Колку брзо ми навлезе под кожа. Се смести таму и спиеш во мене. Ти и твојот заразен хумор. Ти и твојата убава насмевка. Ти и твоите смарагдни очи. Не буди се и никогаш не заминувај. Биди во мене додека не постанеме едно цело. Со душа и тело.
Зошто се појави....зошто ме бараш сега? Заборави ли како без збор ме остави, без причина? И сега од нигде никаде ми кажуваш дека не знаеш зашто го направи тоа. Дека сега сфати што си изгубил. Не сега е касно, колку и да сака срцево да ти прости, гордоста не ми дава. Еднаш ми рече - "Она што го очекуваш, тоа и го добиваш." Затоа сега, очекувај да ме нема. Очекувај да не ме сакаш. Очекувај да не те сакам. Очекувај да ме заборавиш. Немаш право да ме паметиш!
Слушам ти било тешко, слушам си се опивал.Си љубел сечии усни само за да ги заборавиш моите, мета ти биле тие лесните. Уште на почекот се предаде, многу малку време помина откако не сме заедно за да тие е толку тешко. Да не свати што изгуби? Како ми велеше секој пат она што го очекуваш тоа и го добиваш.Врати се назад и сети се на таа лекција.НЕ очекувај да те мразам а јас несакам да ме паметиш и името да ми го споменуваш ти го немаш тоа право повеќе. Во која и да ме бараш нема да ме најдеш. се ти е залудно. ЌЕ гледаш во мене кога поминувам уште многу. Оваа вечер те болеше кога се смеев те знам,те познавам, те читам како првоодделенска читанка. Гордоста не ти даде да дојдеш до мене и да ме прашаш зошто тоа толку големо расположение. Ќе ме гледаш и ќе се каеш затоа што ја изгуби единствената што те сакаше тебе а не твоите пари. Да дојде ден да ги изгубиш сите пари да банкротираш е тогаш да видам која од твојте кукли ќе е до тебе или ќе останеш сам без жени и другари. Да другари на кои секоја вечер им ги плаќаш сметките што се со тебе за пари едноставно од корист. Секогаш ми викаше чуден карактер си „човек додека не ти згреши душата си ја даваш за него ама кога ќе ти згреши на погреб нема да му одеш“. Дојде ден денеска мене да ме застане курва што ја помина цел град и да ми каже дека додека имала с**с со тебе со мое име си и кажал. Те болело тоа што сум била сама ќе те боли. За крај пријателски совет до тебе пази некоја болест да не фатиш од одење секоја вечер со различна за жал светоте мал се се дознава. Без да прашам ми кажуваат уште по навика ама само повеќе те жалам. СОжалувањето ќе престане денот кога ќе престанеш да ме бараш во секоја и да си секој ден со различна.
Немој! Не одиииии Или, оди ама земи ме и мене ^.^ Ох на ова ладно сама ке ме остајш ааааааа *Осеќам дека темава ке биде силувана од мене xD
Ми кажа да не избрзувам во врска со нас и нашата иднина. Се е тоа океј,но што направи ти за да ми докажеш дека грешам?!
Не знам што ми направи, ми го заврти паметот, ми го земаш здивот без да кажеш ниту еден збор. Со тебе чувствувам нешто за кое не сум знаела досега, нешто што се нарекува љубов. Можеби немам храброст да ти го кажам в лице, можеби е сеуште рано...те сакам мајмунче
Не ти требаше ваков потег у 90та минута. Како да најде начин да уништиш се. Се тешам демек си се шалел за да се закачкаш ама не, премногу ти дојде моето внимание, па сеа вака. Како тоа топло-ладно ќе си играме, ќе ми викаш утре ме чека убав ден, секако ќе сфатам дека е ради мене дека треба да се видиме, ќе ти пишам и јас така мислам и ме корпаш со не знам за тебе ама на работа имам план за утре и затоа. Па поглупо не сум се осетила одамна. Детска постапка. Каков turn off некако доживеав со ова, не си свесен. Немој утре да не ти се појавам, па да ти стане денот поим како те зафркнала една женска у последен момент шо си мислел дека ќе биде твоја. Убаво рекле на машко не му покажувај дека ти значи одма у облаци си лета.
Велат човек прво освојува со изгледот. Ама јас те засакав најмногу поради карактерот. Уште на почетокот сфатив дека си ист како мене и дека ти значам иако тогаш малку ме знаеше. Кога те гледам, освен убавите очи, гледам и личност која со цело срце ме сака, што е тука за мене да ме насмее, да ме потсети колку всушност вредам...Со што ли те заслужив м? Се губам во секоја твоја прегратка, уживам во секој момент поминат со тебе... И најмногу си те сакам
Ме разочара многу. Се ставаш в центар на внимание. Ако. Ќе ме видиш ти мене ладна и тоа че се напраам таква каква што ме посакуваш. Мисли му ја тогаш.
Те сакам бре будалче. А и кој не би? Некогаш не можам да поверувам на очи и уши што се правиш за мене. За нас. Ти си прекрасност со најголемо срце на светов.
Четиригодишната слепа заљубеност, животот без внимание, без љубов, без знаци на повратни емоции, без ниту еден миг среќа, безз разговор, без нежност минати со тебе, да не речам за тебе сега, ете сега можам да ги дефинирам како бескомпромисно девалвирање на себе.... далеку од љубов н двајца, блиску до омраза на себе си!
Еднаш сретнав едни зелени очи кои ме гледаа долго и длабоко. Ми продреа во душата, ме соголија, така од чиста мира. Еднаш сретнав едни зелени очи кои нудеа поглед од кој се плашев. Страшен поглед од кој здивот ми застануваше. Еднаш сретнав едни зелени очи кои ми оставија сини кругови на кожата и црвени рани на душата. Тие поминаа кога сретнав други зелени очи. Топли, мили, од чиј поглед не се плашам. Други зелени очи се тоа кои не ме соголуваат ами ме љубат. Кои ми ја греат душата и ми го лечат срцето. Но, засекогаш ќе памтиме кого сме сакале. И милиони да сретнеме, и милиони да сакаме, едни се тие кои не раниле. Одамна ништо не сум ти кажала, 3 месеци и 3 дена. Знаеш колку сум посреќна сега и не знам зошто мислам на тебе. Но ете таков си ти, прв од твојата категорија и ќе останеш единствен.
Песната не опишува токму нас двајцата во рефренот. Би сакала да ја слушнеш песнава каде и да си сега,со кого и да си... А можеби си и дома и не спиеш...знам... за миг да се сетиш.... Само незнам зошто ти требаше сето тоа..зошто??... За да ни се уништи спокојот, ете ќе ти кажам се ти е заради тоа! Којзнае можеби сега си и повеќе од тоа,сигурна сум ,не се откажа Живееш во заблуда така што не знаеш ни кој си повеќе... Не ми преостанува ништо повеќе да ти кажам освен тоа дека сакам повторно да те сонам и уживам додека го сонувам мигот кога бевме малечки но лудо вљубени...
Никогаш не мислев дека на бившиот ќе раскажувам за тебе. Која иронија, изгледа премногу ми имаш значено штом на сите зборувам за тебе. Или ќенкање е? Не знам. Знам дека мора да заврши овој очај по тебе.
Да завршиме,ајде да завршиме зошто вака ми е уште потешко....не ме сакаш доволно за да ме задржиш и усреќиш,ама ме сакаш онолку колку да не можам да се отргнам од тебе....пробав,толку пати реков да прекинеме ама ти никако не се одкажа....повторно ме враќаш повторно ветуваш а не исполнуваш....остави ме ајде овој пат ти остави ме....толку ми должиш