Ги одбројувам деновите додека појдеш пак во странство.. И уште од сега ми фалиш ... Не го сакам тоа чувство на самотија ..без тебе.. Ама немам избор. Како досега , така и овој пат. Ти само да отидеш и да ми се вратиш жив и здрав.
Далеку од очите,но не и од срцето.... Нашава љубовна приказна,полека но сигурно се претвора во кошмар. Уште малку ќе се направат три месеци откако замина. И ти кажав дека ми здосади да те чекам,ти ми кажа да не избрзувам. Не знаеш ти дека би те чекала и една година ако треба,но,се плашам...100 пати се скршивме и се лепевме,и после секое смирување се беше магично меѓу нас,но после пак се комплицираше се. Ете од тоа ми е страв,страв ми е од љубов и среќа на рати. Сакам нешто трајно,нешто сигурно. Време е веќе...
Толку е со нас, фала што ме изневери, фала што не ме сакаше.Се надевам дека барем со неа ти е убаво и дека си среќен.Чао!
Te сакав повеќе од се на светот. Te сакав повеќе од себе. Верувај, никогаш не помислив иднина со друг. Секогаш верував дека ти ќе си тој што ќе ја градам мојата иднина, со кој што ќе имам деца кои што ќе имаа насмевка како тебе. Но, ти го уништи тој сон. Го уништи и не кажа зошто. Те сонувам секоја ноќ. секое утро се разбудувам помислуваќи на твојот убав лик, очите полни со живот и блескавата насмевка. Утре кога ќе се разбудам на кого ќе помислувам? На тој што ме остави и замина да живее среќа без мене. Не, не можам. Ти дадов многу шанси, а ти сите ги прокоцка. Барем на една од нив да застанеше и малку да размислеше. Но, ти никогаш тоа не го направи. Секој пат кога ќе ти давев шанса во мене се будеше надеж дека конечно ќе ме разбереш, но никогаш не ме разбра. Никогаш не ме разбра колку само љубов носев и чував за тебе. Те прифатив со сите твои маани. Те прифатив онаков каков што си, затоа што не само што ме оживееа туку ми покажа колку животот може да биде прекрасен, како е да си среќен и да се радуваш. Со секоја нова шанса што и ти ја давав, ти ме повредуваше. И замисли, наместо да ти се лутам тебе, јас му се лутев и го проколнував животот. Душава ми се раскинува, натопена во солзи, оставена сама на себе си. Никогаш нема да те заборавам, не затоа што премногу те сакам...туку затоа што најмногу од сите во животов ме повреди. Оној за кој што давав се, а ти за мене ни еден поглед. Ќе го молам Господ за никогаш повеќе во животов да не те сретнам . Не те мразам, само не сакам да ме боли душава. Следен пат кога ќе се заљубуваш не гледај во нејзината убавина или во нејзините очи, погледни во душата...таа никогаш нема да те излаже. Проклето боли тоа што те потсетував на неа, тоа што пеколно многу ја сакаше а за возврат доби она што јас го добив од тебе. Ќе те преболам некогаш, но тогаш кога ќе бидеш повреден немој никогаш повеќе да се вратиш, затоа што никогаш нема да бидам онаа истата која што ти веруваше и почитуваше. Ти посакувам многу среќа со новата, иако не ја заслужуваш. Не се гради среќа врз туѓата несреќа, но животов продолжува напред. Времето стои, а ние се движиме. Еден ден ќе испливам напред и ќе зачекорам гордо со насмевка пред тебе, затоа што секогаш ти бев верна и никогаш не те повредив. Сакав само да си среќен. Го разбирав твоето скршено срце, кое што полека се трудев да го залекувам. Збогум, најсакан.
