работите се менуваат,нешто не е како порано има некој проблем?Биди искрен. Ама немам храброст бе девојки се правам ко се да е нормално и тој исто ама сеќавам дека нешто има со сила тука или па јас можеби барам многу внимание...
Темава ја немав отворено и искрено кога ќе ја видев ја избегавав и да уште ќе ја избегавам. Оти пак се што сакам да ти кажам, ќе го пишам овде а не можам да ти го кажам в лице и цело тело и душа ми се ежи и се тресам цела за та работа али трпам дури некој ден не пукнам. Искрено незнам што да ти кажам и тука е то лошото, оти на чоек ко ќе му стани сеедно за некоја работа е ладен и незнај како да реагира, Е така ти пријателе мој ја доведе оваа ситуација до тој степен што нема веќе коментар, што и да се кажи ќе биди едно големо е*ано ништо, а откај да знам дали тебе сето то те става во ситуација да го ставиш прстот на глава и да кажиш, Еј чекај ме чекаше даде се од себе и јас вака да и вратам. Но не сеуште те нема а искрено не вервам и поќе да те има. Срамота, голема срамота за сите тие е*ани години кај што дадов душа и тело и припаѓав, пиев апчиња скришно никој да не ме види, и се смеев на цел глас сегде пред сите као се погодено во животот ми е, Али не пријателе, од ко се појави ништо не е поарно, а за жал можеше, али ти не го дозволи и не напрај ништо да попрајш една е*ена ситуација, да се извиниш и ќе ти простев, се ќе ти простев ко некоја глупача, иако не требаше, ме изваде од такт на неколку пати, ме изваде од патики, али ова ти е последно. Е тука пријателе мој Ади веќе нема живци, а од кој бе пријателе? Од тебе, пријателе те нарекувам оти немам веќе збор како да ти се обратам, се она милото што ми беше, веќе не ми е, и душа ме боли и се кини и срце боли и се искрши на 5 милиони дела, али тебе очигледно ти е сеедно. Епа ко тебе ти е сеедно и мене ќе ми е, и криво ми е што ме направи една ладна и без чувства кучка, ќе си пукнам за то. Фала ти ни што не ми честита роденден, то ми е најважниот ден од животот, фала ти за сите пролеани солзи ко некоја глупача, за секој повик што го чекав до сабајле, али ти се забавуваше со курвите и нормално беа поарни од Ади која се обиде да те напрај чоек, али јас бев курвата ороспијата кренатата во носот, е најболно од се ми е што никогаш не дознав дали имаше друга на солзите мои, проклета нека е дури постојам јас, али касно ќе сфатиш дека сите тие ти се гости и не ти носат добро во животот. Не барав од тебе никакви луксузи, јас и ти во едно скромно куќаре, слога љубов и почит, и 2-3 дечиња да трчкаат низ то скромно куќаре. Жал ми е пријателе, сега сето то имај го со курвите, поарни ќе се од Ади секако не ме интересира ни кај си ни со кој си, не сакам да знам ништо ама баш ништо како да не си постоел ќе се прам цело време и ако ме прашат за тебе стандардниот одговор, Не знам! Овде завршува една приказна која за жал можеше многу добро да ни донеси и мене и тебе, али се морало да биди вака, а ќе се сретниме еден ден, се надевам ќе бидам среќна со друг за рака, ќе ти се насмеам слатко од другата страна на улицата, и нека ти е криво оти друг ќе ме чува подобро од тебе и ќе ме сака онака како што заслужувам, а ти ќе се правиш како многу среќен да си и исполнет, а ќе ти горат и очите и душата, многу добро те познавам. Можи и да прочиташ, можи и не, а знам дека ќе прочиташ, т.е сигурна сум. Стави си го прстот на глава и размисли со ладна глава што и како понатаму. Auf Wiedersehen!
Требаше да си дојдиш уште три дена,ама требаше! Не мора да се враќаш,ама се повеќе и повеќе го губам трпението и доброто однесување кон тебе! А љубовта?заеби и љубов и се,ќе ја контролирам пак неа,да не речам ќе ја закопам длабоко,толку длабоко што нема да и текне дооолго да излезе на површина,исто како што беше досега
Одвратен Контра ми одиш. Ми се гди од тебе. Не ти личи на ветувањата на годините. Марш у мајкината ти
Порано кога ке те видев,или го слушнев твоето име,осеќав чудно чуство убаво признавам.А денес,денес те гледам со жал и тага,криво ми е за тебе,криво ми е што засекогаш ме изгуби,но јас ти посакувам само убави работи да ти се случуваат во животот.
Знаеш, мислев дека те преболив. Дека ги заборавив тие зелени очи. И така е. До некаде. Една порака враќа се назад. Немам храброст за следна игра. Но, посакувам уште еднаш да повториме се. Нема да е фер према никого, но посилно е од мене. Би те побарала да знам дека нема да ме предадеш. Те оцрнив пред светот мислејќи дека полесно ќе ми е, а се што сакам е пак така да ми удоволуваш, пак да ме гледаш ко принцеза. Премногу добро беше нашето за да трае. Но, што би ти фалело да ми кажеш дека и ти го посакуваш ова?
Иако две дена бевме заедно сега повеќе ми недостигаш. Пресреќна сум што те имам. Со тебе почувствував како е да бидеш сакана и почитувана. Не ми требаат пари, ниту голема куќа, ниту луксуз, ниту кола доволно ми е тебе да те имам. Доволно ми е само да сум во твојата прегратка и секогаш да имаме разбирање како и до сега. Премногу ми значиш, премногу се приврзав за тебе, премногу те засакав...Се би направила секогаш вака да биде како и до сега.
Зошто бе пак ми се јави, зошто да дојдам што е тоа што имаш да ми кажеш? - Кога требаше да кажеш каде беше? Доцна е сега предоцна....
Никогаш немаше да го направам овој прв голем чекор да не беше твојата поддршка, љубов и внимание. Ок, и психијатарот има заслуга . Ама ти си ми столбот.
Секој ден си велам еве денес нема да размислувам или разговарам за тебе, ама јас повторно анализирам, копам по профили, барам нешто што мислам дека ќе ја среди ситуацијата или ќе направи да ми се врати надежта за нас. Ама не се враќа, лошо е кога имаш лажна надеж кога и таа се губи од ден на ден. Лошо е кога со сите се караш заради личност која не се замара со тебе. Лошо е и кога ќе ја нападнеш мајката со зборови, исполнета со бес заради тоа што се случи со тебе. Во што се претворив бе јас поради тебе? Монструм? Оди отепај се, преку глава ми е, доста ми е од кукање секој ден. Заслужувам подобро од тебе.
Ти се налутив, се налути и ти, но не си легна без да ми посакаш добра ноќ. Никогаш долго нека не трае лутината помеѓу нас. Вчера намерно дојде за да се смириме. Лутината веќе одамна беше помината. И кај мене и кај тебе. Само копнежот по тебе никако не поминува. . . Денес ми фалиш.
Подобро и неможеше да испадне,мислев дека доволно те познавам,но сепак само погрешно сум мислел,јас тебе нит сум те познавал,а не ни сакам повеќе да те запознавам.