А јас стварно сакав да ни биде убаво...Можеби сама си правев филмови, ти додавав особини што ти ги немаш.Којзнае...а сега повеќе нема ни да знаеме. Секако на тебе другарите и фалењето ти беа побитни...и тоа е...живот иде даље. Досега требаше да се научам како без тебе.
Мило ми е што си личност што профаќа критика и што можам сè да ти кажам отворено без да се плашам дека погрешно ќе ме сфатиш. Освен тие преубави очи, нешто што највеќе сакам кај тебе е твојот мил карактер. Понекогаш чувствувам како да те познавам веќе со години, толку се навикнав на тебе. И знаеш кој момент го обожавам? Кога ме гушкаш на испраќање, јас сакам да се тргнам за да си одам, ама ме задржуваш, уште посилно ме припиваш до тебе. Е тогаш сакам само времето да запре.
Знам дека тоа едно нешто не оди најдобро во последно, но стварно ме боли кога те гледам како се разочаруваш поради тоа. Се' ќе поднесам, секаква мака и болка, но никако не можам да поднесам кога ти ја снемува насмевката. Среќата твоја ми е најбитна на светов, љубов моја. Знам дека и јас се разочарувам, но да те гледам тебе така разочаран боли повеќе. Нашата љубов е сепак посилна од се', и нема нешто на светов што може да не' скрши, да не' раздели. Не постои такво нешто што ќе ме натера да те сакам помалку или да не те сакам, бидејќи ти си ми се'. Биди ми среќен и насмеан секогаш. Те сакам бесконечно.
Така што се однесуваш спрема мене Само нешто да префрлаш ете ти Го сонував бившиот. Мислам дека тоа е резултат. Бев со тебе но нелакп се најдов во друго место на вечер со него тој беше на деловна вечера но скришум излегуваше да седи со мене. Сакаше пак да сме заеедно. Дали? Таа прва љубовв и тое години и такво завршување лесно не се заборава. Сакам да зборува со мене. Ама .....
Зошто не можам да те преболам, минатата година на овој датум едвај чекаше да се вратам да се видиме. Останаа само спомени, ми фалиш... Се сеќавам на сите моменти кога ме гледаше во очи си ме лажел, а јас ти верував. Ја злоупотреби мојата наивност , довербата во тебе... Направи да се заљубам во тебе како во никој досега, а ме лажеше, ме понижи... Мразам што покрај се ми недостигаш.... Што дека ми се пушташе тој што ми се допаѓа и многу други подобри од тебе, кога те сакам само тебе. Дали вреди? – Не! Воопшто не, да сакаш некој кој те повредил, со кој никогаш повеќе нема да бидеш , среќен без тебе со друга, но ете нареди му на срцето да не сака. Го знае ли некој лекот на болката создадена од љубов? Ова не се издржува...
"Океан преминав за тебе"...какво ли се однесување не толерирав,свесно премолчував се вложував а сега...сега се давам во бара,обична плитка бара.Каква нагла промена настана,што е ова што ни се случува.....си ги сакам чувствата кон тебе назад,како се губат рие чувствувам како и дел од мене да пропаѓа
Take my hand and my Heart and soul, I will Only have these eyes for you And you know, everything changes but We'll be strangers if, we see this through You could stay within these walls or leave But just stay with me
Кога мислев дека треба да му забранам на срцево да те сака, уште еднаш ми докажа дека си незаменлив и дека тешко ќе можам да те извадам од срцето
Оди си.. Прегрнувај која сакаш, подарувај и ги сите насмевки на друга, шепнувај и „Те сакам“ на друга.. Но немој, немој никогаш да се вртиш и погледнуваш зад себе. Затоа што ме нема веќе и никогаш повеќе нема да ме има. Заборави на се и замини си.