Понекогаш се прашувам, дали и самиот си свесен што е вистина, а што не е во врска со твојот живот. Не знам од која причина се запознавме и ни се вкрстија патиштата, ама во едно сум сигурна- оставив трага, и остави и ти кај мене. Лошо е да размислуваме еден за друг. Пак би повторила сѐ одново, иако знам дека не треба, и потајно посакувам едно сценарио за кое знам дека нема да се оствари. Кисело се насмевнувам и продолжувам со секојдневието.
Знам дека си малку лут бидејќи вчера не излегов, не сакав да се повредуваме, не знам до каде сме со врската.Доста чудни понуди добив од тебе, навистина е чудно што ми направи небо на покривот на тоа авто.Најчудно е што за кратко време се засакавме.Камо да знаев порано дека ти си тој.
Се пуштивме, љубов. Колку и проклето да нѐ боли. Попладнево гледав стари фотографии и единствено нешто што ми се вртеше низ глава беше: „Кога ја заебавме работата? Кога се заебавме самите и престанавме да се трудиме еден за друг? Зошто ме оттурна од себе, а јас тукутака го прифатив тоа?“. Сѐ уште те сакам со истиот интензитет како и пред три години. И знам дека (за)секогаш ќе имаш посебно место тука, колку и да ме убедуваат дека времето лечи сѐ. Ти благодарам што успеа да допреш до мене како никој, никогаш. Ти благодарам што ми дозволи да ти ги залечам раните. Извини што си дозволив друг човек да ми ја одзема тагата, барем на кратко. Извини и што никогаш нема да соберам храброст за да ти го признаам ова. Absolute beginners беше наша песна, а сега во позадина врти thousand kisses deep. И не сакам да пуштам солза, бидејќи знам дека никогаш нема да запрам. Вечерва немав сила да се симнам до продавница за да купам вино. Немам ни сила да ти го кажам ова. Патетика, резигнација и неколку цигари уз пат.
Од една страна ми се допаѓаш премногу, а од друга страна мразам ликови како тебе. Не знам како веќе да ти пристапам и што да направам, а да не ме разбереш погрешно. Само знам дека сакам да сум ти блиску и да те запознаам подобро. Сигурна сум дека зад тој ладен тип се крие една романтична душа. А ме збунуваш премногу, како никој до сега.
Поблиски сме кога сме далеку. А колку по блиску сме толку сме подалечни. Далечни од реалноста, од вистината. Се лажеме, глумиме, се игнорираме, се додека не не заболи. А болката не враќа во живот, не буди.. И се така во круг, потиснуваме се она што го чувствуваме, затоа што чекаме вистински момент. Се тешиме дека не сме сами, дека има некој до нас, а тоа истовремено не гуши. Од време на време си признаваме со огромна тежина она што непромослено излегува од нас, најчесто во доцните часови. Не можеме да прекинеме. А тоа е посилно од нас. До кога вака?
Ниту чувства имам ниту сакам да те видам...ме сети па се правиш незаинтересиран....ако само кога ќе сватиш дека работите се сменија знам дека ќе се каеш...многу ќе се каеш
Ме победи - ти признавам. Уживај во победата и слободата. А јас ќе се борам против друго наметнато од тебе. И кога ќе победам ќе те оковам во лисици од кој нема излез. А до тогаш наслади се со победата.
Тоа што тебе те прави тажен, мене ме растажува уште повеќе. Не мораш ни да изустиш, веќе знам точно што е. Оддамна зборови не ни се потребни. Се разбираме на еден наш начин кој на другите не им е јасен. Гушни ме силно, ќе помине! Не мора да објаснуваш на другите. Доволни сме си јас и ти. Знаеш дека заедно можеме се да пребродиме. И цел свет да се сврти против тебе, ја сум со тебе до последен здив. И да, не 8, нека пројдат и 88год. јас со цело срце и душа сум твоја.