Се прашувам уште колку долго ќе треба да ги држам длабоко во себе моите чувства кон тебе, до кога моите чувства ќе ми го распаруваат срцето сакајќи да излезат на површина. Пред само два дена те видов, а како цела вечност да не сум те видела. Во секоја наредна минута сѐ повеќе ми недостасуваш. Велат времето лечи сѐ, но грешат. Како поминува времето болката и копнежот во мене се зголемуваат исто како што се зголемува и љубовта кон тебе. Дојди и биди засекогаш покрај мене, биди ми поддршка и утеха, нека твојата љубов биде мелем за раните на моето срце, а твоето „те сакам“ нека биде песна која ќе ми ја исполнува душата со радост и срцето со љубов, песна која ќе ми ја избрише секоја тага и ќе ми ја зголеми мојата самодоверба. Твојата прегратка нека ми биде вечно прибежиште од сите од кои сакам да избегам, прибежиште во кое ќе можам и да се исплачам и да кажам што ми лежи на срце, прибежиште во кое ќе се чувствувам сигурна и сакана. Подај ми рака, фати ја цврсто мојата и поведи ме на животно патување со среќен крај.
толку многу работи, но сепак се осеќам како прв пат повторно да се заљубувам и да се губам во чуствата кој не знам да ги кажам.
Ти помал од прашинка понебитен од неа.... Ти само погрешно надуван балон кој мил мојј ќе тиши...ќе тиши..... Ох како ќе тиши... за уживање на моите очи, за смирување на мојата душа....
Играм со отворени карти. Не знам што ќе ми донесе оваа искреност ама научив со текот на времето дека ако си ги кријам емоциите, мислите нема ништо добро да добијам. Вака барем ќе се искажам, па што биде нека биде. Со никој не сум била толку искрена и своја...
Понекогаш се прашувам дали знаеш колкава е љубовта што ја чувствувам спрема тебе? И дали ти чувствуваш барем половина од тоа спрема мене?
Зошто секогаш грижата ја интерпретираш на таков начин? Наместо да си ми поддршка, уште повеќе ме фрлаш
Мил мој дали и ти вака мислиш на мене доцна во ноќта? Знам дека пропадна и онаа најмала шанса да бидеме пак заедно кога ме виде со него.Ама ти треба да сфатиш дека и други мажи ми се пуштаат... Не сум со него!Не можам да започнам ништо со него, кога тебе те сакам.Свесна сум дека си ми лут, тогаш кога се видовме последен пат не сакаше ни во очи да ме погледнеш. Не знам зошто осеќам вина кога ти којзнае со која си и што правеш.
Некој ќе каже луда сум,а некој дека сум заљубена сама во себе но не јас не се гледам себеси во таа фотографија што ја гушкам,туку баш ТЕБЕ...Ја чувам како очите иако не се бендисувам како сум испадната како и секогаш не си се бендисувам сама себеси, но знам дека за тебе беше многу посебна а со тоа ја направи и мене да ми значи толку колку и тебе така што ја гушкам како луда. Таа моја и мала сликичка која беше кај тебе сега е кај мене,таа од која ти си извади големи копии за во рамка..Којзнае можеби повеќе несакаш да ме погледнеш и ги имаш фрлено, но јас ја чувам малечката не од што сакам да се гледам себеси,тебе те гледам во нејзе,твоите отпечатоци на неа,знам дека си заспивал со неа. Мириса на тебе,ме опива тоа.. Застарела , се познава дека ее истрзана ваѓајќи ја од ќесето и враќајки ја назад се поткинала малку на ќошот така што ми остави длабок спомен од тебе. А сега јас заспивам со неа. Посебно е чувството, те осеќам ,а толку ми недостасуваш проклето Сакам да знаеш дека имаш посебно место во моето срце и таму ќе останеш засекогаш!
Маче, ти не си ми дечко ама си пољубоморен од еден психо пред тебе кој ми беше. Јес да не ме третираш ко него ама си љубоморен и си признаваш. Ти ме вклучуваш во некои идни планови кои ги имаш. Не ти сум девојка ама иднина планираш со мене. Ние заедно патуваме, јадеме, пиеме, спиеме, готвиме, се караме и мириме, решаваме животни проблеми, а не сме пар. И сите знаат за нас ама пар не сме. А не сме зашто ти 6 месеци се спремаш да одиш странство ама се некако не одиш. Или судбината не спојува да останеме заедно или ти не сакаш да ме оставиш па измислуваш изговори. И углавном, сме другари кои неизмерно се сакаат. И ако ме прашаш одговорот би бил Да, ама ти си знаеш...
Кога тебе не ти е добро, не ми е ниту на мене. Кога нешто те боли, мене срце ме боли. Посакувам да сум до тебе, да те гушнам, ти да ми ја галиш косата, и веднаш ќе ми оздравиш знаеш... Сега само одморај, ама да знаеш дека секој момент те мислам