Пред да се заљубам вистински за прв пат, се заљубив повторно потоа. Додека првиот пат само сакав од љубов, сега душата ме боли од љубов. Не, ова не е обична љубов од која добиваш пеперутки во стомакот или пак да се збуниш пред него кога зборуваш. Ова не е љубов од која ќе ти блескаат очите или пак ќе се смееш на неговите шеги. Ова е една голема љубовна лекција која сеуште не сум ја научила, која со сите сили се трудам да ја научам, сакам да ја научам. Оваа љубов како да направи еден прекрасен летен цвет да се подготви за уништување кога есента доаѓа. Ова не е обична љубов, не е она кога рацете ти се тресат пред него затоа што го сакаш. Да, се тресат рацете и сега, но на начинот на кој ти се тресе душата. Силна љубов. Ова е љубов од која нозете ти се пресекуваат пред него, тој не ти е блескавоста во очите туку јаболкото во очите. Љубов на која срцето му заповедало на умот, а умот на мислите да мислат само на него. Кога се нервираш на мистериозен начин поради него сама, а си мислиш дека тој те нервира, кога обожаваш да те смее и се закочуваш, времето се закочува, во тие моменти забораваш на се околу тебе исто како да го гледаш омилениот филм. Дури и кога вика и кога е нервозен уште повеќе го обожаваш и се смееш на неговите реакции, а тој те гледа вчудувачки. Сакаш да е нон-стоп пред твоите очи иако е понекогаш подалеку од тебе, а кога не е, исто како да дошол крајот на светот, а не си подготвен за тоа. Љубов во која има нешто посебно иако не знаеш што е тоа. Овој текст е пишан коа најмногу си ме болел ти, кога се чувствував повредена на некој начин, сакам да знаеш колку си посебен замене, ниеден пишан текст не е доволен за тебе, знам. Сакам да знаеш само дека те сакам колку и да боли љубовта твоја и би излегла со тебе, но нешто ме тера да не ти верувам покрај цел твој труд за мене. Но, ќе се обидам ти ветувам за тебе и за мене.
Те сонував и во сонот ме гушна толку силно, неќев да се тргнам од тебе. Се разбудив и си викам леле зошто се разбудив. Камо да беше тука. Туѓина та пуста да остане.
Копнеам по тебе, тагувам, солзи пуштам моја... златна плескавица од „Седмица“. Сега ќе се сретнеме наскоро.
Си се запрашал зашто мислам дека те замарам наместо да ми речеш ако мислиш дека ме замараш немој да си ми зборела? Можеби бидејќи не ми посветуваш доволно внимание, сфаќам ја зафатеност ама до толку да немаш време на 1ч да вратиш еднаш на порака барем Да, можеби на почеток не ми сметаше твоето невраќање и уклучување онлајн еднаш у 10ч, но сега веќе те сметам поблизок, се навикнав на тебе и мислам дека треба да добијам повеќе внимание.
Денешната моја насмевка е поради тебе, твојата прегратка ми го исполни срцето со уште поголема љубов кон тебе, преполно со љубов, мислам дека во секој момент ќе пукне. Твоето внимание, твојата добрина ми даваат сила да се борам за тебе. Уживам во секој момент кога те гушкам, кога разговарам со тебе, кога разменуваме погледи, кога те гледам, кога сум во твоја близина. Моментот кога треба да се разделиме ми го сече срцето, ми крвари, секој миг без тебе за мене е исполнет со болка. Болка која искрено и од срце се надевам дека некогаш ти ќе ми ја излечиш засекогаш. Ах, кога би бил мој дали таа радост би ја издржило срцево. Премногу те сакам!!
Баш ме интересира зошто си играш мали игри со моите чувства и ми зборуваш само кога сакаш ти. Мислам дека е премногу сурово и лошо од твоја страна. Кажи ми или ќе зборуваш со мене или не, сакам да знам на што сум. Зашто потоа секогаш се лутиш кога ќе зборувам и ќе се смеам со други и ме прашуваш зошто те одбегнувам..Размисли си добро
Да имам зборови да знам да можам да ги употребам какошто треба би ти кажала многу работи, но сакам оваа мачнина да ми помине неможам веќе вака, озбилно не можам. Глумам дека не ми е ништо но само да знаеш што сѐ ми е.