Жал ми е Неописливо чуство на тага за кое немам повеќе ни зборови со кои би опишала...Ќе помине се надевам..Нека ни е со лесно времето лечи се
Помина Нова година,поминаа празниците,а ти уште не се поправаш во однесувањето. Хм.Океј,на почетокот те разбирав дека ти е тешко,нормално нова работа,нова средина,нова држава....некогаш со денови или со саати те чекав да се јавиш на вибер,некогаш ќе беше нервозен,ќе си речев во себе,ајде да барам некое оправдување,тешко му е таму сам..но не,сега ја поминуваш секоја граница. Еве,трет месец фаќаш како си таму,а јас како глупачка те чекам тука,додека ти го надмина стресниот период и сега се вклопи и почна да се забавуваш таму,а знаев дека така ќе испадне после сликите што ги гледав за прославата од нова година.... Денес,ти кажав многу работи,не знам колку ме сфати,но наспроти тоа што те сакам,ти тоа добро го знаеш,јас ти реков дека не сакам да се надевам,да живеам во лажна надеж,а ти што направи за да ми го смениш мислењето,само ми рече да не избрзувам. Е па,ќе избрзувам!! Нема да те чекам повеќе!!! Ќе се вратиш ти еден ден,и ќе ме бараш,и ќе се сретнуваме пак и ќе се гледаме во очи и ќе си вртиме глава како сите овие години,и ништо веќе нема да е исто... Да....КРАЈ
Точно пред една година на овој датум, ова време започна се, а не требаше, но ете така требало да биде. Зошто ми пиша денес, се сети на датумот или разбра дека сум излегла со друг. Што е си мислеше таа вечно ќе ме чека кога и да посакам ќе биде со мене? Извини не сум ти јас играчка доволно ме правеше будала! Остави ме на мира кога не ме сакаш, не ми ги отварај раните и така доволно ми е тешко... Душата ме боли, се убив од плачење Поради тебе ги повредувам оние кои не заслужуваат. Ете пак не можев вечерва да излезам со него, не сакам да му давам лажна надеж кога сакам друг и да го лажам, бидејки за разлика од тебе тој е предобра личност.
Може еден совет? Не се измачувај со тоа каде е или со кој е. Штом ти рекол да не избрзуваш, тоа значи дека треба да го послушаш. Според мене по тоа што го напиша ми изгледа дека и ти му значиш. Не избрзувај, не кревај раце толку брзо. Остави ги работите да си одат по свој тек, а за тоа време посвети се на самата себе. Ќе сфати он некои работи Но, доколку дојде до крај, останете барем другари. Знам колку ти значи и не дозволувај повторно да бидете странци.
Ете не ти верувам, ама не е до мене, ти многу пати ја изневери мојата доверба. А знаеш ли колку сакам да верувам во се што ќе ми кажеш. Мене сомнежот ќе ме убие...
Фала ти што ме научи на најважната лекција во животот и фала ти што си замина од него,правејќи посилна личност од мене,ме научи да се борам сама за себе и никогаш повеќе никому да не верувам.....!!!!!!!! Денес заедно славите роденден,а и јас исто така славам,но славам бидејќи не сум јас таа со која славите заедно......знам,те познавам, нема долго да бидеш нејзин......... Без разлика на крајот на нашата врска,ти посакувам се најдобро и се надевам дека еден ден животот и тебе ке ти одржи убава лекција... Секогаш ќе те сакам,но никогаш нема да ти простам. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!
За многу кратко време ми навлезе многу у животот. И некако многу се навикнав на тебе. Се надевам добро ќе биде, а таман си ветив периодов дека нема да се заљубувам, навикнувам на некој. Ама ете те запознав тебе. Се надевам ќе ми докажеш и покажеш дека љубовта и не е само лоша туку знае и да биде добра. Стекна доверба брзо кај мене и тоа ме плаши. Се навлекувам на тебе.
Сакам да си заминам исто толку колку што сакам да останам....по кој пат и да тргнам болката е неминовна....
Конечно... Конечно најдов личност каква што од секогаш посакував.Немав надеж ама дадов шанса, и сега сум најсреќна. Ти благодарам за најубавите 5 часа во мојот живот.Ти благодарам за се што беше вчера.Прв пат во животот зборував на толку убави теми со некоја личност, не очекував дека нема уста да затворам.Немаше момент кога немавме што да зборуваме и многу ми е мило поради тоа.Позитивно ме изненади кога праша кога пак ќе се видиме.Тоа го препуштам на тебе..
Свесен ли си колку ме повреди со последната постапка. Очекував барем малку да ме познаваш, барем малку да ми веруваш ама излезе обратно. Мило ми ее што веќе немам личност како тебе во животот прв пат кога ќе се скараме јас да не заплачам да не ми ее тешко напротив обратно ми е . Солзите пресушија, повеќе нема . Еден ден кога ќе сватиш и ќе се вратиш многу ќе биде касно и за тебе оваа врата е засекогаш затворена. Посакувам ти среќа во животот и многу среќа. "Се да имаш а за мене да прашуваш.Толку."
Кога читам текстови, Кога слушам песни, Мислам на тебе. Будала ли сум што и покрај сѐ, јас размислувам на тебе. Не можам човек, едноставно не можам да престанам да мислам на тебе, не можам да те извадам од главата. Кога видам дека си уклучен, кога ја видам твојата слика, целата се стресам. Што треба да правам, Да не слушам музика, Да не читам текстови. Дали знаеш што представува љубовта за мене. Плачам кога и да гледам некоја емотивна песна, некој емотивен филм. Јас да се заљубам, тоа за мене представува нешто што не можам да го дофатам. Од твојот поглед јас треперам, Од твојата насмевка јас се топам, Од твојот глас јас се ежам. Не можам ни да престанам да пишувам за тебе. Две години поминаа, дојде третата.
Зошто ти се јавив, како можев да направам ваква глупост. За миг заборавив на се. После долго време пак ти го слушнав гласот, треперев како првиот пат кога те видов. Ах зошто не можам да те заборавам...