И покрај тоа што мразам да ме разбуди некој, не ми дојде така лошо твојот повик у 9 сабајле и твојот преубав глас шо ми рече “добро утро убавице, ајде станувај, на пауза сум и сакам да ја искористам правејќи муабет со тебе“.
Тии ако ме чекаш уште три и повеќе години дека ќе сум твоја како што кажуваш ќе си остариш Ова твоево укажува дека јас никогаш нема да можам да имам другар И моменталниот ми дечко беше како тебе ми се правеше другар, но во ред тој е мој тип ама тии не си! И престани да ми префрлаш на секое И запамти освен другар ти на мене ништо повеќе нема да ми бидеш.Чисто да си знаеш ти кажувам реална сум Јас ако сум твој тип ,ти не си мој тип. Свати! Само баш ме интересира до кај ќе тера овој твој имает,велиш ќе има бурни избори а? Е баш да се увериш јас си кажав своето и мојот закон не се менува
Ја изгубив тотално довербата во тебе..сега баш ќе осетиш како е да бидеш со некој кој е ладен спрема тебе,ќе го осетиш тоа од мене!
Ти имам кажано дека те мразам, а на ова ти секогаш враќаш - Знам! Знаеш колку ми значиш, се би направила за тебе, но на се му доаѓа крај. Мразам што те сакам, што ми значиш, а не заслужуваш ...
Ти само убеди ме дека љубов има... Ти само врати ја старата јас романтична бескрајно... Ти само покажи ми дека за некои работи гори човек се зад себе и се раѓа подобар, посилен, како феникс.... Ти само потсети ме како изгледаше љубовта искрена.....
И не боли само кога некој ти недостига и ти нему,а тоа не можете да му го кажете.....боли и кога некој е до тебе а знаеш дека во мислите е туѓ...гледаш странец во телото на љубениот,сфаќаш дека не можеш ништо да сториш и го пушташ....пушташ спомени,љубов,воздишки ...пушташ се и тогаш сваќаш што е најголема болка....не љубењето туку одкажувањето
Вечерва за прв пат после тебе излегувам со друг, пак те мислам само тебе... Незнам зошто воопшто се согласив кога проклето те сакам.
Многу сакам да си озбилен со мене, да се земиме. Ќе живееме прекрасно. Ти си мое совршенство. Со тебе одмарам, ти имаш разбирање. Ти си баш како за мене.Врати се, изненади ме со прстен ДаДаДа
Веќе и не знам што би ти кажала.. Ниту еден збор не вреди штом и двајцата не сме на иста бранова должина.. Очигледно е, не ти значам колку што ти ми значиш мене. Колку и да се залажувам, вистината одново и одново ми удира шамар освестувајќи ме да се вратам на периодот кога сите чувства ми беа собрани во само едно единствено чувство - сеедно..
Јас замислувам разговор со тебе, Некакво правдање, Некакво објаснување. Јас смислувам прикладни зборови, Вистинити, Топли, Искрени докрај. ... Растргната помеѓу рациото и емоциото, не сум во состојба да си ја послушам интуицијата. Не можам од глава да те извадам и не можам да поверувам во што се претворам. Никогаш претходно не сум се чувствувала вака, никогаш. Оставајќи ме да висам во воздух ме доведе до овој тотален дисбаланс. Идеализираната слика која ја создадов за тебе ме донесе до овој хаос. Помислата на тебе ми пружа мир, спокој и хармонија, а потоа неиздржлива агонија. Јас не го заслужувам ова. Те молам, ако се вратиш, направи го тоа наскоро. Потоа веќе ќе е предоцна. ... На крајот заклучувам Дека е подобро да не дојде воопшто до тој разговор.
Не знам зошто се уште пребарувам по твои профили кога не треба да ме интересира ништо. Исчезни ми од мислите.