш во оној дел од денот кога секој човек е најискрен. Поради тоа ти верував дека ме сакаш и можеби бев во право, можеби не.. којзнае..
И после зошто не ти се враќам?? Видисе! Истиот ти на 4:20 од ова видео Ролки,ролки,ролки па ролки да те удават! И ти како овој! Сеуште ги паметам тие твои зборови,поточно и се се наоѓа вака по нешто да ме потсети на тебе и речениците од типот "што е ова на тебе?!! каде одиш вака сите да те гледаат,уште еднаш да не сум те видел во ова облечена! И чупиња не влага во кладилница надвор ќе ме чекаш" Ее чекај само да те потсетам јас тебе кога носев бунда зимно време тогаш смеев да влегувам со тебе во кладилница
Одамна знаев дека само ти можиш да го разбудиш тоа чуство во мене, да го скршиш тој лед околу мене. Те сакам мече мое
Толкава болка ми нанесе, на денот кој требаше да е најубав. Мислев дека ќе се бориш за мене, за нашата љубов, но ти си бил слабак. Фала ти што ми го уништи роденденот, да ти е сладок престојот и работата во странство. Ќе ми треба време, но ти си тој што ќе ме бара, кога со свиткан опаш ќе се вратиш како куче. Среќа ми треба, зошто секоја солза е болест.
И не знам, солзи ми навираат, се скупчувам и плачам. Тебе веќе нема да те имам, да те видам, да те допрам. Боли, ама морам да издржам.
Понекогаш размислувам за другите жени во твојот живот...има ли некоја на која и недостигаш исто ко мене...понекогаш читам овде мислеејќи колку би било иронично и некоја друга да го искажува својот копнеж,неспокој овде исто ко јас...знам дека постојат и други со кој постапуваш исто па дури и поладно го знам тоа затоа што ти поинаку и не знаеш....
Слични повреди сме имале во минатото. Мило ми е што ми се отвори колку толку, покрај тоа што си затворен ко пандорината кутија. Ај, може ќе си ги излечиме повредиве еден на друг. Има надеж.
Жал ми е , за се што доживеа поради мене, поради моите лаги, никогаш не те заслужив, беше толку многу фин со мене, секогаш тука за мене 24/7, а јас бев девојче и уште сум која што не знае што сака и си играше со тебе, планираше многу работи со мене, а јас се зезав и лажев, толку многу ми помагаше што јас п од помош не заслужив, а не па да ми дадеш уште една шанса, сега си со неа, мило ми е што си најде друга, да бидеш најсреќен, го заслужи тоа, после цели 2 години лажење од моја страна, па дури и за сериозни работи, заслужуваш некоја што нема да те разочара никогаш, само подалеку од ваква како мене ако си ти среќен, среќна сум и јас......''среќна''
Не знам зошто ама уште пред да отворам некоја твоја порака, знам што си пишал. Не, нема да дојдам. Можам ама не сакам, кратко и јасно. Не те сакав никогаш, тоа беше само страст желба да те имам, а воедно ме гушеше и лошата врска со него, знаеш со кого. Сепак те гледав искрено и ти верував. Не ме изневери за некои работи, ти благодарам, излезе голем другар. Ама почна да ме повредуваш бе. Ми здосади, не сакам јас да бидам твоја кукла на повик која ќе ја бараш кога ќе останеш сам. Сепак чуствував некои симпатии према тебе, ми беше мил, посебен. Сакав да ме бараш сред бел ден, кога си опкружен со толпа луѓе околу себе и да ми кажеш дека јас ти требам. Потајно се надевав дека ние двајца би можеле да станеме едно ама ништо, како и секогаш бев наивна и верував во невозможни работи. Сега ме бараш ама ме нема. Недостапна сум за тебе веќе. Може и во мене беше проблемот, погрешно ти пристапив ама тоа е, нема втора шанса за прв впечаток. Не сакам да се обвинуваме кој е крив, а кој прав сакам само да заврши брзо и тивко како што и почна нашата приказна, ако воопшто беше приказна.
Да бидам искрен, извини шо ти звонам вака доцна и те вознемирувам, стварно ми фалиш и те сакам... (селектираш 30 броја од именик).. и праќаш порака.. -Наредниот ден.. одговараш извини од, виното беше..
Џабе ми е липањето по тебе.. Џабе ми е кажувањето колку многу те сакам... Ќе си ги избришам солзите и ќе те закопам длабоко во срцето... Последно мое пишување за тебе..
Борбата за подобар живот те однесе далеку од мене. Но километрите нема да успеат да не разделат. Само уште малку и ќе ти дојдам. Ми фалиш најмило мое!