Интересно ми е што те интересираат и најмали детали. Не прави планови бејб, повеќе сакам спонтано. Следен викенд: вино, ти и јас.
Се плашам да ти признаам дека сѐ уште те сакам... Поминати се многу години, сигурно веќе мислиш дека не те сакам, дека сум те исфрлила од срцето и дека те гледам само како другар од детството. Се плашам дека ако ти ги признаам моите чувства кои ми ја горат душата, дека ќе те изгубам како пријател, дека нема да биде ништо исто, дека ќе те оддалечам од мене. Сега само се трудам да бидеме што поблиски, се трудам да ти се допаднам, се трудам на некој ненаметлив, индиректен начин да ти се вовлечам под кожа и да ти се сместам во срцето, за ти да го направиш првиот чекор, да ми кажеш „Те сакам“, а јас да ти се фрлам во прегратка и да ти шепнам „Те сакам, долго го чекав овој момент“.
Не знаеш со каква топлина и какви убави чувства ме наполни вчера. Заспав со насмевка. Таква љубов како вчера кон тебе одамна немав почувствувано за некој. Почнувам да ти припаѓам и не си свесен колку ми е убаво.. Нека трае!
Те видов како ме гледаше....всушност сите видоа...тешко ти е да се контролираш,не успеваш....а мене тоа и ми беше целта никогаш да не успееш да ме преболиш....
Ти пречи тишината, нели?! Кога ти кажував дека можам да си заминам, зборовите како да ги носеше ветерот и ниту еден не стигнуваше до тебе.. сега ја имаш тишината и тоа е се што заслужи да добиеш за возврат за сите непроспиени ноќи, за сите депресивни мигови низ кои поминував поради тебе, за сите мигови во кои направи да се чувствувам безвредно и ништожно. Сега прегрни ја тишината и замисли си желба некогаш, во некој свет, повторно да ме прегрнеш и мене.
Едвај чекам да ти ги видам утре најубавите зелени очи. Вечерва нема да заспијам од шо те мислам, а и да заспијам пак ќе те сонувам.
Знам дека ветив дека нема да пишувам за тебе ама се уште те сакам и не можам да ја смирам потребата и желбата за тебе. Фалиш ужасно иако не заслужуваш.
Ти ме правиш најсреќна прасе мое. Кога и да те слушнам секогаш успеваш да ме насмееш и да ме направиш среќна, а тоа што јас брзо си го расипувам расположението сама сум си крива затоа што дозволувам работи од минатото да ме уништуваат сега. Но како и да е полека, полека се поминува. Нема да помине скроз ама интензитетот се намалува, а љубовта кон тебе расте полека, полека. Можеби неможам да те сакам колку ти мене и ти го знаеш тоа, но биди сигурен дека никогаш нема да направам нешто за да те засрамам или повредам затоа што ти не го заслужуваш тоа. Секој треба да има човек како тебе во животот. Пресреќна сум што те имам.
Некаде ова време, лани, за првпат се видовме по неколку месеци. Дојдов, само од загриженост за тебе и паметам, кога ме здогледа, толку широка насмевка имаше на твоето лице, која не се симна во текот на неколкуте часа поминати заедно. Седнавме да се згрееме и ти не престана да зборуваш и да ми поставуваш прашања. Ми текнува со какви очи ме гледаше. Дојде време да се разделиме, а ти не сакаше да ме оставиш, иако обувките ти беа веќе намокрени од снегот, инсистираше да ме отпратиш, ценејќи го секој миг со мене. За мене отсекогаш си тоа искрено, заљубено, добронамерно дете, со срце големо како планина. На тој начин ме гледаше и пред десет години и ништо не е сменето. Долги години не научив многу за љубовта, ама последнава и те како ме промени. Во животов единствена среќа ми причинува само начинот на кој ме сакаш. Чисто, без барања, без ограничувања. Гордост моја .
Уште 48 часа.... морници по телово, нервоза, потреба за тебе Нека си трепка ова , за да ти каже што носам јас оваа година, откако те знам.... "Ти ми даде онакво жолто околу мојава глава, како светците што носат, ти ми остави тука-љубов, а не лузна" - Дарко Лешоски Одамна јас ги собрав во дланкава најубавите работи кои си ми ги кажала. најубавите работи кои си ги сторила ти за мене, за тебе јас некогаш. И не смеам ни да помислам оттогаш ти да ме имаш или јас да те имам тебе пак некогаш. Не зошто престанав или сум престанал да те сакам, ами зошто секоја ноќ само за спиење јас ја вадам таа невидлива твоја круна од мојата глава. ти се насмевам во мислите и ти велам: не смееш ти да бидеш жена, љубовница, девојка, мајка на моите деца.. Проштевај! јас сум само твој обичен слуга, нема никогаш достоен за тебе да се чувствувам, таков цел живот планирам пред тебе да бидам, јас научив твоето отсуство да го носам на себеси како круна, а не како лузна кралице моја! јас решив кога ќе ме нема некој од нигде никаде да шепне: "имаше нешто во него." , а никој да не знае да каже што било тоа. онаа љубов твоја која никогаш од мене не си ни замина дури дишев јас. посилна од секакво присуство, поскапа од било што на земјава. "тука љубов" Страст, љубов и "тука љубов" така јас ја викам таа љубов ако човек има среќа да ја доживее некогаш. во тебе сум. ете сум тука. ти ми остави онакво, она жолтото околу светците околу главава кралице моја ти ми остави круна, а не лузна! ти ме научи твоето отсуство да го носам јас така. Да се смеам зошто имам во мене две души јас. Колку за две души и болка, ама и радост и радост колку за две души јас во нас носам. Уствари знаеш, не знам ни зошто ова ти го кажувам. Тука си. Секогаш си била. Одамна не е важно дали сме заедно или не ти и јас.
Иако е само почеток на работава сепак многу ми е мило што те запознав и сакам да останеш во мојов живот. Жал ми е ептен за тоа што проаѓаш низ дома, но тука сум и најголема поддршка сум ти во се. Мило ми е што си стекнал доверба во мене иако не сакам да брзаме и твојот "пекол" што го викаш, ќе помине и ќе биде ко некој тест за нас и што ќе биде со нас. И сабајле кога се разбудив и осетив дека мирисам на тебе, плус и си ми пишал порака во 6 и 30, веднаш ми се нацрта насмевка на лицево. Мали гестови, а сепак ме прават среќна. Плус вчера баш беше кјут кога ми ја извади капата, ми ја испоразбушави косава и ме изгушка. Романтичар си, се гледа.